Езекиел
18 И повторно ми дојде Јеховината реч: 2 „Зошто ја кажувате оваа поговорка во Израеловата земја: ‚Татковците јадеа зелено грозје, а синовите имаат скомина‘?+
3 ‚Како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚нема повеќе да ја кажувате таа поговорка во Израел! 4 Гледај, сите души ми припаѓаат мене.+ Душата+ на таткото и душата на синот ми припаѓа мене.+ Онаа душа што греши,+ таа и ќе умре.+
5 Ако е некој праведен и го прави она што е право и праведно,+ 6 ако не јаде идолски жртви+ во светилиштата на планините+ и не ги подига очите кон одвратните идоли* на Израеловиот дом,+ и не ја обесчестува жената на својот ближен+ и не ѝ приоѓа на жена додека е нечиста,+ 7 ако никого не угнетува,+ ако му го враќа на должникот она што му го зел во залог,+ ако ништо не граба од другите,+ ако го дели својот леб со гладниот+ и го облекува голиот со облека,+ 8 ако ништо не дава со камати+ и нема добивка кога им дава заем на другите,+ ако ја воздржува раката од неправда,+ ако во сѐ суди праведно помеѓу човек и човек,+ 9 ако живее* според моите одредби+ и се држи за моите закони постапувајќи според вистината,+ тој е праведен.+ Тој ќе остане жив‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.
10 ‚Ако таткото има син кој е разбојник,+ пролева крв+ или прави нешто слично на тоа, 11 (а таткото не направил такво нешто), ако син му јаде идолски жртви во светилиштата на планините+ и ја обесчестува жената на својот ближен,+ 12 ако угнетува страдалник и сиромав,+ ако граба од другите+ и не го враќа она што го зел во залог,+ ако ги подига очите кон одвратните идоли,+ и со тоа прави гадост,+ 13 ако заради добивка му дава заем на друг+ и зема камати,+ тој нема да остане жив. Тој ги прави сите тие гадости,+ па затоа ќе умре. Неговата крв ќе падне врз него.+
14 А ако таткото има син кој ги гледа сите гревови што ги прави неговиот татко, и иако ги гледа, самиот тој не прави такво нешто,+ 15 ако не јаде идолски жртви во светилиштата на планините и не ги подига очите кон одвратните идоли на Израеловиот дом,+ ако не ја обесчестува жената на својот ближен,+ 16 ако не угнетува никого,+ никому не му го одзема залогот+ и ништо не граба од другите,+ ако го дели својот леб со гладните+ и го облекува голиот со облека,+ 17 ако ја воздржува својата рака да не го гиба страдалникот, ако нема добивка+ и не зема камати+ кога им дава заем на другите, ако се држи за моите закони+ и живее* според моите одредби,+ тој нема да умре поради престапот на својот татко,+ туку ќе остане жив.+ 18 А татко му, затоа што пред очите на сите им скратувал на другите,+ грабал од својот брат+ и правел сѐ што не чини среде својот народ,+ еве, тој ќе умре поради својот престап.+
19 А вие ќе речете: „Зошто синот не ја сноси вината за престапот на својот татко?“+ Затоа што синот го прави она што е право и праведно,+ се држи за моите одредби и ги извршува,+ и затоа ќе остане жив.+ 20 Онаа душа што ќе греши, таа и ќе умре.+ Синот нема да ја сноси вината за престапот на таткото, и таткото нема да ја сноси вината за престапот на синот.+ Врз праведникот ќе биде неговата правда,+ а врз злосторникот ќе биде неговата злоба.+
21 А ако злосторникот се одврати од сите свои гревови што ги направил+ и почне да се држи за сите мои одредби и да го прави она што е право и праведно,+ ќе остане жив. Нема да умре.+ 22 Сите престапи што ги направил ќе му бидат заборавени.+ Поради тоа што го прави она што е праведно, ќе остане жив.‘+
23 ‚Зарем мене ми е мило да умре злосторникот,‘+ вели Севишниот Господар Јехова, ‚а не да се одврати од своите патишта и да остане жив?‘+
24 ‚А кога праведникот ќе се одврати од својата праведност и ќе почне да врши неправда,+ па продолжи да живее правејќи ги сите гадости што ги прави злосторникот,+ ќе се заборават сите праведни дела што ги правел.+ Поради неверството што го направил и поради гревот со кој згрешил, поради нив ќе умре.+
25 А вие ќе речете: „Јеховиниот пат не е прав“.+ Чуј ме, те молам, доме Израелов! Зар мојот пат не е прав?+ Зар не се криви вашите патишта?+
26 Кога праведникот ќе се одврати од својата праведност и ќе почне да врши неправда,+ па поради тоа умре, ќе умре поради својата неправда што ја вршел.+
27 А кога злосторникот ќе се одврати од своето зло што го правел и ќе почне да го прави она што е право и праведно,+ тој ќе ја зачува жива својата душа.+ 28 Кога ќе го согледа тоа+ и ќе се одврати од сите свои престапи што ги прави,+ ќе остане жив. Нема да умре.+
29 А домот на Израел ќе рече: „Јеховиниот пат не е прав“.+ Зар моите патишта не се прави, о доме Израелов?+ Зар не се криви вашите патишта?‘+
30 ‚Затоа, о доме Израелов, секому од вас ќе му судам според неговите патишта‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.+ ‚Покајте се, одвратете се од сите свои престапи,+ и не дозволувајте ништо да ви стане камен на кој ќе се спрепнете и ќе паднете во грев!+ 31 Отфрлете ги од себе сите свои престапи што сте ги направиле+ и направете си ново срце+ и нов дух!+ Зошто да умирате,+ о доме Израелов?‘
32 ‚Зашто, мене не ми е мила смртта на оној што умира‘,+ вели Севишниот Господар Јехова. ‚Затоа, одвратете се и живејте!‘ “+