Даниел
6 Дариј најде за добро да постави над царството сто и дваесет сатрапи* за да бидат над целото царство.+ 2 Над нив постави тројца управители, од кои еден беше Даниел.+ Ним сатрапите+ постојано им полагаа сметка за да не претрпи штета царот.+ 3 А Даниел се истакнуваше+ меѓу управителите и сатрапите со својот извонреден ум,*+ и царот имаше намера да го постави над целото царство.
4 Тогаш настојниците и сатрапите почнаа да бараат некаков повод, сеедно каков, во врска со државната управа, за да го обвинат Даниел,+ но не можеа кај него да најдат никаков повод за обвинение или нешто нечесно, бидејќи беше достоен за доверба и не можеше да му се најде ниту некаков пропуст ниту нешто нечесно.+ 5 Затоа тие луѓе рекоа: „Кај овој Даниел нема да најдеме никаков повод за обвинение, ако не најдеме нешто против него во законот на неговиот Бог“.+
6 Така тие настојници и сатрапи упаднаа кај царот+ и вака му рекоа: „Царе Дариј, да си жив довека!+ 7 Сите настојници во царството, намесниците и сатрапите, високите службеници на царот и управителите се согласија да се издаде царска одредба+ и да се даде забрана според која секој што во период од триесет дена ќе упати молба до кој и да е бог или човек, освен до тебе, царе, да биде фрлен во лавовска јама.+ 8 А сега, царе, издај ја таа одредба и потпиши го писмото+ за да не може да се промени, според неотповикливиот+ закон на Медијците и Персијците!“+
9 Така цар Дариј ги потпиша писмото и забраната.+
10 Кога дозна дека писмото е потпишано, Даниел влезе во својата куќа. Прозорците од неговата горна соба беа отворени кон Ерусалим.+ Таму по трипати на ден+ клекнуваше на колена, молејќи се+ и фалејќи го својот Бог,+ како што го правеше тоа редовно и пред тоа.+ 11 А тие луѓе упаднаа кај Даниел и го најдоа како се моли и бара милост пред својот Бог.+
12 Тогаш му пристапија на царот и, повикувајќи се на царевата забрана, му рекоа: „Нели потпиша забрана според која секој човек што во период од триесет дена ќе упати молба до кој и да е бог или човек, освен до тебе, царе, ќе биде фрлен во лавовска јама?“+ Царот одговори: „Така е одлучено според неотповикливиот закон на Медијците и Персијците“.+ 13 А тие веднаш му рекоа на царот: „Даниел,+ изгнаникот од Јуда,+ не се обѕира ниту на тебе, царе, ниту на забраната што ја потпиша, туку се моли по трипати на ден“.+ 14 Кога ги слушна тие зборови, царот многу се нажали+ и реши да го спаси+ Даниел. Сѐ до зајдисонце настојуваше да го избави. 15 Но тогаш тие луѓе упаднаа кај царот и му рекоа: „Имај на ум, царе, дека, според законот на Медијците и Персијците, никаква забрана+ или одредба што ја издава царот не може да се промени“.+
16 И царот издаде заповед, па го доведоа Даниел и го фрлија во лавовската јама.+ Обраќајќи му се на Даниел, царот рече: „Твојот Бог, кому постојано му служиш, тој ќе те избави“.+ 17 И донесоа камен, па го ставија врз отворот на јамата, а царот го запечати со својот печатен прстен и со печатните прстени на своите веледостојници, за да не може ништо повеќе да се смени во случајот на Даниел.+
18 Потоа царот отиде во својата палата и ја помина ноќта со постење,+ и не дозволи пред него да донесат музички инструменти, и таа ноќ око не склопи.+ 19 А взори, штом се раздени, царот стана и брзо отиде кај лавовската јама. 20 Кога се приближи до јамата, царот го повика Даниел со нажален глас: „Даниеле, слуго на живиот Бог, дали твојот Бог, кому постојано+ му служиш, можеше да те избави од лавовите?“+ 21 А Даниел веднаш му одговори на царот: „Царе, да си жив довека! 22 Мојот Бог+ испрати свој ангел+ и им ја затвори устата на лавовите,+ така што не ми наштетија, зашто пред него се најдов невин,+ а и тебе, царе, не сум ти направил никакво зло“.+
23 Тогаш царот многу се израдува+ и заповеда да го извадат Даниел од јамата. Кога го извадија Даниел од јамата, на него не се најде ни најмала повреда, бидејќи имаше доверба во својот Бог.+
24 Потоа, царот заповеда да ги доведат оние луѓе кои го обвинија Даниел,+ па ги фрлија нив во лавовската јама,+ заедно со нивните синови и нивните жени.+ И уште пред да го допрат дното на јамата, лавовите ги зграпчија и им ги здробија сите коски.+
25 Тогаш цар Дариј им напиша на сите народи, племиња и јазици што живееја по целата земја:+ „Нека ви се умножи мирот!+ 26 Со ова издавам наредба+ луѓето во секое подрачје на моето царство да треперат пред Богот на Даниел и да се бојат од него!+ Зашто, тој е живиот Бог кој останува довека.+ Неговото царство+ нема да пропадне+ и неговата власт ќе трае засекогаш.+ 27 Тој спасува и избавува+ и прави знаци и чуда на небото+ и на земјата,+ зашто тој го спаси Даниел од лавовските шепи“.
28 А Даниел напредуваше во царството на Дариј+ и во царството на Кир Персиецот.+