1. Јованово
2 Дечиња мои, ова ви го пишувам за да не направите грев.+ Но, ако некој и направи грев, имаме помошник+ кај Таткото — Исус Христос, праведникот.+ 2 Тој е жртва+ помирница+ за нашите гревови,+ и не само за нашите+ туку и за гревовите на целиот свет.+ 3 По тоа знаеме дека го познаваме,+ ако ги држиме неговите заповеди. 4 Оној што вели: „Го познавам“,+ а не ги држи неговите заповеди,+ лажливец е и вистината не е во него.+ 5 Но кој ја држи неговата реч,+ љубовта кон Бог што тој ја има во себе е навистина совршена.+ По тоа знаеме дека сме во единство со него.+ 6 Оној што вели дека останува во единство со него,+ должен е и самиот да живее онака како што живееше* и тој.+
7 Сакани, не ви пишувам нова заповед, туку стара заповед,+ која ја имавте од почетокот.+ Таа стара заповед е речта што ја чувте. 8 И пак, ви пишувам нова заповед, која се обистинува во него и во вас, зашто темнината+ поминува и вистинската светлина+ веќе свети.
9 Кој вели дека е во светлина, а го мрази својот брат,+ во темнина е сѐ досега.+ 10 Кој го сака својот брат, останува во светлината,+ и кај него нема повод за спрепнување.+ 11 Но кој го мрази својот брат, во темнина е, живее* во темнина+ и не знае каде оди,+ бидејќи темнината му ги заслепила очите.
12 Ви пишувам вам, дечиња, зашто поради неговото име ви се простени гревовите.+ 13 Ви пишувам вам, татковци, бидејќи го запознавте оној што е од почетокот.+ Ви пишувам вам, млади мажи,+ бидејќи го победивте Злобниот.+ Ви пишувам вам, деца,+ бидејќи го запознавте Таткото.+ 14 Ви пишувам вам, татковци,+ зашто го запознавте оној што е од почетокот.+ Ви пишувам вам, млади мажи, бидејќи сте јаки+ и речта Божја останува во вас+ и го победивте Злобниот.+
15 Немојте да го сакате ниту светот ниту она што е во светот!+ Ако некој го сака светот, љубовта кон Таткото не е во него,+ 16 бидејќи сѐ што е во светот+ — желбата на телото+ и желбата на очите+ и истакнувањето на својот имот+ — не потекнува од Таткото, туку потекнува од светот.+ 17 А светот поминува и неговата желба,+ но оној што ја врши Божјата волја,+ останува засекогаш.+
18 Деца, последниот час е+ и, како што сте чуле дека ќе дојде антихристот,+ веќе сега се појавија многу антихристи.+ По тоа знаеме дека е последниот час. 19 Излегоа од нас, но не беа од нас,+ зашто ако беа од нас, ќе останеа со нас.+ Но излегоа, за да се види дека сите не се од нас.+ 20 А вие имате помазание од Светиот,+ сите вие ја знаете вистината.+ 21 Не ви пишувам затоа што не ја знаете вистината,+ туку затоа што ја знаете+ и затоа што никаква лага не потекнува од вистината.+
22 Кој е лажливец ако не оној што одрекува дека Исус е Христос?*+ Тоа е антихристот,+ оној што ги одрекува Таткото и Синот.+ 23 Секој што го одрекува Синот, го нема ни Таткото.+ Оној што го признава+ Синот, го има и Таткото.+ 24 А во вас нека остане она што сте го чуле од почетокот.+ Ако она што сте го чуле од почетокот остане во вас, и вие ќе останете во единство со Синот+ и во единство со Таткото.+ 25 А ова е ветувањето кое самиот ни го вети: вечниот живот.+
26 Ова ви го пишувам во врска со оние што се обидуваат да ве заведат.+ 27 А во вас останува помазанието,+ кое го примивте од него, и никој не треба да ве поучува,+ туку помазанието од него ве учи за сѐ+ — а тоа е вистинито+ и не е лага — и како што ве поучи, останете во единство+ со Него. 28 И сега, дечиња,+ останете во единство со него,+ така што, кога ќе се појави,+ да имаме слобода на говорот+ и да не бидеме посрамени и одвоени од него за време на неговата присутност.*+ 29 Ако знаете дека тој е праведен,+ тогаш знаете дека секој што го врши она што е праведно, роден е од него.+