1. Самоилова
25 По некое време умре Самоил.+ И целиот Израел се собра и го оплака,+ и го погребаа до неговиот дом во Рама.+ Тогаш Давид стана и отиде во пустината Фаран.+
2 А во Маон+ живееше еден човек, кој имаше стока во Кармил.*+ Беше многу богат, имаше три илјади овци и илјада кози. Токму тогаш ги стрижеше+ овците во Кармил. 3 Човекот се викаше Навал,+ а жена му се викаше Авигеја.+ Жената беше многу разборита+ и убава, но мажот беше груб и зол.+ Беше од родот на Халев.+ 4 Давид чу во пустината дека Навал ги стриже овците.+ 5 Затоа Давид испрати десет свои луѓе на кои им рече: „Појдете кај Навал во Кармил, па прашајте го во мое име како е.+ 6 И вака кажете му на мојот брат: ‚Имај мир,+ и мир нека има твојот дом и сѐ што имаш! 7 Еве, чув дека ги стрижеш овците. Еднаш твоите пастири беа кај нас+ и ние не ги вознемирувавме+ и ништо не им снема за сето време додека беа во Кармил. 8 Прашај ги своите луѓе и тие ќе ти кажат. Моите луѓе нека најдат милост во твои очи зашто сме дошле во добар ден. Те молам, дај им го на своите слуги и на својот син Давид она што ќе ти се најде при рака‘ “.+
9 И така луѓето на Давид дојдоа и му ги кажаа на Навал сите тие зборови во името на Давид, а потоа почекаа. 10 Но Навал вака им одговори на слугите на Давид: „Кој е тој Давид,+ кој е тој син на Јесеј? Денес има многу слуги што бегаат од своите господари.+ 11 Зар да ги земам својот леб,+ својата вода и стоката, која ја заклав за оние што ми ги стрижат овците, и тоа да им го дадам на луѓе за кои не знам ни од каде се?“+
12 Тогаш Давидовите луѓе се свртија и се вратија по својот пат. Кога стигнаа, му ги јавија на Давид сите тие зборови. 13 А Давид им рече на своите луѓе: „Опашете го секој својот меч!“+ И го опашаа секој својот меч, а и Давид го опаша својот меч. И тргнаа по Давид, околу четиристотини луѓе, додека двесте останаа кај товарот.+
14 Во меѓувреме еден слуга ѝ јави на Авигеја, жената на Навал: „Еве, Давид испрати од пустината гласници за да му посакаат добро на нашиот господар, но тој им се развика.+ 15 А луѓето беа многу добри кон нас, не нѐ вознемируваа и ништо не ни снема за сето време додека бевме со нив во полето.+ 16 Беа околу нас како ѕид+ дење и ноќе за сето време додека бевме со нив и ги пасевме стадата. 17 Сега размисли и види што ќе направиш, зашто им се готви зло+ на нашиот господар и на целиот негов дом, а тој е толку расипан човек+ што не може ни да се разговара со него“.
18 Тогаш Авигеја+ брзо зеде двесте леба, два големи ќупа со вино,+ пет приготвени овци,+ пет сеи* пржени зрна,+ сто пити суво грозје+ и двесте пити смокви,+ па сето тоа го натовари на магариња. 19 И им рече на своите луѓе: „Појдете пред мене!+ Еве, јас ќе одам по вас!“ Но не му кажа ништо на својот маж Навал.
20 И додека таа, јавајќи на магаре,+ слегуваше зад планинскиот свијок, гледај, во пресрет ѝ дојде Давид со своите луѓе, и таа се сретна со нив. 21 А Давид беше рекол: „Значи, залудно го чував во пустината сето она што му припаѓа на тој човек. Не му снема ништо од сето она што го поседува,+ а тој сега ми враќа зло за добро.+ 22 Бог нека им направи така на непријателите на Давид и уште нека им додаде+ ако му оставам некое машко*+ до утре изутрина!“+
23 Кога го здогледа Давид, Авигеја брзо слезе од магарето, падна ничкум пред Давид и му се поклони до земја.+ 24 Му падна пред нозе+ и рече: „Господару, вината нека биде врз мене!+ Те молам, допушти твојата робинка да прозборува пред тебе+ и чуј ги зборовите на својата робинка! 25 Те молам, мојот господар нека не гледа на тој расипан+ човек Навал, зашто какво што му е името таков е и тој! Навал* му е името и безумието е со него.+ А твојата робинка не ги виде луѓето што ги испратил мојот господар. 26 Затоа сега, господару, како што е жив Јехова+ и како што е жива твојата душа,+ Јехова те задржа+ да не бидеш виновен за крв+ и да не си прибавиш одмазда* со сопствена рака.+ На твоите непријатели и на сите што му посакуваат зло на мојот господар нека им биде како на Навал!+ 27 А овој дар што му го донесе твојата слугинка на својот господар како благослов+ нека им го дадат на луѓето што одат по мојот господар.+ 28 Прости ѝ го, те молам, престапот на својата робинка,+ зашто Јехова сигурно ќе му направи траен дом+ на мојот господар, зашто мојот господар ги води војните на Јехова.+ А зло нема да се најде на тебе во целиот твој живот.+ 29 Кога ќе станат да те прогонуваат и да ја бараат твојата душа, душата на мојот господар ќе биде врзана во врзопот на животот+ кај Јехова, твојот Бог,+ а душите на твоите непријатели тој ќе ги исфрли како со праќа.+ 30 И тебе, на мојот господар, Јехова ќе му го направи сето добро што ти го вети и ќе те постави за водач на Израел.+ 31 Господару мој, немој сега поради тој човек да направиш нешто за кое подоцна ќе зажалиш и кое ќе го вознемирува твоето срце! Немој да пролееш крв без причина,+ ниту да си прибавуваш одмазда со сопствена рака!+ И кога Јехова ќе му направи добро на мојот господар, сети се тогаш+ на својата робинка“.
32 Тогаш Давид ѝ рече на Авигеја: „Нека е благословен Јехова, Богот на Израел,+ кој денес те испрати да ме пресретнеш! 33 Благословена да биде твојата разумност+ и благословена да бидеш ти, која ме задржа денес да не бидам виновен за крв+ и да не си прибавувам одмазда со сопствена рака!+ 34 Но, како што е жив Јехова, Богот на Израел, кој ме задржа да не ти направам зло,+ да не ми дојдеше во пресрет толку брзо,+ на Навал до утре немаше да му остане ниту едно машко!“+ 35 Тогаш Давид го прими од нејзината рака она што му го донесе и ѝ рече: „Оди со мир+ во својата куќа. Еве, ќе го послушам твојот глас и ќе ти се смилувам“.+
36 И Авигеја се врати кај Навал, а тој токму имаше гозба во куќата, вистинска царска гозба.+ Срцето му беше весело и беше сосема пијан.+ Затоа таа не му кажа ништо додека не се раздени. 37 А изутрината, кога Навал се отрезни од виното, жена му му кажа што се случи. Тогаш му замре срцето+ и тој стана како камен. 38 Десетина дена подоцна, Јехова го удри+ Навал и тој умре.
39 Кога чу дека Навал умрел, Давид рече: „Нека е благословен Јехова, кој ја водеше мојата парница+ и го симна од мене срамот+ што ми го нанесе Навал со својата рака и кој го задржа својот слуга да не направи зло,+ а злобата на Навал Јехова ја сврте на негова глава“.+ И Давид ѝ испрати порака на Авигеја и ѝ понуди да му биде жена.+ 40 Така слугите на Давид дојдоа кај Авигеја во Кармил и ѝ рекоа: „Давид нѐ испрати кај тебе за да те земе за жена“. 41 А таа стана, се поклони со лицето до земја+ и рече: „Еве ја твојата робинка, која како слугинка ќе им ги мие нозете+ на слугите на својот господар!“+ 42 И Авигеја+ брзо стана и се качи+ на магаре, а пет нејзини слугинки тргнаа со неа. И отиде со гласниците на Давид и му стана жена.
43 Давид ја зеде и Ахиноама+ од Језраел,+ и така двете му станаа жени.+
44 А Саул му ја даде својата ќерка Михала,+ жената на Давид, на Фалтиј,+ синот на Лаиш, кој беше од Галим.+