Јован
5 По овие случки, Евреите имаа празник+ и Исус отиде во Ерусалим. 2 А во Ерусалим, кај Овчата Порта,+ има едно езерце со пет тремови, кое на хебрејски се вика Витезда. 3 Во нив лежеа мноштво болни, слепи, сакати и такви што имаа исушени делови од телото. 4 *—— 5 Таму имаше еден човек, кој боледувал од својата болест триесет и осум години. 6 Кога го виде овој човек како лежи, а знаеше дека веќе долго време е болен,+ Исус го праша: „Сакаш ли да оздравиш?“+ 7 Болниот му одговори: „Господине, нема кој да ме спушти во езерцето кога водата ќе се разбранува, па додека јас да дојдам, друг веќе слегол пред мене“. 8 А Исус му рече: „Стани, земи си ја носилката и оди!“+ 9 И човекот веднаш оздраве, па ја крена својата носилка и почна да оди.
А тој ден беше сабота.*+ 10 Затоа Евреите му велаа на излекуваниот: „Сабота е, и не ти е дозволено+ да ја носиш носилката“. 11 Но тој им одговори: „Оној што ме оздраве ми рече: ‚Земи си ја носилката и оди!‘ “ 12 Тие го прашаа: „Кој е тој човек што ти рекол: ‚Земи ја и оди‘?“ 13 Но излекуваниот не знаеше кој е тој, зашто Исус се тргна поради мноштвото што се наоѓаше таму.
14 Потоа Исус го најде во храмот и му рече: „Ете, оздраве. Немој повеќе да грешиш за да не ти се случи нешто полошо“. 15 И човекот отиде и им рече на Евреите дека Исус е тој што го оздраве. 16 Поради тоа Евреите почнаа да го обвинуваат+ Исус, бидејќи такво нешто направи во сабота. 17 А Исус им одговори: „Мојот Татко работи сѐ досега, па и јас работам“.+ 18 Затоа Евреите, уште повеќе бараа поволен момент да го убијат,+ бидејќи не само што ја кршеше саботата туку и Бог го нарекуваше свој Татко,+ изедначувајќи+ се со Бог.
19 Затоа Исус им рече: „Вистина, вистина, ви велам, Синот не може да направи ништо сам од себе, туку само она што гледа дека Таткото го прави.+ Зашто, што и да прави Тој, тоа го прави и Синот на ист начин. 20 Зашто, Таткото го сака Синот+ и му покажува сѐ што прави самиот. Ќе му покаже дела поголеми од овие, за да се восхитувате вие.+ 21 Зашто, како што Таткото ги подигнува мртвите и ги оживува+ така и Синот ги оживува оние, кои што сака.+ 22 Зашто, Таткото не суди никому, туку сиот суд му го довери на Синот+ 23 за сите да го почитуваат Синот+ како што го почитуваат Таткото. Кој не го почитува Синот, не го почитува ни Таткото, кој го испрати.+ 24 Вистина, вистина, ви велам, кој ја слуша мојата реч и му верува на оној што ме испрати, има вечен живот,+ и не доаѓа на суд, туку преминал од смрт во живот.+
25 Вистина, вистина, ви велам, доаѓа часот, и веќе е тука, кога мртвите+ ќе го чујат гласот+ на Синот Божји, и оние што ќе послушаат, ќе живеат.+ 26 Зашто, како што Таткото има живот во себе+ така и на Синот му даде да има живот во себе.+ 27 И му даде власт да суди,+ бидејќи е Син човечки.+ 28 Не чудете се на ова, зашто доаѓа часот во кој сите оние што се во гробовите*+ ќе го чујат неговиот глас 29 и ќе излезат — оние што правеле добро, за воскресение за живот,+ а оние што правеле зло, за воскресение за осуда.+ 30 Јас не можам ништо да правам сам од себе — како што слушам така судам, и мојот суд е праведен,+ зашто не ја барам својата волја, туку волјата на оној што ме испрати.+
31 Ако само јас сведочам+ за себе, моето сведоштво не е вистинито.+ 32 Има друг кој сведочи за мене, и знам дека е вистинито сведоштвото што го дава+ за мене. 33 Вие испративте луѓе кај Јован, и тој посведочи за вистината.+ 34 Но мене не ми треба сведоштво од човек, туку ова го велам за да бидете спасени вие.+ 35 Јован беше светилка која гори и свети, а вие сакавте само кратко да ѝ се радувате на неговата светлина.+ 36 Но јас имам сведоштво поголемо од Јовановото, зашто делата што мојот Татко ми ги даде да ги извршам, самите тие дела што ги вршам+ сведочат за мене дека Таткото ме испрати. 37 И Таткото, кој ме испрати, самиот посведочи за мене.+ Вие никогаш не сте го чуле неговиот глас, ниту сте го виделе неговиот лик,+ 38 а неговата реч не останува во вас, зашто не му верувате на оној кого тој го испрати.
39 Вие ги истражувате Писмата,+ зашто мислите дека со нивна помош ќе имате вечен живот, и токму тие сведочат за мене.+ 40 Но вие не сакате да дојдете кај мене за да имате живот.+ 41 Јас не прифаќам слава од луѓе,+ 42 туку добро знам дека вие во себе немате љубов кон Бог.+ 43 Јас дојдов во името на својот Татко,+ но вие не ме примате. Ако некој друг дојде во свое име, него ќе го примите. 44 Како може да верувате, кога прифаќате слава+ еден од друг, а не ја барате славата што доаѓа од единствениот Бог?+ 45 Немојте да мислите дека ќе ве обвинам пред Таткото. Има кој да ве обвинува, Мојсеј,+ на кого вие се надевате. 46 Зашто, да му верувавте на Мојсеј, ќе ми верувавте и мене, бидејќи тој пишуваше за мене.+ 47 Но ако не им верувате на неговите списи,+ како ќе им верувате на моите зборови?“