Исаија
2 Ова го виде во видение Исаија, синот на Амос, во врска со Јуда и Ерусалим:+ 2 Во последните денови,+ гората на Јеховиниот дом+ ќе стои цврсто над планинските врвови+ и ќе се возвишува над ридовите,+ и сите народи ќе се слеваат кон неа.+ 3 И многу народи ќе одат, велејќи: „Дојдете!+ Да појдеме на Јеховината гора, во домот на Богот Јаковов! Тој ќе нѐ поучува за своите патишта, и ќе одиме по неговите патеки“.+ Зашто, од Сион ќе излезе закон, и од Ерусалим Јеховината реч.+ 4 Тој ќе суди меѓу народите+ и ќе создаде складност меѓу многу народи.+ Тие ќе ги прековаат своите мечеви во плугови и своите копја во српови.+ Народ против народ повеќе нема да крева меч и повеќе нема да учат да војуваат.+
5 Ајде, доме Јаковов, да одиме во Јеховината светлина!+
6 Ти си го оставил својот народ, домот Јаковов,+ бидејќи е полн со она што доаѓа од Исток,+ и се занимаваат со магија+ како Филистејците и има многу деца на туѓинци меѓу нив.+ 7 Земјата им е полна со сребро и злато и нема крај на нивното богатство.+ Земјата им е полна со коњи и им нема број на нивните коли.+ 8 Земјата им е полна со безвредни богови.+ Му се клањаат на делото на човечки раце, на она што го направиле човечки прсти.+ 9 Се понизува земниот човек, се понижува човекот. Тоа, едноставно, не можеш да им го простиш.+
10 Вовлечи се во карпа и скриј се во земјата поради стравот од Јехова и од неговата величествена возвишеност!+ 11 Ќе се понизат надмените очи на земниот човек, ќе биде понижена човечката горделивост.+ Само Јехова ќе биде возвишен во тој ден.+ 12 Зашто, тоа е денот на Јехова над војските.+ Доаѓа против сите што се возвишуваат себеси и против сите горделиви, против сите што се високо и против сите што се ниско,+ 13 против сите горделиви и високи ливански кедри+ и против сите големи васански+ стебла, 14 против сите високи планини и против сите издигнати ридови,+ 15 против сите високи кули и против сите утврдени ѕидови,+ 16 против сите тарсиски бродови+ и против сите скапоцени кораби. 17 Понижена ќе биде надменоста на земниот човек, ќе се понизи човечката горделивост.+ Само Јехова ќе биде возвишен во тој ден.+
18 Безвредните богови сосема ќе исчезнат.+ 19 Луѓето ќе влегуваат во пештерите, во карпите и во дупките во земјата поради стравот од Јехова и од неговата величествена возвишеност,+ кога тој ќе стане и кога ќе затрепери земјата пред него.+ 20 Во тој ден земниот човек ќе им ги фрли на кртиците и на лилјаците своите безвредни сребрени богови и ништожни златни богови, што му ги имаат направено за да им се клања,+ 21 и ќе влегува во шуплините од карпите и во процепите од стрмните карпи, поради стравот од Јехова и од неговата величествена возвишеност,*+ кога тој ќе стане и кога ќе затрепери земјата пред него. 22 Затоа, престанете да се надевате на земниот човек, чиј здив е во неговите носници!+ Зашто, што е тој, па некој да држи до него?+