Изреки
9 Вистинската мудрост+ си изгради куќа,+ изделка седум столба. 2 Ја искла својата стока, го зачини своето вино и ја постави својата трпеза.+ 3 Ги испрати своите слугинки, па повикува од врвот на градските височини: 4 „Кој е неискусен, нека наврати ваму!“+ А на неразумниот*+ му вели: 5 „Дојди, јади од мојот леб и пиј од виното што го зачинив.+ 6 Остави ги безумните,* па ќе живееш,+ и оди право по патот на разборитоста“.*+
7 Кој го опоменува потсмевачот, си навлекува срам,+ и кој го укорува злиот, добива подбив.+ 8 Не укорувај го потсмевачот за да не те замрази.+ Укори го мудриот, и тој ќе те засака.+ 9 Поучи го мудриот, и ќе биде уште помудар.+ Поучувај го праведникот, и ќе знае повеќе.
10 Стравот од Јехова е првото нешто кое е потребно за да се стекне мудрост,*+ а знаењето за Најсветиот донесува разборитост.*+ 11 Преку мене ќе ти се намножат деновите+ и ќе ти се додадат години на животот.+ 12 Ако си мудар, мудар си за свое добро.+ Ако се подбиваш, самиот ќе ги трпиш последиците.+
13 Глупавата жена е необуздана.+ Таа е олицетворение на лекомисленоста и ништо не знае.+ 14 Седи на вратата од својата куќа, на стол, на високите места во градот,+ 15 и ги повикува оние што поминуваат по патот, оние што одат право по своите патеки:+ 16 „Кој е неискусен, нека наврати ваму!“+ А на неразумниот*+ му вели: 17 „Крадената вода е слатка+ и вкусен е лебот што се јаде скришно“.+ 18 Но тој не знае дека таму се немоќните мртовци, дека нејзините гости се во длабочините на гробот.*+