Даниел
8 Во третата година од царувањето на цар Валтазар,+ мене, Даниел, ми дојде видение по она кое ми се појави во почетокот.+ 2 Почнав да гледам во видението, и додека гледав, се најдов во тврдината Суза,+ која е во покраината Елам.+ Гледајќи понатаму во видението, се најдов на реката Улај.+ 3 Кога ги подигнав очите и погледнав, гледај, покрај реката стоеше овен+ кој имаше два рога. Двата рога беа високи, но едниот беше повисок од другиот, а оној повисокиот израсна подоцна.+ 4 Видов како овенот бодеше кон запад, кон север и кон југ, и ниту еден ѕвер не можеше да му се спротивстави, и немаше кој да избавува од него.+ Правеше што сакаше и се вообрази.
5 И додека набљудував, гледај, еден јарец+ доаѓаше од запад по површината на целата земја, без да ја допре земјата. Јарецот имаше забележлив рог меѓу очите.+ 6 И му се приближуваше на овенот со двата рога, кого го видов како стои покрај реката, и се затрча кон него со силен гнев.
7 Видов како дојде до овенот и, полн со горчина, го нападна, удирајќи го додека не му ги скрши двата рога, а овенот немаше сила да му се спротивстави. И го собори на земја и го згази, и немаше кој да го избави овенот од него.+
8 А јарецот се вообрази+ преку секоја мера. Но штом стана силен, големиот рог му се скрши, и наместо него израснаа четири забележливи рога свртени кон четирите небесни ветрови.*+
9 Од едниот од нив излезе еден друг, мал рог,+ кој растеше сѐ повеќе кон југ и кон исток и кон Убавината.+ 10 И порасна сѐ до небесната војска,+ така што собори на земја некои од војската и од ѕвездите,+ и ги згази.+ 11 Горделиво се издигна сѐ до Кнезот+ на војската, па му ја одзеде секојдневната жртва,*+ и тој го опустоши утврденото место на неговото светилиште.+ 12 Поради престапот,+ на крајот беше предадена и војската+ заедно со секојдневната жртва.+ И тој ја соборуваше вистината+ на земја,+ и успеваше во тоа што го правеше.+
13 И чув како еден од светите+ зборува, а еден друг од светите му рече на оној што зборуваше: „До кога ќе трае видението за секојдневната жртва,+ и за престапот поради кој се пустоши+ и поради кој се газат светото место и војската?“+ 14 А тој ми рече: „Додека не поминат две илјади и триста вечери и утра. Потоа светото место сигурно ќе биде доведено во исправна состојба“.+
15 И додека јас, Даниел, го гледав видението и барав да го разберам,+ гледај, пред мене застана некој што личеше на човек.+ 16 И зачув глас од човекот кој беше сред Улај,+ кој повика: „Гавриеле,+ објасни му го видението!“+ 17 И тој дојде таму каде што стоев, но кога дојде, се уплашив и паднав ничкум. А тој ми рече: „Разбери,+ сине човечки,+ дека ова видение се однесува на времето на крајот“.+ 18 И додека зборуваше со мене, цврсто заспав со лицето на земја.+ Тогаш ме допре и ме исправи на местото каде што стоев.+ 19 Потоа рече: „Еве, ќе ти кажам што ќе се случи во завршниот период од осудата, зашто тоа се однесува на одреденото време на крајот.+
20 Овенот што го виде, кој имаше два рога, ги претставува царевите на Медија и Персија.+ 21 Рунтавиот јарец го претставува царот на Грција,+ а големиот рог што му беше меѓу очите го претставува првиот цар.+ 22 А тоа што тој рог се скрши, па наместо него израснаа четири рога,+ значи дека од неговиот народ ќе се подигнат четири царства, но нема да ја имаат неговата моќ.
23 И кон крајот на нивното царување, кога престапниците ќе ја навршат мерата, ќе се подигне цар со сурово лице, кој разбира нејасни изјави.+ 24 Тој ќе стекне голема моќ, но не со сопствената сила.+ Ќе пустоши+ на зачудувачки начин и ќе биде успешен и делотворен. И ќе ги уништува моќните и народот на светите.+ 25 Поради неговата проникливост, измамата ќе успева во негова рака.+ Во своето срце ќе се возгордее,+ и во мирно време+ ќе уништи мнозина. И ќе стане против Кнезот над кнезовите,+ но ќе биде скршен,+ и тоа не со човечка рака.
26 Она што е речено во видението за вечерта и за утрото е вистинито.+ А ти, запечати го видението, зашто треба да се исполни по многу денови“.+
27 Тогаш јас, Даниел, се почувствував сосема исцрпен и боледував неколку дена.+ Потоа станав за да ги извршувам работите на царот,+ но и понатаму бев збунет поради виденијата, и немаше кој да го разбере тоа.+