Плач Еремиин
א [алеф]*
2 О, како Јехова во својот гнев со облаци ја покрива сионската ќерка!+
Од небото ја фрли наземи+ убавината на Израел.+
И во денот на гневот свој не се сети на подножјето на своите нозе.+
ב [бет]
2 Јехова ги проголта живеалиштата на Јаков, не се смилува на ниту едно од нив.+
Во својата јарост ги разурна тврдините+ на ќерката на Јуда.
Ги фрли наземи,+ го оскверни царството+ и неговите кнезови.+
ג [гимел]
3 Во жестокоста на својот гнев го скрши секој рог на Израел.+
Својата десница ја повлече кога непријателот нападна.+
Во Јаков тој гори како распламтен оган што проголтува сѐ наоколу.+
ד [далет]
4 Го оптегна својот лак како непријател.+ Десницата+ ја испружи како противник+
и уби сѐ што им е мило на очите.+
Во шаторот+ на сионската ќерка го излеа својот бес како оган.+
ה [хеј]
5 Јехова стана како непријател.+ Го проголта Израел.+
Ги проголта сите негови утврдени дворци,+ ги уништи своите тврдини.+
Во ќерката на Јуда ги умножи тагата и плачот.+
ו [вав]
6 Ја растури својата сеница+ како да е обична сеница во градина.+ Му става крај на празникот свој.
Јехова на Сион ги фрла во заборав празникот+ и денот за одмор.*
Во својата гневна осуда не се обѕира ни на цар ни на свештеник.+
ז [заин]
7 Јехова го отфрли својот жртвеник,+ со презир го отфрли своето светилиште.+
Ги предаде во рацете на непријателите ѕидовите на неговите утврдени дворци.+
Во домот Јеховин пуштија глас како на празничен ден.+
ח [хет]
8 Јехова реши да го уништи ѕидот+ на сионската ќерка.
Го растегна мерното јаже.+ Неговата рака уништуваше, и тој не ја запре.+
Во тага ги зави бедемот и ѕидот.+ Заедно паднаа.
ט [тет]
9 Портите+ нејзини в земја пропаднаа. Резињата нејзини ги уништи и ги испокрши.
Царот нејзин и кнезовите нејзини сега се меѓу народите.+ Нема закон.+
Пророците нејзини повеќе не добиваат виденија од Јехова.+
י [јуд]
10 Старешините на сионската ќерка седат наземи и молчат.+
Со прав си ја посипаа главата,+ со козина се препашаа.+
Ерусалимските девојки наведнаа глава доземи.+
כ [каф]
11 Очите ми секнаа од плачење,+ утробата ми се возбуди.+
Црниот дроб ми се истури на земја+ поради пропаста на ќерката на народот мој,+
зашто децата и доенчињата се онесвестуваат по градските плоштади.+
ל [ламед]
12 На своите мајки им велат: „Каде е житото и виното?“+ —
додека смртно ранети се онесвестуваат по градските плоштади,
додека полека умираат* на градите на своите мајки.
מ [мем]
13 Што да ти наведам како пример? Со што да те споредам, ќерко ерусалимска?+
Со што да те изедначам за да те утешам, девице, ќерко сионска?+
Зашто, твојата пропаст+ е голема како море. Кој ќе те излекува?+
נ [нун]
14 Твоите пророци ти кажуваа виденија безвредни и празни,+
не го откриваа твојот престап — не спречија да отидеш во ропство+ —
туку ти кажуваа виденија со безвредни и измамливи објави.+
ס [самек]
15 Подбивно ти плескаат со рацете сите што поминуваат по патот.+
Зачудено свиркаат+ и вртат со главата+ поради ќерката ерусалимска, велејќи:
„Тоа ли е градот за кој велеа: ‚Тој е совршенство на убавината, радост за целата земја‘?“+
פ [пе]
16 Сите твои непријатели отвораат уста против тебе.+
Зачудено свиркаат и крцкаат со забите.+ Велат: „Ќе го проголтаме.+
Еве го денот на кој се надевавме!+ Го дочекавме, го видовме!“+
ע [аин]
17 Јехова го направи она што го науми.+ Ја исполни својата реч,+
она што го заповедал уште од дамнина.+ Разурна, и немаше милост.+
На непријателот му дозволи да ликува над тебе.+ Го возвиши рогот на твоите противници.+
צ [цадик]
18 Срцето нивно вика кон Јехова,+ о ѕиду на ќерката сионска!+
Нека течат солзите како поток дење и ноќе!+
Не давај им одмор на твоите чувства, окото твое нека не престане да плаче!
ק [куф]
19 Стани! Тажи ноќе, на почетокот на утринските стражи!+
Излевај го како вода срцето свое+ пред лицето+ на Јехова!
Подигни ги рацете кон него+ заради душата на децата свои,
кои од глад се онесвестуваат по аглите на сите улици!+
ר [реш]
20 Погледни, о Јехова, и види+ го оној кого олку тешко го удри!
Зарем жените треба да го јадат плодот на својата утроба, децата што ги родиле здрави,+
и во Јеховиното светилиште да бидат убиени свештеник и пророк?+
ש [шин]
ת [тав]