2. Тимотеј
2 А ти, сине мој,+ зајакнувај+ во незаслужената доброта,+ која е во Христос Исус. 2 Она што го чу од мене и што го потврдија многу сведоци,+ довери им го на верни луѓе, кои потоа ќе бидат оспособени да поучуваат други.+ 3 Како добар војник+ на Христос Исус, и ти биди спремен да трпиш зло.+ 4 Ниту еден војник+ не се впушта во работите на секојдневниот живот,+ бидејќи сака да му угоди на оној што го зел за војник. 5 И ако некој се натпреварува во игрите,+ нема да ја добие наградата ако не се натпреварува според правилата. 6 Земјоделецот што работи напорно треба прв да ужива во плодовите.+ 7 Размислувај за ова што го зборувам. Господарот* навистина ќе ти даде разборитост+ во сѐ.
8 Не заборавај дека Исус Христос стана од мртвите+ и дека беше од потомството на Давид+ — тоа е добрата вест што ја проповедам.+ 9 Поради неа трпам зло, така што стигнав дури до окови,+ како некој злосторник. Но Божјата реч не е окована.+ 10 Затоа поднесувам сѐ поради избраните,+ за да ги добијат и тие спасението, кое е во Христос Исус, и вечната слава.+ 11 Веродостојни се овие зборови:+ ако со него умреме, со него и ќе живееме.+ 12 Ако истраеме, со него и ќе царуваме.+ Ако се одречеме од него, и тој ќе се одрече од нас.+ 13 Ако бидеме неверни, тој останува верен,+ зашто не може да се одрече од самиот себе.
14 Потсетувај ги+ другите на ова, заколнувајќи ги+ пред Бог+ да не се препираат околу зборови,+ зашто нема корист од тоа, туку е за пропаст на оние што слушаат. 15 Дај сѐ од себе за да стекнеш признание од Бог,+ да бидеш работник+ кој нема од што да се срами,+ кој исправно се служи со речта на вистината.+ 16 А избегнувај празни разговори, кои го сквернават она што е свето,+ бидејќи тие што зборуваат така ќе тонат сѐ повеќе во безбожност+ 17 и нивниот збор ќе се шири како гангрена.+ Меѓу нив се Именеј и Филет.+ 18 Овие луѓе отстапија од вистината,+ велејќи дека воскресението веќе се случило,+ па ја поткопуваат верата на некои.+ 19 Но Божјиот цврст темел стои неподвижно+ и на него е овој печат: „Јехова ги познава оние што се негови“+ и „Нека се одрече од неправедноста+ секој што го повикува името Јеховино“.+
20 А во една голема куќа нема само златни и сребрени садови, туку и дрвени и земјени. Едните се за благородна употреба, а другите за неблагородна.+ 21 Затоа, ако некој се држи понастрана од овие што се за неблагородна употреба, ќе биде сад за благородна употреба, посветен, корисен за својот сопственик, спремен за секое добро дело.+ 22 Затоа, бегај од желбите на младоста,+ а тежнеј кон праведност,+ вера, љубов, мир,+ заедно со оние што од чисто срце го повикуваат Господарот.+
23 И бегај од глупави и бесмислени потпрашувања,+ знаејќи дека од нив настануваат караници.+ 24 А робот на Господарот не смее да се кара,+ туку треба да биде благ* кон сите,+ оспособен да поучува,+ да се совладува кога трпи зло,+ 25 со благост да ги поучува оние што се бунтовни,+ за Бог да им даде да се покаат,+ па добро да ја запознаат* вистината,+ 26 та да се вразумат и да се извлечат од замката на Ѓаволот,+ во која тој живи ги фатил+ за да ја вршат неговата волја.