1. Тимотеј
5 Немој да прекоруваш постар човек,+ туку советувај го како татко, помладите мажи како браќа, 2 постарите жени+ како мајки, а помладите жени како сестри+ — со сета чистота.
3 Почитувај ги вдовиците кои навистина се вдовици.+ 4 Но, ако некоја вдовица има деца или внуци, првин тие нека научат со дела да покажуваат оддаденост на Бог во својот дом+ и да им возвраќаат на своите родители,+ како и на дедовците и бабите, за она што го добиле од нив, бидејќи тоа е прифатливо за Бог.+ 5 А жената која навистина е вдовица, и кога е во немаштија+ се надева на Бог+ и истрајно упатува барања* и молитви ноќ и ден.+ 6 Но онаа што им се предава на задоволствата+ е мртва,+ иако живее. 7 Заповедај им го тоа,+ за да бидат беспрекорни.+ 8 Навистина, ако некој не се грижи за своите,+ а посебно за домашните,+ се одрекол+ од верата+ и полош е од неверник.
9 На список нека биде ставена онаа вдовица што има најмалку шеесет години, која му била верна на мажот,+ 10 која е позната по своите добри дела:+ одгледала деца,+ била гостољубива,+ им ги миела нозете на светите,+ им помагала на оние што биле во неволја,+ марливо правела секакво добро дело.+
11 А помладите вдовици не ставај ги на список зашто, кога нивните сексуални нагони ќе им станат поважни од Христос,+ сакаат да се мажат, 12 па заслужуваат осуда, бидејќи ја отфрлиле верата што ја имале на почетокот.+ 13 А покрај тоа се учат да бидат без работа, да скитаат по куќите, и не само што се без работа, туку и озборуваат, се мешаат во туѓи работи+ и зборуваат што не би требало. 14 Затоа сакам помладите вдовици да се мажат,+ да раѓаат деца,+ да водат домаќинство, да не му даваат повод на противникот да зборува погрдно за нас.+ 15 Некои, всушност, веќе застранија и отидоа по Сатаната. 16 Ако некоја верница има вдовици во своето семејство, нека им помага+ за да не се оптоварува собранието. Тогаш собранието може да им помага на оние што навистина се вдовици.+
17 Старешините, кои ве предводат+ на добар начин, сметајте ги за достојни за двојна чест,+ особено оние што марливо говорат и поучуваат за Божјата реч.+ 18 Зашто, во Писмото стои: „Не врзувај му ја устата на бикот, кој го врши житото“+ и „Работникот ја заслужува својата плата“.+ 19 Не примај обвинение против старешина, освен на темел на изјава од двајца или тројца сведоци.+ 20 Оние што прават грев,+ укори ги+ пред сите, за да имаат страв и другите.+ 21 Те заколнувам пред Бог и пред Христос Исус+ и пред избраните ангели, да се држиш за ова и да не донесуваш суд однапред, и ништо да не правиш од пристрасност.+
22 Врз никого не полагај раце пребрзо+ и не учествувај во гревовите на другите.+ Чувај се себеси чист!+
23 Повеќе не пиј вода, туку земај по малку вино+ поради желудникот и честите свои болести.
24 Гревовите на некои луѓе се видливи+ за сите и веднаш водат до осуда, додека гревовите на други се покажуваат подоцна.+ 25 Така и добрите дела се видливи за сите,+ а оние што не се, не можат да се скријат.+