א [алеф]
119 Среќни се оние што се непорочни на својот пат,+
оние што живеат според Јеховиниот закон.+
2 Среќни се оние што ги држат неговите опомени.+
Тие го бараат со сето срце+
3 и никако не вршат неправда,+
туку одат по неговите патишта.+
4 Ти ни заповеда внимателно да ги извршуваме +
твоите наредби.+
5 О, кога би биле постојани моите патишта+
за да се држам за твоите уредби!+
6 Тогаш не би се посрамил,+
зашто би внимавал на сите твои заповеди.+
7 Ќе те фалам во чесноста на моето срце+
кога ќе ги научам твоите праведни закони.+
8 Ќе се држам за твоите уредби.+
Немој да ме оставиш сосема напуштен!+
ב [бет]
9 Како младиот човек+ ќе го зачува чист својот пат?
Ако внимава на себе според твојата реч.+
10 Со сето свое срце те барам тебе.+
Не дозволувај да скршнам од твоите заповеди.+
11 Ја ставив твојата реч во своето срце+
за да не ти згрешам.+
12 Благословен си ти, Јехова.
Научи ме за своите уредби!+
13 Со своите усни ги објавувам+
сите закони од твојата уста.+
14 Му се радувам на патот на твоите опомени,+
како и на сѐ друго што е вредно.+
15 Ќе размислувам за твоите наредби+
и ќе внимавам на твоите патишта.+
16 Ќе покажам дека ги сакам твоите одредби.+
Нема да ја заборавам твојата реч.+
ג [гимел]
17 Направи ми добро мене, твојот слуга, за да живеам+
и да се држам за твоите зборови.+
18 Отвори ми ги очите за да ги видам+
убавините на твојот закон.+
19 Јас сум само дојденец во земјата.+
Немој да ги скриеш своите заповеди од мене.+
20 Душата моја премале од копнеж+
по твоите закони во секое време.+
21 Ти ги прекори проклетите горделивци,+
кои отстапуваат од твоите заповеди.+
22 Симни ги од мене срамот и презирот,+
зашто јас се држам за твоите опомени.+
23 Седнаа кнезовите, зборуваат меѓу себе против мене.+
А твојот слуга размислува за твоите уредби.+
24 Ги сакам твоите опомени,+
тие ми се советници.+
ד [далет]
25 Мојата душа веќе лежи во правот.+
Зачувај ме жив според својата реч.+
26 Ти кажав за своите патишта за да ми одговориш.+
Научи ме за своите уредби.+
27 Помогни ми да го разберам патот по кој ме водат твоите наредби,+
за да размислувам за твоите чудесни дела.+
28 Мојата душа нема сон од тага.+
Подигни ме според твојата реч.+
29 Отстрани го од мене кривиот пат,+
милостиво поучи ме за својот закон.+
30 Го избрав патот на верноста.+
Твоите закони ми се добри.+
31 Цврсто се држам за твоите опомени.+
О Јехова, немој да ме посрамиш!+
32 Ќе трчам по патот на твоите заповеди,+
зашто ти ми го шириш срцето за да ги собере во него.+
ה [хеј]
33 Поучи ме, о Јехова, за патот на твоите уредби,+
за да се држам за него сѐ до крајот!+
34 Помогни ми да разберам за да се држам за твојот закон,+
за да се држам за него со сето свое срце.+
35 Упати ме по патеката на твоите заповеди,+
зашто уживам да одам по неа.+
36 Приклони го моето срце кон своите опомени,+
а не кон добивка.+
37 Одврати ми ги очите од безвредни работи,+
зачувај ме жив на својот пат.+
38 Исполни му ја својата реч на твојот слуга,+
која го води кон страв од тебе.+
39 Отстрани го мојот срам, од кој се плашам,+
зашто твоите закони се добри.+
40 Еве, копнеам по твоите наредби.+
Во својата праведност зачувај ме жив!+
ו [вав]
41 И нека дојде на мене твојата милост, Јехова,+
спасението од тебе според твојата реч,+
42 за да му одговорам на оној што ме срамоти,+
бидејќи имам доверба во твојата реч!+
43 Немој да ја одземеш речта на вистината од мојата уста,+
зашто ги чекам твоите закони.+
44 Ќе го држам секогаш твојот закон,+
довека, во сета вечност.+
45 Ќе одам низ широко место,+
зашто ги барам твоите наредби.+
46 Ќе зборувам пред царевите за твоите опомени+
и нема да се посрамам.+
47 Ќе уживам во твоите заповеди,+
кои ги сакам.+
48 Ќе ги подигнам рацете кон твоите заповеди, кои ги сакам,+
и ќе размислувам за твоите уредби.+
ז [заин]
49 Сети се на својот збор што му го кажа на твојот слуга,+
него го чекам+ според твоето ветување.
50 Ова ми е утеха во мојата неволја,+
зашто твојата реч ми го чува животот.+
51 Горделивците ме исмејуваат преку секоја мера,+
но од твојот закон не отстапувам.+
52 Јехова, се сеќавам на твоите закони од дамнина,+
и наоѓам утеха во нив.+
53 Бес ме обзеде поради злите,+
кои го оставаат твојот закон.+
54 Твоите уредби ми се како песна+
во куќата во која сум дојденец.+
55 Ноќе си спомнувам за твоето име, Јехова,+
за да го држам твојот закон.+
56 Сето ова ми се случува,
зашто се држам за твоите наредби.+
ח [хет]
57 Јехова е моето наследство;+
ветив дека ќе се држам за твоите зборови.+
58 Со сето срце настојувам да го смилостивам твоето лице.+
Смилувај ми се според својата реч!+
59 Размислувам за своите патишта+
за да ги насочам нозете назад кон твоите опомени.+
60 Побрзав и не се колебав+
да се држам за твоите заповеди.+
61 Јажињата на злите ме обвија.+
Јас не го заборавив твојот закон.+
62 На полноќ станувам да ти благодарам+
за твоите праведни закони.+
63 Другар сум им на сите што се бојат од тебе+
и на оние што се држат за твоите наредби.+
64 Твојата милост, Јехова, ја исполни земјата.+
Научи ме за своите уредби!+
ט [тет]
65 Ти му направи добро на својот слуга,+
о Јехова, според својата реч.+
66 Научи ме на добрина+ и на разумност,+ и дај ми знаење,+
зашто верувам во твоите заповеди.+
67 Пред да западнам во неволја, грешев несакајќи,+
но сега се држам за твојата реч.+
68 Ти си добар и правиш добро.+
Научи ме за своите уредби!+
69 Горделивците ме оцрнуваат со лаги.+
А јас со сето срце ќе се држам за твоите наредби.+
70 Нивното срце е бесчувствително како сало,+
а јас уживам во твојот закон.+
71 Добро ми е што сум во неволја,+
за да ги научам твоите уредби.+
72 Законот+ од твојата уста е за мое добро,+
подобар е од илјадници златници и сребреници.+
י [јуд]
73 Твоите раце ме создадоа и ме зацврстија.+
Дај ми разбирање, за да ги научам твоите заповеди.+
74 Оние што се бојат од тебе ме гледаат и се радуваат,+
зашто ја чекам твојата реч.+
75 Знам, Јехова, дека твоите закони се праведни+
и дека во својата верност ме казни.+
76 Те молам, твојата милост нека ми биде утеха,+
според зборот што му го кажа на својот слуга.+
77 Нека дојде врз мене твоето милосрдие за да останам жив,+
зашто уживам во твојот закон.+
78 Нека се посрамат горделивците, зашто ме заведуваат без причина.+
А јас размислувам за твоите наредби.+
79 Нека ми се приклонат оние што се бојат од тебе+
и ги познаваат твоите опомени.+
80 Моето срце нека ги држи беспрекорно твоите уредби+
за да не се засрамам.+
כ [каф]
81 Душата ми гине од копнеж по твоето спасение,+
ја чекам твојата реч.+
82 Очите ми гинат од копнеж по твојата реч+
додека велам: „Кога ќе ме утешиш?“+
83 Зашто, станав како мешина+ во чад,
но твоите уредби не ги заборавам.+
84 Колку дена има твојот слуга?+
Кога ќе извршиш пресуда над моите прогонители?+
85 Горделивците ми ископаа јами за да паднам во нив,+
тие што не живеат според твојот закон.+
86 Сите твои заповеди се верни.+
Без причина ме прогонуваат. Помогни ми!+
87 За малку ќе ме затреа на земјата,+
но јас не ги оставив твоите наредби.+
88 Според својата милост зачувај ме жив,+
за да се држам за опомените од твојата уста!+
ל [ламед]
89 Твојата реч, о Јехова,
довека+ стои на небесата.+
90 Твојата верност трае од поколение во поколение.+
Си ја зацврстил земјата, и таа стои.+
91 Според твоите закони, сето тоа стои до ден-денес,+
зашто сите тие се твои слуги.+
92 Да не уживав во твојот закон,+
ќе загинев во својата неволја.+
93 Нема да ги заборавам твоите наредби никогаш,+
зашто преку нив ми го чуваш животот.+
94 Јас сум твој. Спаси ме,+
зашто ги барам твоите наредби.+
95 Злите ме демнат за да ме убијат,+
а јас грижливо внимавам на твоите опомени.+
96 На сѐ што е совршено му ја гледам границата,+
но твојата заповед е далекосежна.
מ [мем]
97 Колку го сакам твојот закон!+
Цел ден размислувам за него.+
98 Твојата заповед ме прави помудар од моите непријатели,+
зашто таа ќе биде моја довека.+
99 Стекнав поголема разборитост отколку сите мои учители,+
зашто размислувам за твоите опомени.+
100 Поразборит сум и од старците,+
зашто се држам за твоите наредби.+
101 Од секој зол пат ги отстранувам своите нозе,+
за да се држам за твојата реч.+
102 Од твоите закони не отстапив,+
зашто ти ме поучи.+
103 Колку му се пријатни на моето непце твоите зборови!
Попријатни се од медот на мојата уста!+
104 Благодарение на твоите наредби, постапувам разборито.+
Затоа го мразам секој крив пат.+
נ [нун]
105 Твојата реч е светилка на мојата нога+
и светлина за мојата патека.+
106 Дадов заклетва, и ќе ја исполнам+
— ќе се држам за твоите праведни закони.+
107 Во голема неволја сум.+
Јехова, зачувај ме жив според својата реч!+
108 Те молам, Јехова, нека ти бидат пријатни доброволните жртви од мојата уста,+
и научи ме за твоите закони!+
109 Душата ми е постојано во опасност,+
но твојот закон не го заборавив.+
110 Злите ми поставија стапица,+
но од твоите наредби не отстапив.+
111 Твоите опомени ги усвоив засекогаш,+
зашто ми се радост за срцето.+
112 Го насочив своето срце да ги извршува твоите уредби+
довека, сѐ до крајот.+
ס [самек]
113 Ги мразам оние чие срце е поделено,+
а твојот закон го сакам.+
114 Ти си ми скривалиште и штит.+
Твојата реч ја чекам.+
115 Отстапете од мене, злосторници,+
за да можам да се држам за заповедите на својот Бог!+
116 Поддржи ме според својата реч, за да останам жив,+
и поради мојата надеж не дозволувај да се посрамам!+
117 Поддржи ме, за да бидам спасен,+
и ќе внимавам на твоите уредби непрестајно.+
118 Ги отфрлив сите што отстапуваат од твоите уредби,+
зашто нивната препреденост е лажлива.+
119 Како запенета згура, си ги отстранил сите зли од земјата.+
Затоа ги сакам твоите опомени.+
120 Од страв од тебе, низ телото ми минуваат морници,+
поради твоите закони, јас се плашам.+
ע [аин]
121 Донесувам праведна пресуда и го правам она што е исправно.+
Немој да ме оставиш на оние што ме искористуваат!+
122 Заложи се за доброто на својот слуга!+
Не дозволувај да ме искористуваат горделивците!+
123 Очите ми венеат од копнеж по твоето спасение+
и по твојот праведен збор.+
124 Постапи со својот слуга милостиво+
и научи ме за своите уредби.+
125 Јас сум твој слуга.+ Помогни ми да разберам,+
за да ги запознаам твоите опомени!+
126 Време е Јехова да направи нешто.+
А тие го кршат твојот закон.+
127 Јас ги сакам твоите заповеди+
повеќе и од злато, повеќе и од суво злато.+
128 Затоа велам дека сите твои наредби се исправни во сѐ.+
Секој крив пат го мразам.+
פ [пе]
129 Прекрасни се твоите опомени.+
Затоа се држи за нив мојата душа.+
130 Откривањето на твоите зборови просветлува,+
на неискусниот му помага да разбере.+
131 Ширум ја отворам устата и воздивнувам+
од копнеж по твоите заповеди.+
132 Сврти се кон мене и смилувај ми се,+
држејќи се за својот закон според кој им судиш на оние што го сакаат твоето име.+
133 Зацврсти ги моите чекори во твојата реч+
и не дозволувај со мене да завладее никакво зло!+
134 Откупи ме од сите луѓе што ме мамат,+
а јас ќе се држам за твоите наредби!+
135 Твоето лице нека го осветли твојот слуга;+
научи ме за своите уредби!+
136 Потоци солзи ми течат од очите,+
зашто тие не се држат за твојот закон.+
צ [цадик]
137 Ти си праведен, Јехова,+
и твоите закони се справедливи.+
138 Во својата праведност и во ненадминливата верност+
ти ни заповеда да ги држиме твоите опомени.+
139 Гинам од својата ревност,+
зашто моите непријатели ги заборавија твоите зборови.+
140 Твојата реч е многу чиста,+
и твојот слуга ја сака.+
141 Јас сум мал и за презир.+
Твоите наредби не ги заборавив.+
142 Твојата праведност е вечна праведност+
и твојот закон е вистина.+
143 Мака и неволја ме снајдоа.+
Но, јас уживам во твоите заповеди.+
144 Вечна е праведноста на твоите опомени.+
Помогни ми да разберам, за да останам жив.+
ק [куф]
145 Викам од сѐ срце.+ Услиши ме, Јехова!+
Ќе се држам за твоите уредби.+
146 Те викам. Спаси ме!+
Ќе се држам за твоите опомени!+
147 Станав рано, в зори,+ за да викам за помош.+
Ги чекам твоите зборови.+
148 Моите очи ги испреваруваат ноќните стражи,+
за да размислувам за твојата реч.+
149 Чуј го мојот глас во својата милост.+
О Јехова, според својот закон зачувај ме жив!+
150 Се приближуваат оние што трчаат по срамотни дела.+
Се оддалечија од твојот закон.+
151 Ти си близу, Јехова,+
и сите твои заповеди се вистина.+
152 Одамна знам некои твои опомени,+
зашто си ги поставил да траат засекогаш.+
ר [реш]
153 Погледни ја мојава неволја и избави ме,+
зашто не сум го заборавил твојот закон.+
154 Води ја мојата парница и реши ја во моја корист,+
според својата реч, зачувај ме жив!+
155 Спасението е далеку од злите,+
зашто не ги бараат твоите уредби.+
156 Големо е твоето милосрдие, Јехова.+
Според своите закони, зачувај ме жив!+
157 Многубројни се моите прогонители и непријатели.+
Од твоите опомени не отстапувам.+
158 Ги видов измамниците+
и ми се гади од тоа што не се држат за твојата реч.+
159 Гледај колку ги сакам твоите наредби!+
Јехова, според својата милост, зачувај ме жив!+
160 Целата твоја реч е вистина,+
и сите твои праведни закони се вечни.+
ש [син] или [шин]
161 Кнезовите без причина ме прогонуваат,+
но моето срце се бои од твоите зборови.+
162 Јас ѝ се радувам на твојата реч+
како оној што ќе најде голем плен.+
163 Ја мразам лагата+ и ми се гади од неа.+
А го сакам твојот закон.+
164 Седумпати на ден те фалам+
поради твоите праведни закони.+
165 Голем мир имаат оние што го сакаат твојот закон,+
за нив не постои камен за спрепнување.+
166 Се надевам на спасението од тебе, Јехова,+
и ги извршувам твоите заповеди.+
167 Мојата душа се држи за твоите опомени,+
многу ги сакам!+
168 Се држам за твоите наредби и опомени,+
зашто сите мои патишта се пред тебе.+
ת [тав]
169 Мојот повик нека допре до тебе, Јехова!+
Според својата реч, помогни ми да разберам.+
170 Мојата молба за милост нека дојде пред твоето лице.+
Според својата реч избави ме!+
171 Од моите усни нека навира фалба,+
зашто ме учиш за своите уредби.+
172 Мојот јазик нека ја пее твојата реч,+
зашто сите твои заповеди се праведни.+
173 Твојата рака нека ми биде на помош,+
зашто ги одбрав твоите наредби.+
174 Копнеам по спасението од тебе, Јехова,+
и уживам во твојот закон.+
175 Мојата душа нека живее и нека те фали,+
и твоите закони нека ми помогнат.+
176 Заскитав како овца изгубена.+ Побарај го својот слуга,+
зашто не ги заборавив твоите заповеди.+