ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Захарија 14
  • Свето писмо — превод Нов свет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

Захарија — краток преглед

      • Потполна победа на вистинското обожавање (1-21)

        • Маслинската Гора ќе се расцепи на средина (4)

        • „Јехова ќе биде единствениот Бог и само неговото име ќе се слави“ (9)

        • Неволјата која ќе ги погоди непријателите на Ерусалим (12-15)

        • Прослава на Празникот на сениците (16-19)

        • Секој котел ќе биде свет за Јехова (20, 21)

Захарија 14:1

Фусноти

  • *

    Станува збор за градот кој е спомнат во 2. стих.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/2/2013, стр. 18

Захарија 14:2

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/2/2013, стр. 18-19

    1/7/1996, стр. 19-20, 21-22

Захарија 14:3

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/2/2013, стр. 20

    1/7/1996, стр. 21-22

Захарија 14:4

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Нашиот живот и служба — работни листови,

    12/2017, стр. 4

    Стражарска кула,

    15/2/2013, стр. 19

Захарија 14:5

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/2/2013, стр. 19-20

Захарија 14:6

Фусноти

  • *

    Или: „ќе биде неподвижно“, како од студ.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/2/2013, стр. 20

Захарија 14:7

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/4/2006, стр. 29

Захарија 14:8

Фусноти

  • *

    Односно, Мртвото Море.

  • *

    Односно, Средоземното Море.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/2/2013, стр. 20-21

    15/4/2006, стр. 29

Захарија 14:9

Фусноти

  • *

    Или: „Јехова ќе биде еден и неговото име ќе биде едно“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/4/2006, стр. 29

    1/7/1996, стр. 22

Захарија 14:12

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Нашиот живот и служба — работни листови,

    12/2017, стр. 4

    Стражарска кула,

    15/2/2013, стр. 20

    1/7/1996, стр. 22

    Јеховиниот ден, стр. 32

Захарија 14:13

Фусноти

  • *

    Или: „ќе го нападне“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула 1996,

    1/7/1996, стр. 22

Захарија 14:15

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Нашиот живот и служба — работни листови,

    12/2017, стр. 4

    Стражарска кула,

    15/2/2013, стр. 20

Захарија 14:16

Фусноти

  • *

    Или: „да го обожаваат“.

  • *

    Види го поимот „Празникот на сениците“ во Речникот.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула 1996,

    1/7/1996, стр. 22-23

Захарија 14:21

Фусноти

  • *

    Друго можно значење: „трговец“.

Паралелни преводи

Кликни на бројката пред стихот за да ти покаже паралелни стихови
  • Свето писмо — превод Нов свет
  • Читај во Превод Нов свет (bi12)
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
Свето писмо — превод Нов свет
Захарија 14:1-21

Захарија

14 „Еве, доаѓа Јеховиниот ден, денот кога твојот имот како плен ќе биде разделен пред твои очи.* 2 Ќе ги соберам сите народи за војна против Ерусалим. Градот ќе биде освоен, куќите ограбени и жените силувани. Половина од жителите ќе отидат во изгнанство, а преостанатите нема да бидат одведени од градот.

3 Јехова ќе излезе и ќе војува против тие народи така како што се бори во денот на битката. 4 Во тој ден, неговите нозе ќе застанат на Маслинската Гора, која се наоѓа спроти Ерусалим, на исток. И Маслинската Гора ќе се расцепи на средина, од исток кон запад, па така ќе настане многу голема долина. Едната половина од гората ќе се помести кон север, а другата половина кон југ. 5 Вие ќе бегате во долината меѓу моите гори, зашто долината меѓу горите ќе се протега сѐ до Асел. Ќе мора да бегате исто како што бегавте поради земјотресот во времето на Озија, царот на Јуда. И ќе дојде Јехова, мојот Бог, а со него ќе бидат сите свети.

6 Во тој ден ќе ја нема скапоцената светлина — сѐ ќе замрзне.* 7 Тоа ќе биде ден познат како Јеховин ден. Тогаш нема да има разлика меѓу денот и ноќта. Дури и навечер ќе има светлина. 8 Во тој ден, во Ерусалим ќе потече вода што дава живот. Половина од водата ќе тече кон источното море,* а половина кон западното.* Така ќе биде и лете и зиме. 9 Јехова ќе биде Цар над целата земја. Во тој ден, Јехова ќе биде единствениот Бог и само неговото име ќе се слави.*

10 Целата земја ќе стане како Араба, од Гева до Римон, јужно од Ерусалим. А Ерусалим ќе се издигне на своето место и ќе биде населен, од Венијаминовата порта до местото каде што е Првата порта и сѐ до Аголната порта, и од кулата на Ананел, па сѐ до винските гмечала на царот. 11 Тој ќе биде населен и никогаш повеќе нема да биде осуден на уништување. Народот во Ерусалим ќе живее без страв.

12 Ова е неволјата со која Јехова ќе ги казни сите народи што ќе војуваат против Ерусалим: месото ќе им се распадне уште додека стојат на нозе, очите ќе им скапат во очните шуплини и јазикот ќе им изгние во устата.

13 Во тој ден, Јехова ќе предизвика голем метеж меѓу нив. Секој ќе го зграпчи својот ближен и ќе крене рака на него.* 14 И Јуда ќе учествува во војната во Ерусалим. Ќе биде собрано богатството на сите околни народи, ќе бидат собрани големи количини злато, сребро и облека.

15 Слична неволја ќе ги погоди и коњите, мулињата, камилите, магарињата и сета стока во логорите на непријателот.

16 Сите што ќе преостанат од народите кои ќе се кренат против Ерусалим ќе доаѓаат секоја година за да му се поклонат* на Царот, Јехова над војските, и да го прослават Празникот на сениците.* 17 Но, ако некои луѓе од тие народи не дојдат во Ерусалим за да му се поклонат на Царот, Јехова над војските, врз нив нема да врне дожд. 18 И ако египетскиот народ не дојде, врз него нема да врне дожд, туку ќе го снајде неволјата со која Јехова ги казнува народите што не доаѓаат да го слават Празникот на сениците. 19 Тоа ќе биде казната за гревот на Египет и за гревот на сите народи што нема да дојдат да го прослават Празникот на сениците.

20 Во тој ден, на коњските ѕвонци ќе бидат напишани зборовите ’Јехова е свет‘. А котлите во домот на Јехова ќе бидат свети како што се свети садовите што стојат пред жртвеникот. 21 Секој котел во Ерусалим и во Јуда ќе биде свет и ќе му припаѓа на Јехова над војските. И сите што ќе дојдат да принесуваат жртви ќе готват во нив. Во тој ден, нема да има ниту еден Ханаанец* во домот на Јехова над војските.“

Публикации на македонски јазик (1991 — 2027)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели