Евреите
5 Зашто, секој првосвештеник, кој е земен од луѓето, поставен е да врши Божја служба+ за луѓето: да принесува дарови и жртви за гревови.+ 2 Тој може да сочувствува со оние што грешат од незнаење, зашто и самиот е подложен на сопствената слабост,+ 3 и затоа мора да принесува жртви за гревови — и за себе и за народот.+
4 И никој сам од себе не ја присвојува таа чест,+ туку Бог го повикува на тоа,+ како што го повика Арон.+ 5 Така и Христос не се прослави самиот себеси+ со тоа што стана првосвештеник,+ туку беше прославен+ од оној што му рече: „Ти си мој син, јас денес ти станав татко“.+ 6 А на друго место вели: „Ти си довека свештеник сличен на Мелхиседек“.+
7 Во деновите додека беше во тело, Христос со силни извици+ и солзи упатуваше сесрдни молитви и молби+ до оној што можеше да го спаси од смртта, и беше услишен поради својата богобојазливост.+ 8 Иако беше Син Божји, се научи на послушност од она што го претрпе.+ 9 Кога беше направен совршен,*+ стана носител на вечното спасение+ на сите оние што му се послушни,+ 10 зашто него Бог го прогласи за првосвештеник сличен на Мелхиседек.+
11 За него имаме многу нешто да кажеме, но тоа е тешко да се објасни, бидејќи сте станале мрзливи да слушате.+ 12 Зашто, иако по толку време требаше веќе да бидете учители,+ вас пак треба некој да ве поучува од почеток за основните+ свети Божји објави.+ Станавте такви на кои им треба млеко, а не тврда храна.+ 13 Зашто, секој што се храни со млеко, не ја познава речта на праведноста, оти е дете.+ 14 А тврдата храна е за зрелите, за оние чија моќ на согледување+ преку искуство им е извежбана да разликува добро и зло.+