Езекиел
9 И со свои уши чув кога извика на сет глас: „Нека пристапат оние што треба да го казнат градот, секој со своето убиствено оружје во раката!“
2 И гледај, дојдоа шестмина мажи откај горната порта+ што е свртена кон север, секој со своето погубно оружје во раката. Меѓу нив беше и еден човек облечен во лен,+ со писарски прибор* на колкот. Влегоа и застанаа до бакарниот жртвеник.+
3 А славата на Богот на Израел+ се подигна од херувимите,*+ над кои беше, и премина на прагот на домот,+ а тој го повика човекот облечен во лен,+ кој имаше писарски прибор на колкот. 4 И Јехова му рече: „Помини низ градот, низ Ерусалим, и обележи ги со знак челата на луѓето што тажат и плачат+ поради сите гадости што се прават сред него!“+
5 А чув со свои уши кога на оние другите им рече: „Поминете по него низ градот и убивајте! Нека не ви се сожали окото и немојте да се смилувате!+ 6 Погубете ги старците, момчињата и девојките, децата и жените,+ да се истребат! Но, ако некој има знак, не приоѓајте му!+ Почнете од моето светилиште!“+ И тие почнаа од старците што беа пред домот.+ 7 И им рече: „Осквернете го домот и наполнете ги дворовите со убиени!+ Одете!“ И отидоа и почнаа да убиваат низ градот.
8 Додека тие убиваа, јас останав, паднав ничкум+ и извикав: „Леле,+ Севишен Господару Јехова! Зарем ќе го сотреш сиот остаток на Израел, излевајќи го својот гнев врз Ерусалим?“+
9 А тој ми рече: „Голем е престапот на домот на Израел и на Јуда,+ многу голем.+ Земјата е полна со крвопролевање,+ а градот е полн со расипаност.+ Зашто, велат: ‚Јехова ја остави оваа земја.+ Јехова не гледа‘.+ 10 Затоа и моето око нема да се сожали+ и нема да се смилувам.+ Нивните дела ќе им ги фрлам на нивна глава“.+
11 И гледај, човекот облечен во лен, кој имаше писарски прибор на колкот, јави вест: „Направив така како што ми заповеда“.+