Евреите
6 Затоа сега, кога го оставивме основното учење+ за Христос,+ да напредуваме кон зрелост,+ не поставувајќи одново темел:+ покајанието од мртви дела+ и верата во Бог,+ 2 учењето за крштавања,+ полагањето раце,+ воскресението на мртвите+ и вечниот суд.+ 3 Тоа и ќе го сториме, ако допушти Бог.+
4 Зашто, оние што еднаш биле просветлени+ и го вкусиле небесниот дар+ и го примиле светиот дух+ 5 и ја вкусиле+ добрата Божја реч и силите на поредокот* што доаѓа,+ 6 а потоа отпаднале,+ не е можно да се доведат пак до покајание,+ зашто самите одново го приковуваат на столб* Синот Божји и го изложуваат на срам.+ 7 Имено, земјата, која го впива дождот што често паѓа на неа и потоа раѓа растенија што се корисни за оние за кои таа и се обработува,+ прима благослов од Бог. 8 Но ако раѓа трње и плевел,* се отфрла и близу е до проклетство,+ а на крајот ја запалуваат.+
9 Но, иако вака зборуваме, сакани, уверени сме дека вие одите по еден подобар пат, кој води до спасение. 10 Зашто, Бог не е неправеден, па да го заборави вашето дело и љубовта што ја покажавте кон неговото име,+ така што им служевте на светите+ и продолжувате да им служите. 11 Но сакаме секој од вас да покажува таква трудољубивост за да бидете сѐ до крајот+ потполно сигурни+ во исполнувањето на својата надеж,+ 12 за да не станете мрзливи,+ туку да се угледате на*+ оние што поради својата вера и стрпливост го наследуваат она што е ветено.+
13 Зашто, кога Бог му го даде ветувањето на Авраам,+ бидејќи не можеше да се заколне во некој што е поголем, се заколна во себеси:+ 14 „Навистина ќе те благословам и навистина ќе те намножам“.+ 15 И така Авраам, откако покажа стрпливост, го доби тоа ветување.+ 16 Зашто, луѓето се колнат во оној што е поголем,+ и нивната заклетва, како гаранција, им е крај на секоја препирка.+ 17 Затоа и Бог, сакајќи на наследниците на ветувањето+ појасно да им ја покаже непроменливоста на својата намера,+ ја загарантира со таа заклетва, 18 за да можеме — со помош на двете непроменливи работи во кои е невозможно Бог да лаже+ — ние кои побегнавме во Божјето прибежиште да примиме силно охрабрување, кое ни помага да се држиме за надежта+ што ни е дадена. 19 Таа надеж+ ни е како сигурна и цврста котва за душата и нѐ носи зад завесата,+ 20 каде што за нас како претходник влезе+ Исус, кој засекогаш стана првосвештеник сличен на Мелхиседек.+