Изреки
2 Сине мој, ако ги прифатиш моите зборови
и ако внимателно ги чуваш моите заповеди,
2 ако внимателно ја слушаш мудроста
и ако го насочиш срцето кон разборитоста,
3 ако го побараш разбирањето
и ако ја повикаш проникливоста,
4 ако го бараш сето тоа како сребро
и ако трагаш по тоа како по скриено богатство,
5 тогаш ќе разбереш што значи да се има стравопочит кон Јехова
и ќе го пронајдеш знаењето за Бог.
6 Зашто Јехова е тој што дава мудрост,
од неговата уста извира знаење и проникливост.
8 Внимава на патеките на праведните
и го чува патот на оние што му се верни.
9 Тогаш ќе разбереш што е праведно, исправно и чесно,
ќе сфатиш кој е исправниот пат.
10 Кога мудроста ќе ти влезе во срцето
и кога твојата душа* ќе го засака знаењето,
11 способноста за расудување ќе те штити
и проникливоста ќе те чува,
12 ќе те избават од лош пат,
од човек што зборува расипано,
13 од оние кои скршнуваат од исправните патишта
за да одат по патиштата на темнината,
14 од оние кои се радуваат кога прават зло
и кои уживаат во злоба и расипаност,
15 од оние чии патишта се криви
и кои во сѐ постапуваат подло.
16 Мудроста ќе те избави од блудница*
и од слаткоречивите* зборови на неморална жена,*
17 која го остава сопругот* со кого е заедно уште од младоста
и го заборава сојузот со својот Бог.
18 Оној што оди во нејзината куќа оди во смрт,
и патот до нејзиниот дом води во гроб.
20 Затоа, оди по патот на добрите луѓе
и остани на патеките на праведните,
21 бидејќи само чесните ќе живеат на земјата
и беспрекорните* ќе останат на неа.
22 А злобните ќе бидат истребени од земјата
и измамниците ќе бидат искоренети од неа.