Се сеќаваш ли?
Дали го ценеше читањето на последните изданија на Стражарска кула? Тогаш, провери дали можеш да одговориш на следниве прашања:
▫ Што би можело да биде предочено со дополнителните службени предности кои им биле дадени на Нетинејците и на синовите на Соломоновите слуги по нивното враќање од прогонството во Вавилон?
Денес, додека остатокот од духовниот Израел на Земјата се намалува, другите овци растат. На некои од тие лица слични на овци, како Нетинејците и синовите на Соломоновите слуги, сега им се дадени тешки одговорности под надзорот на остатокот (Исаија 61:5; 15. 4., стр. 16-17).
▫ Што мислел пророкот Софонија кога рекол: „Можеби ќе бидете сокриени на денот на Јеховиниот гнев“? (Зефанија 2:2, 3, NW)?
За некој да биде заштитен во текот на идната „голема неволја“, не важи паролата еднаш спасен – засекогаш спасен (Матеј 24:13, 21). Дали ќе бидеме сокриени во тој ден, ќе зависи од тоа дали лицето и понатаму ќе ги врши овие три работи: мора да го бара Јехова, да бара праведност и да бара кроткост (1. 5., стр. 15-16).
▫ Во која смисла Михаел „застанал“ во „времето на свршетокот“? (Даниел 12:1, 4).
Од неговото устоличување за Цар во 1914, Михаел ‚стоел‘ во корист на Јеховиниот народ. Но наскоро, Михаел треба да „се крене“ во една посебна смисла — како Јеховин Посредник, за да ја отстрани сета злоба од Земјата, и како Ослободител на Божјиот народ (1. 5., стр. 17).
▫ Од што зависи вистинската среќа?
Вистинската среќа зависи од нашиот драгоцен однос со Јехова, од неговото одобрување и од неговиот благослов (Изреки 10:22, NW). Според тоа, вистинската среќа не може да се постигне без послушност спрема Јехова и радосно подложување на неговата волја (Лука 11:28, NW; 15. 5., стр. 16, 19).
▫ Дали била неопходна вера од страна на оздравените кога Исус ги вршел своите чуда на оздравување?
Извесна мера на вера била потребна од страна на мнозината за да дојдат кај Исус да бидат оздравени (Матеј 8:13). Меѓутоа, не се барала формална изјава на вера за Исус да ги изврши своите чуда, како кога оздравел еден куц човек кој и не знаел кој бил Исус (Јован 5:5-13). Исус дури му го обновил отсеченото уво на слугата на првосвештеникот, кој бил во групата на Исусовите непријатели (Лука 22:50, 51). Овие чуда биле извршени преку моќта на Божјиот свет дух, а не поради верата на болниот поединец (1. 6., стр. 3).
▫ Што е претставено со „мрежата“ за која се зборува во Исусовата илустрација во Матеј 13:47-50?
„Мрежата“ претставува земско средство кое се изјаснува дека е Божје собрание и дека собира риби. Таа го вклучувала и т. н. христијанство и собранието на помазаните христијани, од кои второво продолжило да собира ‚добри риби‘ под водството на ангелите, во склад со Матеј 13:49 (NW) (15. 6., стр. 20).
▫ Кои се некои од начелата коишто судиите во Израел морале да ги применуваат при извршувањето на своите задачи?
Еднаква правда за богатите и за сиромашните, строга непристрасност и да не примаат мито (3. Мојсеева 19:15; 5. Мојсеева 16:19; 1. 7., стр. 13).
▫ Што треба да се трудат да постигнат старешините преку правните сослушувања?
Една цел е да се пронајдат фактите на случајот, и тоа да се направи со љубов. Штом ќе бидат познати, старешините мораат да направат сѐ што е потребно за да го заштитат собранието и во неговите рамки да ги задржат Јеховините високи мерила и слободниот проток на Божјиот дух. Со сослушувањето, исто така, треба се спаси, ако е воопшто можно, еден грешник кој е во опасност. (Спореди Лука 15:8-10; 1. 7., стр. 18-19).
▫ Дали никејскиот концил ја вовел или потврдил науката за Тројството?
Не, концилот во Никеја само го изедначил Синот со Таткото дека е „од иста супстанција“. Идејата дека секој посебно — Таткото, Синот и светиот дух — биле по еден вистински Бог — тројца во еден бог — не ја развил тој концил ниту поранешните црковни отци (1. 8., стр. 20).
▫ Зошто фантазиите поврзани со недозволен секс се толку штетни?
Со оглед на Исусовите зборови во Матеј 5:27, 28, сите оние кои постојано се препуштаат на фантазии за недозволен секс, се виновни за вршење прељуба во своето срце. А постои реална опасност таквите фантазии да доведат до неморал (15. 7., стр. 15).
▫ На кои начини Јехова може да ни помогне исправно да гледаме на нашите искушенија и да ги издржиме?
Соверниците можат да ни посочат библиски стихови или ќе ги забележиме за време на библиската студија. Настаните кои се управувани со Божје провидение, можат да ни помогнат да сфатиме што треба да правиме. Исто така ангелите можат да нѐ водат, или можеме да добиеме водство од светиот дух (Евреите 1:14; 15. 7., стр. 21).
▫ Дали верниот Јов бил единствениот човек кој му бил верен на Јехова во текот на периодот во кој живеел? (Јов 1:8).
Не, самата книга Јов покажува дека Бог го прифатил Елијуј. Исто така, во времето кога живеел Јов, имало многу Израелци кои живееле во Египет, и нема причина да се мисли дека сите тие биле неверни и неприфатливи за Бог (1. 8., стр. 31).