Проповедник
7 Подобро е добро име отколку добро масло,+ и смртниот ден е подобар од денот на раѓањето.+ 2 Подобро е да одиш во куќа каде што плачат отколку во куќа каде што се гоштаваат,+ бидејќи таков му е крајот на секој човек. Кој е жив, нека го земе тоа присрце. 3 Подобра е тагата отколку смеата,+ зашто од загрижено лице срцето станува подобро.+ 4 Срцето на мудрите е во куќа каде што плачат,+ а срцето на безумните е во куќа каде што се веселат.+
5 Подобро е да слушаш укор од мудар човек+ отколку да ја слушаш песната на безумните.+ 6 Зашто, какво што е потпукнувањето на трњето под котел, такво е смеењето на безумникот.+ И тоа е суета. 7 Зашто, угнетувањето може да го наведе мудриот да постапува лудо,+ и дарот+ може да го расипе срцето.+
8 Подобар е крајот на една работа отколку нејзиниот почеток.+ Подобар е оној што е стрплив отколку оној што е вообразен.*+ 9 Немој брзо да се навредуваш,*+ зашто навредливоста почива во пазувите на безумните.+
10 Не вели: „Зошто поранешните времиња беа подобри од сегашниве?“+ — бидејќи не е мудро+ да го прашуваш тоа.
11 Добра е мудроста заедно со наследството и корисна им е на оние што го гледаат сонцето.+ 12 Зашто, мудроста е заштита,+ а и парите се заштита.+ Но предноста на знаењето и на мудроста е во тоа што тие им го чуваат животот на оние што ги имаат.+
13 Погледни ги делата+ на вистинскиот Бог. Кој може да го исправи она што тој го искривил?+ 14 Во добар ден покажувај доброта,+ а во зол ден размислувај за тоа дека вистинскиот Бог го создал и едниот и другиот ден,+ за да не може човекот да открие ништо од она што ќе биде по него.+
15 Сешто видов во моите суетни дни.+ Праведникот пропаѓа во праведноста своја,+ а злиот човек долго живее во злобата своја.+
16 Не биди преправеден+ и не биди премногу мудар.+ Зошто самиот да се упропастиш?+ 17 Не биди премногу зол+ и не биди глупав.+ Зошто да умреш предвреме?+ 18 Добро е да го држиш едното, но и другото не пуштај го од рака.+ Зашто, кој се плаши од Бог, го уважува сето тоа.+
19 На мудриот мудроста му дава поголема сила отколку на градот десет моќни луѓе што се во него.+ 20 И нема праведен човек на земјата, кој прави само добро и никогаш не греши.+
21 Не земај го присрце секој збор што ќе го кажат луѓето,+ па нема да го чуеш слугата свој како те колне.+ 22 Зашто, срцето твое добро знае дека и ти многу пати си ги колнел другите.+
23 Сето тоа го испитав со мудрост. Реков: „Ќе станам мудар“. Но мудроста остана далеку од мене.+ 24 Она што се случува е далеку и многу длабоко. Кој може да го сфати?+ 25 Со срцето одлучив+ да ја спознаам, да ја истражувам и да ја пронајдам мудроста+ и смислата на сѐ,+ и да го спознаам сето зло на безумието и бесмисленоста на лудоста.+ 26 И го открив следново: од смртта погорка+ е жена која е мрежа ловечка и чие срце е мрежа рибарска и чии раце се окови.+ Човекот му е по волја на вистинскиот Бог ако бега од неа, а грев прави ако дозволи таа да го зароби.+
27 „Ете, тоа го открив,“ вели оној што го поучува* народот,+ „разгледувајќи ги работите едно по друго за да дојдам до заклучокот+ 28 што мојата душа постојано го бараше, но без успех. Најдов човек чесен, еден во илјада,+ а жена чесна меѓу сите нив не најдов.+ 29 Ете, само ова го открив: вистинскиот Бог ги направил луѓето чесни,+ но тие одат по многуте свои замисли.“+