Римјаните
5 И така, бидејќи сме прогласени за праведни поради верата,+ да останеме во мир+ со Бог преку нашиот Господар Исус Христос, 2 преку кого можеме со вера да ѝ пристапиме+ на оваа незаслужена доброта во која стоиме, и се радуваме поради надежта+ дека ќе бидеме учесници во Божјата слава. 3 И не само тоа, туку се радуваме и во неволји,+ зашто знаеме дека неволјата донесува истрајност,+ 4 истрајноста — испитаност,+ испитаноста — надеж,+ 5 а надежта нема да разочара.+ Зашто, љубовта Божја+ е излеана во нашите срца+ преку светиот дух,+ кој ни е даден.
6 Навистина, уште кога бевме слаби,+ Христос умре за безбожниците во времето што беше одредено за тоа.+ 7 Навистина, тешко дека некој ќе умре за праведен,+ но за добар човек+ можеби некој и би се осмелил да умре.+ 8 А Бог ни ја покажа својата љубов,+ така што Христос умре за нас уште додека бевме грешници.+ 9 Колку повеќе ќе бидеме спасени преку него од Божјиот гнев+ сега, кога преку неговата крв сме прогласени за праведни.+ 10 Зашто, ако се помиривме со Бог преку смртта на неговиот Син+ уште додека бевме непријатели,+ колку повеќе сега, кога сме помирени, ќе бидеме спасени преку неговиот живот.+ 11 И не само тоа, туку Бог е нашата радост преку нашиот Господар Исус Христос, преку кого сега сме помирени со Бог.+
12 Затоа, како што преку еден човек+ гревот влезе во светот и преку гревот смртта, и така смртта+ се прошири на сите луѓе, зашто сите згрешија...+ 13 Зашто, до Законот, гревот беше во светот, но никој не е обвинет за грев кога нема закон.+ 14 Сепак, смртта царуваше од Адам до Мојсеј+ и над оние што не направија грев сличен на престапот што го направи Адам,+ кој личи на оној што требаше да дојде.+
15 Но со дарот не е исто како што беше со престапот. Зашто, ако поради престапот на еден човек умреа мнозина, Божјата незаслужена доброта и неговиот дар — кој со незаслужената доброта е даден преку еден човек,+ Исус Христос — дарувани им се во изобилство на мнозина.+ 16 А со дарот+ не е исто како со последиците од гревот на еден човек.+ Зашто, пресудата+ што уследи поради еден престап, доведе до осуда,+ а дарот што уследи поради многу престапи, доведе до тоа мнозина да бидат прогласени за праведни.+ 17 Зашто, ако поради престапот на еден човек,+ смртта царуваше+ преку тој еден човек, колку повеќе оние што го примаат изобилството на незаслужената доброта+ и дарот+ на праведноста ќе живеат и ќе царуваат+ преку еден, Исус Христос.+
18 Затоа, значи, како што преку еден престап дојде осуда врз најразлични луѓе,+ така и преку еден чин на оправдување+ најразлични луѓе+ се прогласени за праведни и добиваат живот.+ 19 Зашто, како што преку непослушноста на еден човек мнозина+ станаа грешници, така и преку послушноста+ на еден мнозина+ ќе станат праведни.+ 20 А Законот+ дојде подоцна за да се покаже престапот уште појасно.+ Но каде што се покажа гревот,+ таму незаслужената доброта+ се покажа во уште поголема мера. 21 Зошто? За да може незаслужената доброта+ да царува преку праведноста, исто како што гревот царуваше заедно со смртта,+ за да можат луѓето да добијат вечен живот+ преку Исус Христос, нашиот Господар.