Изреки
24 Не завидувај им на лошите луѓе+ и не посакувај да бидеш со нив.+ 2 Зашто, нивното срце размислува за грабеж и нивните усни зборуваат за зло.+
3 Со мудрост се гради дом+ и со разборитост се утврдува.+ 4 Знаењето ги полни собите со разновидни вредни работи, скапоцени и убави.+
5 Кој мудро ја користи својата сила, тој е јак,+ и кој има знаење, ја зацврстува својата сила.+ 6 Зашто, со мудро водство се води војна+ и спасот е во мноштвото советници.+
7 На глупавиот вистинската мудрост му е превисока,+ на градската порта тој не ја отвора својата уста.
8 Кој размислува како да направи зло, ќе дојде на глас како зол сплеткар.+
9 Бесрамното и безумно однесување е грев,+ и потсмевачот им е одвратен на луѓето.+
10 Ако се обесхрабриш во денот на неволја,+ ќе ослаби твојата сила.
11 Избави ги оние што ги водат во смрт и спаси ги оние што тетеравејќи се одат на погубување.+ 12 Ако кажеш: „Види, не знаевме за тоа“+ — нема ли оној што ги проценува срцата да распознае+ и нема ли оној што ја набљудува душата твоја да знае+ и да му плати на човекот според неговите дела?+
13 Сине мој, јади мед, зашто е добар, и слаткиот мед од саќе нека ти биде на непцето.+ 14 Исто така, запознај ја и мудроста за доброто на твојата душа.+ Ако ја најдеш, ќе имаш иднина и твојата надеж нема да пропадне.+
15 Немој, како злиот, да го демнеш живеалиштето на праведникот,+ немој да го пустошиш почивалиштето негово.+ 16 Зашто, ако праведникот падне и седум пати, пак ќе стане,+ а злиот ќе пропадне во неволјата.+
17 Кога ќе падне твојот непријател, не радувај се, и кога ќе се сопне, нека не се весели срцето твое,+ 18 за да не види Јехова и за да не го земе тоа за зло и да го тргне својот гнев од него.+
19 Не гневи се на оние што прават зло. Не завидувај им на злите луѓе.+ 20 Зашто, злиот нема иднина,+ светилката на злобните ќе угасне.+
21 Сине мој, бој се од Јехова и од царот.+ Не дружи се со бунтовни луѓе.+ 22 Зашто, нивната пропаст ќе дојде одненадеж,+ и кој ќе забележи кога ќе пропаднат бунтовниците?+
23 И ова се зборови за мудрите:+ не чини да се суди пристрасно.+
24 Оној што му вели на злиот: „Праведен си“,+ народите го проколнуваат, племињата го осудуваат. 25 А на оние што го укоруваат таквиот, тоа им носи задоволство,+ и на нив доаѓа благословот што носи добро.+ 26 Кој одговара чесно, бакнува во уста.+
27 Сврши ја својата работа надвор и уреди си ја нивата.+ Потоа гради го својот дом.
28 Не сведочи неосновано против својот ближен,+ зашто, тогаш глупаво би ги користел своите усни.+ 29 Не вели: „Како што тој ми направи мене, така и јас ќе му направам нему.+ Секому ќе му вратам според неговите дела“.+
30 Поминував покрај нивата на еден мрзливец+ и покрај лозјето на неразумен човек.*+ 31 И гледај, сѐ беше зарастено во плевел.+ Копривите прекриле сѐ, а камениот ѕид беше урнат.+
32 А јас го гледав тоа и го зедов присрце,+ го видов и извлеков поука:*+ 33 малку поспиј си, малку дремни си, малку скрсти си ги рацете и прилегни си,+ 34 па сиромаштијата ќе ти дојде како разбојник и немаштијата како вооружен човек.+