Нови видови сведочење на јавни места
1. Каков пример ни оставиле првите христијани?
1 Освен што проповедале од куќа до куќа, првите христијани сведочеле и на јавни места (Дела 20:20). На пример, оделе во храмот затоа што знаеле дека таму има многу луѓе (Дела 5:42). Кога бил во Атина, апостол Павле секој ден им проповедал на оние што биле на плоштадот (Дела 17:17). И денес, главен начин на кој им ја пренесуваме добрата вест на луѓето е така што одиме од куќа до куќа. Но, проповедаме и на паркинзи, во фирми, во паркови, на прометни улици и на други места каде што има луѓе. Иако секој објавител треба да се труди да сведочи на јавни места каде што тоа е можно, многумина ќе можат да учествуваат во два нови вида на сведочење на јавни места.
2. Каква акција започна во ноември 2011 год.?
2 Сведочење на прометни места во големите градови: Како што пишува во Годишникот за 2013 на страници 16 и 17, во ноември 2011 год. во градот Њујорк започна една акција за сведочење на јавни места. На прометни места во градот беа поставени штандови и колички со привлечни плакати и литература на неколку јазици. Секој ден таму поминуваат илјадници луѓе од кои мнозина живеат во згради со безбедносни системи во кои е тешко да се влезе и многумина што ретко се дома. Резултатите беа неверојатни. Во еден од изминатите месеци беа дадени 3.797 списанија и 7.986 книги. Многу од минувачите побараа библиска студија. Бидејќи главна цел беше да се започнат библиски студии, сите адреси што ги оставија заинтересираните веднаш беа пратени до соодветното собрание за понатаму да се следи интересот.
3. Каде ќе се применува овој вид на сведочење на јавни места?
3 Со оглед на успехот, сега овој вид на сведочење почнува да се применува и во други густо населени градови во светот. Локалната подружница ќе одлучи кои градови ќе бидат вклучени. Најчесто тоа се градови кои имаат прометни автобуски и железнички станици и градови со канцелариски и станбени згради каде што има голема раздвиженост на луѓе. Подружницата ќе ги извести собранијата што ќе учестуваат и ќе им даде додатни упатства. Обично се вклучени општите и специјалните пионери, иако во некои места можат да учествуваат и помошните пионери.
4. Како изгледа сведочењето на прометни места во големите градови?
4 Како се сведочи: Оние што учествуваат во сведочење на прометни места во големите градови обично чекаат некој да им пристапи. Кога некој ќе дојде до штандот, пионерите му нудат да си земе литература што го интересира. Доколку има некое прашање, со задоволство му одговараат од Библијата. Ако земе литература, пионерите не спомнуваат дека може да се даде доброволен прилог. Но, ако праша како се финансира нашето дело, тие можат да му објаснат дека може да се испратат прилози на адресата наведена во литературата. Ако е можно, пионерите прашуваат: „Би сакале ли некој да Ве посети?“ или „Знаете ли дека нудиме и бесплатен бибилиски курс?“
5. Какви благослови имал еден брачен пар од овој нов вид на сведочење?
5 Да се има удел во оваа гранка на службата е голем благослов. Еден брачен пар напишал: „Кога стоиме до штандот и гледаме како илјадници лица поминуваат секој ден, сфаќаме колку многу се прави за да се достигнат луѓето во целиот свет. Кога ги гледаме сите тие луѓе и размислуваме како Јехова се грижи за секој поединец, се зајакнува нашата решеност проповедањето и понатаму да ни биде најважното нешто во животот. Си го замислуваме Јехова како ги испитува срцата на оние што поминуваат покрај штандот и ги бара достојните. Како никогаш досега, чувствуваме дека служиме рамо до рамо со ангелите“.
6. а) Каков друг начин на сведочење организираат многу собранија, и каква разлика има меѓу ваквото сведочење и сведочењето на прометни места во големите градови? б) Како собранијата може да соработуваат кога сведочат на јавни места?
6 Сведочење на јавни места на локално ниво: Освен сведочењето на прометни места во големите градови, многу старешинства ќе можат да организираат сведочење на јавни места и на подрачјето на нивното собрание. Објавителите поставуваат штанд или количка со плакати на прометни места во рамките на нивното собраниско подрачје. Ова не е исто со сведочењето на прометни места во големите градови, при кое браќа од повеќе собранија проповедаат на истите прометни места во градовите што ќе ги избере подружницата. (Види ја рамката „Потребна е добра соработка“.)
7. Како старешините ќе го организраат сведочењето на јавни места на локално ниво?
7 Старешините ќе разгледаат дали собраниското подрачје има места со голема раздвиженост и ќе одлучат дали е практично да организираат сведочење на јавни места. Штандовите и количките со литература може да се постават на прометни автобуски и железнички станици, плоштади, паркови, прометни улици, трговски центри, студентски домови, аеродроми и места каде што се одржуваат годишни манифестации. Практично е штандот да биде поставен на истото место, во истите денови од седмицата и во истото време. Искуството покажува дека подобри резултати има кога штандовите се поставени во трговските центри отколку пред некоја голема продавница каде што луѓето обично гледаат побрзо да ја завршат работата за којашто дошле. На некои места, како што се прометните тротоари, можеби ќе биде подобро да се постават помали колички со плакати и со литература. Старешините можат од нашата интернет-страница да преземат фајлови за плакати за списанијата Стражарска кула и Разбудете се! и за книгата Што учи Библијата? Овие фајлови се направени посебно за овој вид на сведочење на јавни места. Оние што ќе учествуваат во овој вид сведочење, ќе сведочат на сличен начин како и оние што учествуваат во сведочењето на прометни места во големите градови. Тие треба тесно да се држат за упатствата од надгледникот за служба. Ако некое заинтересирано лице кое не живее на подрачјето на нивното собрание им остави адреса, треба веднаш да пополнат формулар Те молиме, посети го ова лице (S-43) и да му го предадат на секретарот.
8. Иако можеби собранието не организира некој вид на сведочење на јавни места, каква можност имаме?
8 Сведочење на јавни места како дел од твојата служба: Некои собранија можеби на своето подрачје немаат места на кои има голема раздвиженост од луѓе поради што не ќе можат да постават штанд или да користат колички со плакати и со литература. Меѓутоа, објавителите и од тие собранија се поттикнати да сведочат на јавни места. Дали на вашето подрачје има трговски центар, пазар или супермаркет? Има ли парк или место каде што се собираат луѓето? Има ли некои јавни настани што одвреме-навреме се одржуваат на вашето подрачје? Ако да, тогаш и ти ќе можеш да сведочиш на јавни места.
9. Зошто треба да проповедаме секаде каде што има луѓе?
9 Јеховина волја е „најразлични луѓе да се спасат и добро да ја запознаат вистината“ (1. Тим. 2:4). Затоа, вложуваме труд да достигнеме колку што е можно повеќе луѓе со пораката за Царството пред да дојде крајот (Мат. 24:14). Во многу места е тешко да ги најдеме луѓето дома. Сепак, би можеле да зборуваме со нив на јавни места. Можеби тоа е единствениот начин на кој ќе добијат можност да ја слушнат добрата вест. Затоа, потполно да ја извршиме нашата служба така што ќе проповедаме секаде каде што има луѓе (2. Тим. 4:5).
[Рамка на страница 5]
Потребна е добра соработка
Има случаи кога објавители од соседни собранија понекогаш сведочат јавно на иста улица, на ист паркинг и пред исти продавници или автобуски и железнички станици. Објавители од различни собранија оставале списанија во исти чекалници и јавни простории и проповедале во исти деловни објекти. Ова е причина зошто понекогаш тамошните вработени и луѓето што живеат во околината се лути, дури и кога објавителите од различните собранија не проповедаат во ист момент. Затоа, обично е најдобро кога сведочиме на јавни места, да не ги преминуваме границите на нашето собраниско подрачје.
Ако објавителите сакаат да сведочат на јавни места што се на подрачјето на друго собрание, треба прво да зборуваат со својот надгледник за служба. Тој може да стапи во контакт со надгледникот на тоа собрание за да добие дозвола пред објавителите од неговото собрание да почнат со сведочење. Кога на едно исто подрачје е одобрено да сведочат собранија на различни јазици, надгледниците за служба треба добро да соработуваат за да не ги вознемируваме луѓето непотребно. Добрата соработка помага сѐ да биде „пристојно и така како што е редот“ (1. Кор. 14:40).
[Слика на страница 6]
[Слика на страница 6]