Матеј
26 Кога го раскажа сето тоа, Исус им рече на своите ученици: 2 „Знаете дека по два дена е Пасхата,+ и Синот човечки треба да биде предаден и прикован на столб“.*+
3 Тогаш главните свештеници и народните старешини се собраа во дворот на првосвештеникот, кој се викаше Кајафа,+ 4 и се посоветуваа+ како да го фатат Исус со измама и да го убијат. 5 Меѓутоа, си рекоа: „Не на празникот, за народот да не крене бунт“.+
6 Додека Исус беше во Витанија,+ во куќата на Симон лепрозниот,+ 7 му се приближи една жена која носеше алабастерно шишенце со скапоцено мирисливо масло,+ кое му го излеа врз главата додека тој седеше на трпезата.* 8 Кога го видоа тоа, учениците се налутија и рекоа: „Какво е ова растурање?+ 9 Тоа можеше скапо да се продаде и да им се даде на сиромасите“.+ 10 Знаејќи го тоа,+ Исус им рече: „Зошто ја напаѓате жената? Таа ми направи добро дело.+ 11 Сиромасите секогаш ќе ги имате+ покрај себе, а мене нема да ме имате секогаш.+ 12 Кога жената го излеа мирисливото масло врз моето тело, ме приготви за погреб.+ 13 Вистина, ви велам, секаде каде што ќе се проповеда оваа добра вест, по целиот свет, ќе се кажува и за тоа што го направи оваа жена, како спомен за неа“.+
14 Тогаш еден од дванаесеттемина, кој се викаше Јуда Искариот,+ отиде кај главните свештеници 15 и рече: „Што ќе ми дадете за да ви го предадам?“+ Му определија триесет сребреници.+ 16 Оттогаш тој почна да бара поволен момент за да го предаде.+
17 На првиот ден од Празникот на бесквасните лебови,+ учениците му пристапија на Исус и го прашаа: „Каде сакаш да ти приготвиме да ја јадеш пасхалната жртва?“+ 18 Тој одговори: „Појдете во градот кај тој и тој+ човек, и речете му: ‚Учителот вели: „Моето време е близу. Ќе ја прославам Пасхата со своите ученици во твојот дом“ ‘ “.+ 19 И учениците направија така како што им заповеда Исус, и приготвија сѐ за Пасхата.+
20 А вечерта+ тој седеше на трпезата со дванаесетте ученици.+ 21 Додека јадеа, им рече: „Вистина, ви велам, еден од вас ќе ме предаде“.+ 22 Тогаш тие многу се нажалија и секој од нив почна да му вели: „Господару, да не сум јас?“+ 23 Тој им одговори: „Оној што ќе макне со мене во чинијата, тој ќе ме предаде.+ 24 Вистина, Синот човечки си заминува, како што е напишано+ за него, но тешко+ на оној човек што ќе го предаде Синот човечки!+ Подобро ќе му беше воопшто да не се ни родеше“. 25 А Јуда, кој се спремаше да го предаде, го праша: „Да не сум јас, учителе?“* Тој му одговори: „Ти самиот го велиш тоа“.
26 Додека јадеа, Исус зеде леб,+ кажа благослов, го раскрши,+ па им го раздели на учениците и рече: „Земете, јадете! Ова го претставува* моето тело“.+ 27 И зеде чаша,+ му се заблагодари на Бог и им даде, велејќи: „Пијте од неа сите,+ 28 бидејќи ова ја претставува+ мојата ‚крв+ на сојузот‘,+ која ќе се пролее за мнозина+ заради простување на гревовите.+ 29 Но ви велам, отсега нема да пијам од овој лозов плод до оној ден кога ќе го пијам со вас нов во царството на мојот Татко“.+ 30 И откако испеаја фалбени песни,+ излегоа на Маслинската Гора.+
31 Тогаш Исус им рече: „Сите вие оваа ноќ ќе се поколебате во верата поради она што ќе ми се случи, бидејќи е напишано: ‚Ќе го удрам пастирот, и овците од стадото ќе се разбегаат‘.+ 32 Но кога ќе воскреснам, ќе отидам пред вас во Галилеја“.+ 33 Тогаш Петар му рече: „Дури и сите други да се поколебаат во верата поради она што ќе ти се случи, јас нема никогаш да се поколебам!“+ 34 Исус му рече: „Вистина, ти велам, оваа ноќ, пред да запее петелот, трипати ќе се одречеш од мене“.+ 35 Тогаш Петар му рече: „Дури и да мора да умрам со тебе, нема да се одречам од тебе!“ Истото го рекоа и сите други ученици.+
36 Тогаш Исус дојде со учениците на местото+ наречено Гетсиманија и им рече: „Седнете овде додека јас да појдам онаму и да се помолам“.+ 37 И ги зеде со себе Петар и двајцата синови+ на Зеведеј. И го обзеде жал и немир.+ 38 Тогаш им рече: „Душата ми е нажалена до смрт.+ Останете овде и бдејте со мене“.+ 39 И отиде малку понатаму, падна ничкум, молејќи се:+ „Татко мој, ако е можно, нека ме одмине оваа чаша.+ Но, не како што сакам јас,+ туку како што сакаш ти“.+
40 И дојде кај учениците и ги најде како спијат, па му рече на Петар: „Зар не можевте да бдеете со мене ниту еден час?+ 41 Бдејте+ и молете се,+ за да не паднете во искушение.+ Духот, навистина, е спремен, но телото е слабо“.+ 42 Повторно отиде, по вторпат,+ и се молеше: „Татко мој, ако не е можно да ме одмине оваа чаша, да не ја пијам, нека биде твојата волја“.+ 43 И повторно дојде и ги најде како спијат, зашто очите им беа натежнале.+ 44 И оставајќи ги, пак отиде и се молеше по третпат,+ повторно со истите зборови. 45 Тогаш дојде кај учениците и им рече: „Во ваков момент спиете и се одморате! Еве, се приближи часот Синот човечки да биде издаден и предаден во рацете на грешници.+ 46 Станете, да одиме! Еве, мојот предавник се приближи!“+ 47 И додека уште зборуваше, ете, дојде Јуда,+ еден од дванаесеттемина, и со него голема толпа луѓе со мечеви+ и со стапови, испратени од главните свештеници и од народните старешини.+
48 А неговиот предавник со нив се беше договорил за знак: „Кого ќе го бакнам, тој е! Фатете го“.+ 49 И веднаш се приближи до Исус и рече: „Здраво, учителе!“*+ И го бакна.+ 50 А Исус му рече:+ „Пријателе, зошто си овде?“ Тогаш пристапија и кренаа раце на Исус и го фатија.+ 51 Но, гледај, еден од оние што беше со Исус посегна со раката и извлече меч, па го удри робот на првосвештеникот и му го отсече увото.+ 52 Тогаш Исус му рече: „Врати го својот меч на неговото место,+ зашто сите што ќе се фатат за меч, од меч ќе загинат.+ 53 Или мислиш дека не можам да го замолам мојот Татко во овој час да ми испрати повеќе од дванаесет легии* ангели?+ 54 Но како тогаш ќе се исполни Писмото, во кое стои дека ова мора да се случи?“ 55 Во тој час Исус ѝ рече на толпата: „Зарем со мечеви и со стапови сте излегле да ме фатите како да сум разбојник?+ Секој ден седев во храмот+ и поучував, и не ме фативте. 56 Но сето ова се случи за да се исполни пророчкото Писмо“.+ Тогаш сите ученици го оставија и побегнаа.+
57 А оние што го фатија Исус, го одведоа кај првосвештеникот Кајафа,+ каде што беа собрани книжниците и старешините.+ 58 А Петар оддалеку го следеше сѐ до дворот+ на првосвештеникот. Влезе внатре и седна со слугите за да види што ќе се случи.+
59 За тоа време, главните свештеници и целиот Судски совет* бараа лажно сведоштво против Исус за да го убијат,+ 60 но не најдоа, иако дојдоа многу лажни сведоци.+ Најпосле дојдоа двајца 61 и рекоа: „Овој рече: ‚Можам да го урнам Божјиот храм и да го изградам за три дена‘ “.+ 62 Тогаш првосвештеникот стана и му рече: „Зарем немаш одговор? Што велиш за обвиненијата што ги изнесуваат против тебе?“+ 63 Но, Исус молчеше.+ Затоа првосвештеникот му рече: „Те заколнувам во живиот Бог+ да ни кажеш дали си ти Христос,*+ Синот Божји!“ 64 Тогаш Исус му рече:+ „Ти самиот го рече тоа.+ Но јас ви велам: отсега+ ќе го гледате Синот човечки+ како седи од десната страна+ на Силниот и како доаѓа на облаците небесни“.+ 65 Тогаш првосвештеникот си ја раскина облеката и рече: „Тој хули!+ Зар ни се потребни други сведоци?+ Еве, сега ја чувте хулата!+ 66 Што мислите?“ А тие одговорија: „Заслужува смрт!“+ 67 Тогаш почнаа да го плукаат в лице+ и да го удираат+ со тупаници. Други му удираа шлаканици,+ 68 велејќи: „Ако си пророк, Христосе,+ кажи ни кој те удри!“+
69 А Петар седеше надвор во дворот. Тогаш му пријде една слугинка и му рече: „И ти беше со Исус Галилеецот!“+ 70 Но тој пред сите одрече: „Не знам за што зборуваш!“ 71 Кога излезе надвор на тремот, го забележа уште една девојка и им рече на присутните: „Овој беше со Исус Назареќанецот“.+ 72 А тој пак одрече, колнејќи се: „Не го познавам тој човек!“+ 73 Малку потоа, оние што стоеја таму пријдоа и му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си еден од нив! Твоето наречје те издава“.+ 74 Тогаш почна да се колне и да се заколнува: „Не го познавам тој човек!“ И веднаш запеа петелот.+ 75 И Петар се сети на зборовите што му ги кажа Исус: „Пред петелот да запее, ти трипати ќе се одречеш од мене“.+ И излезе надвор и горко плачеше.+