Изреки
14 Жената која е вистински мудра си го гради домот,
а глупавата го руши со свои раце.
2 Оној што живее чесно има стравопочит кон Јехова,
а оној што постапува расипано го презира.
3 Вообразените зборови на безумникот се како удари од прачка,
а мудрите ги штити нивната уста.
4 Каде што нема говеда, јаслите се чисти,
а силата на бикот донесува богата жетва.
5 Доверливиот сведок не кажува лаги,
а лажниот сведок лаже штом ќе отвори уста.
6 Оној што се потсмева бара мудрост, но не ја наоѓа,
а разборитиот лесно доаѓа до знаење.
7 Држи се настрана од безумникот
бидејќи од неговата уста нема да чуеш ништо паметно.
8 Мудроста му помага на паметниот да разбере каде води неговиот пат,
а безумните ги заслепува нивната глупавост.*
10 Секој си ја знае горчината во срцето,
и никој друг не може да ја разбере неговата радост.
12 Некој пат му се чини на човекот исправен,
но на крајот води во смрт.
13 Дури и кога се смее, човек може да чувствува болка во срцето,
и радоста може да заврши со тага.
14 Кој е бунтовен во срцето, ќе ги пожнее последиците од своите постапки,
а добриот човек ќе биде награден за своите дела.
19 Лошите луѓе ќе мора да им се поклонат на добрите,
и злобните ќе се поклонат пред портите на праведните.
20 Сиромашниот го мразат дури и неговите блиски,
а богатиот има многу пријатели.
21 Оној што го презира својот ближен прави грев,
а оној што покажува сочувство кон бедните е среќен.
22 Зарем оние што кројат зли планови не застрануваат?
Но, на оние што се решени да прават добро ќе им биде покажана љубов* и верност.
23 Од секој труд има корист,
а празните зборови водат во немаштија.
24 Круна на мудрите е нивното богатство,
а на безумните им останува само нивната глупавост.
25 Чесниот сведок спасува животи,
а лажниот сведок лаже штом ќе отвори уста.
26 Оние што покажуваат стравопочит кон Јехова имаат целосна доверба во него,
и нивните синови ќе најдат прибежиште.
27 Стравопочитта кон Јехова е извор на животот,
избавува од замките на смртта.
28 Многубројниот народ е слава за царот,
а кога нема поданици, владетелот пропаѓа.
31 Оној што го искористува бедниот го навредува неговиот Творец,
а оној што покажува сочувство кон сиромашните му оддава чест.
32 Злобниот ќе го уништи сопствената злоба,
а праведниот ќе биде заштитен поради својата беспрекорност.
34 Праведноста го возвишува народот,
а гревот го срамоти.
35 На царот му е мил слугата што постапува разборито,
а се гневи на оној што постапува срамно.