Исаија
65 „Дозволив да ме бараат+ оние што не прашаа за мене.+ Дозволив да ме најдат* оние што не ме бараа.+ На народот што не го повикуваше моето име+ му реков: ‚Еве ме, еве ме!‘+
2 Цел ден ги подавам рацете кон тврдокорен+ народ, кој оди по пат што не е добар+ и оди по своите мисли,+ 3 кон народ што постојано ме навредува+ в лице, бидејќи принесува жртви во градините+ и ги гори приносите+ на тули,* 4 седи меѓу гробови,+ ноќите ги поминува по колибите за бдеење, јаде свинско месо+ и во неговите чинии има супа од она што е нечисто,+ 5 и вели: ‚Застани! Не приоѓај ми, за мојата светост да не премине на тебе!‘+ Тие ми се чад во носниците,+ оган што гори по цел ден.+
6 Еве, напишано е пред мене.+ Нема да молчам,+ туку ќе им платам,+ ќе им платам во нивните пазуви,+ 7 за нивните престапи и за престапите на нивните татковци заедно“,+ вели Јехова. „Поради тоа што гореа приноси на планините и ме срамотеа+ на ридовите,+ пред да направам што и да е друго, јас ќе им ја одмерам платата во нивните пазуви.“+
8 Вака вели Јехова: „Како што велат за гроздот во кој се наоѓа младото вино:+ ‚Не уништувајте го,+ зашто во него има благослов!‘+ — така ќе направам и јас поради своите слуги за да не ги уништам сите.+ 9 Ќе изведам од Јаков потомство+ и од Јуда наследник на моите планини,+ и моите избраници ќе ја заземат земјата,+ моите слуги ќе живеат таму.+ 10 Сарон+ ќе стане пасиште за овци,+ а долината Ахор+ пладниште за стока — за мојот народ што ќе ме бара мене.+
11 А вие го оставате Јехова,+ ја заборавате мојата света гора,+ му поставувате трпеза на богот на Среќата+ и му точите зачинето вино на богот на Судбината.+ 12 Јас ќе направам мечот+ да биде ваша судбина и сите ќе паднете на колена за да ве заколат.+ Зашто, повикував,+ но не се одѕвавте, зборував, но не слушавте,+ туку го правевте она што е зло во мои очи+ и го избравте она што не ми е по волја“.+
13 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, моите слуги ќе јадат,+ а вие ќе гладувате.+ Еве, моите слуги ќе пијат,+ а вие ќе жедувате.+ Еве, моите слуги ќе се радуваат,+ а вие ќе се срамите.+ 14 Еве, моите слуги ќе воскликнуваат од радост во срцето,+ а вие ќе викате од болка во срцето и горко ќе плачете поради скршениот дух.+ 15 Ќе го оставите своето име за да се заколнуваат* моите избраници, и Севишниот Господар Јехова ќе го погуби секого од вас,+ а своите слуги ќе ги нарече со друго име.+ 16 И секој што ќе бара благослов на земјата, ќе бара благослов од верниот Бог,+ и секој што ќе се заколнува на земјата, ќе се заколнува во верниот Бог.+ Зашто, поранешните неволји ќе бидат заборавени и ќе бидат скриени од моиве очи.+
17 Зашто, еве, јас создавам нови небеса+ и нова земја.+ Она што беше порано нема да доаѓа во сеќавање,+ ниту ќе се јавува во срцето.+ 18 Туку, радувајте се+ и веселете се довека поради она што го создавам!+ Зашто, еве, ќе направам Ерусалим да биде причина за веселба и неговиот народ причина за радост.+ 19 Ќе се веселам поради Ерусалим и ќе се радувам поради својот народ,+ и во него повеќе нема да се чуе ниту плач ниту тажен лелек“.+
20 „Таму ќе нема доенче што ќе живее само неколку дена,+ ниту старец кој нема да ги проживее сите свои години.+ Зашто, дури и некој да умре на сто години, ќе биде само дете, а грешникот ќе биде проколнуван, дури и да има сто години.+ 21 Тие ќе градат куќи и ќе живеат во нив,+ ќе садат лозја и ќе го јадат нивниот род.+ 22 Нема тие да градат, а некој друг да живее во нив, нема тие да садат, а некој друг да го јаде нивниот род. Зашто, деновите на мојот народ ќе бидат како деновите на дрвото,+ и моите избраници ќе уживаат во плодовите на своите раце.+ 23 Нема да се трудат залудно+ и нема да раѓаат деца што ќе доживеат несреќа,+ зашто тие се потомство благословено од Јехова,+ тие и нивните потомци.+ 24 Пред да ме повикаат, јас ќе им се одѕвијам;+ уште ќе зборуваат, а јас ќе ги услишам.+
25 Волкот+ и јагнето ќе пасат заедно,+ лавот ќе јаде слама како говедо,+ а змијата ќе се храни со прав.+ Нема повеќе да се прави зло+ и нема да се пустоши на целата моја света гора“,+ вели Јехова.