Изреки
22 Подобро е да избереш добро име отколку големо богатство,+ и наклоноста од другите е подобра од среброто и златото.+
2 Богатиот и сиромавиот се среќаваат еден со друг.+ И двајцата ги создал Јехова.+
3 Паметниот човек го гледа злото и се трга,+ а глупавите* одат понатаму и ја трпат казната.+
4 Понизноста и стравот од Јехова донесуваат богатство, чест и живот.+
5 На патот на расипаниот човек има трње и замки;+ кој си ја чува душата, се држи далеку од нив.+
6 Воспитувај го детето според патот по кој треба да оди,+ па нема да скршне од него ни кога ќе остари.+
7 Богаташот владее над сиромасите,+ и кој зема на заем, слуга му е на оној што му го дава заемот.+
8 Кој сее неправда, ќе пожнее зло,+ а прачката со која удира во својот бес ќе пропадне.+
9 Кој има добронамерно око, ќе биде благословен, зашто му дава од својот леб на сиромавиот.+
10 Избркај го потсмевачот, за да си отиде караницата и за да прекине спорот и срамот.+
11 На оној што ја сака чистотата на срцето+ и убаво зборува со своите усни, царот му е пријател.+
12 Очите на Јехова го чуваат знаењето,+ а тој ги претвора во пропаст зборовите на оној што постапува неверно.+
13 Мрзливецот вели:+ „Надвор има лав!+ Ќе загинам среде плоштад!“
14 Устата на блудницата* е длабока јама.+ Тој што е осуден од Јехова, паѓа во неа.+
15 Глупоста е приврзана за срцето на детето;+ прачката на поуката* ја отстранува од него.+
16 Кој го мами сиромашниот за да натрупа многу работи за себе,+ и кој му дава на богатиот, сигурно ќе падне во немаштија.+
17 Приклони го увото и чуј ги зборовите на мудрите луѓе,+ насочи го срцето кон моето знаење.+ 18 Зашто, ќе ти биде пријатно кога ќе ги зачуваш во својата внатрешност+ и кога ќе бидат готови да излезат преку твоите усни.+
19 Денес те поучувам тебе за да имаш доверба во Јехова.+
20 Зар веќе не ти пишав зборови полни со совети и знаење,+ 21 за да ти ја покажам вистинитоста на веродостојните зборови, за да му возвратиш со зборови на вистина на оној што ќе те испрати?+
22 Не ограбувај го сиромавиот затоа што е сиромав,+ и не гази го на градските порти оној што е во неволја.+ 23 Зашто, Јехова ќе ја води нивната парница+ и ќе им ја грабне душата на оние што грабаат од нив.+
24 Не дружи се со оној што е склон кон лутина+ и не оди со човек кој лесно се разгневува, 25 за да не се навикнеш на неговите патишта, па да си поставиш замка за душата.+
26 Не биди меѓу оние што даваат рака,+ кои гарантираат за долгови.+ 27 Ако немаш со што да платиш, зошто да ти ја земат и постелата од под тебе?
28 Не преместувај ги старите меѓи, кои ги поставиле твоите татковци.+
29 Си видел ли човек вешт во својата работа? Таквиот ќе стои пред цареви,+ нема да стои пред обични луѓе.