Исаија
66 Вака вели Јехова: „Небесата се мојот престол,+ а земјата ми е подножје+ на нозете. Тогаш, каде можете да ми изградите дом?+ Тогаш, каде е местото за моето живеалиште?“+
2 „Сето тоа го направи мојата рака, и така настана“,+ вели Јехова. „На оној што е страдалник и со потиштен дух+ и трепери од мојата реч,+ него ќе го погледнам.
3 Кога некој коле бик, исто како да убива човек.+ Кога некој жртвува овца, исто како да му крши врат на куче.+ Кога некој принесува дар, исто како да принесува свинска крв!+ Кога некој принесува темјан+ за спомен, исто како да кажува благослов со гатање.+ Тие ги избрале своите патишта и нивната душа ужива во нивните гадотии.+ 4 А јас ќе изберам за нив немилосрдни неволји+ и ќе го доведам против нив она од кое се плашат.+ Зашто, повикував, но никој не се одѕва, зборував, но никој не слушаше,+ туку го правеа она што е зло во мои очи и го избраа она што не ми е по волја.“+
5 Чујте ја Јеховината реч, вие што треперите од неговата реч:+ „Вашите браќа што ве мразат+ и ве отфрлаат поради моето име,+ велат: ‚Нека се прослави Јехова!‘+ Тој и ќе се појави, и вие ќе се радувате,+ а тие ќе бидат посрамени“.+
6 Се слуша врева од градот, звук од храмот!+ Се слуша како Јехова им го плаќа на своите непријатели она што го заслужиле.+
7 Пред да добие родилни болки, тој се породи.+ Пред да го снајдат породилни маки, тој роди машко.+ 8 Кој чул такво нешто?+ Кој видел такво нешто?+ Се раѓа ли земја+ во еден ден?+ Се раѓа ли народ+ наеднаш?+ А Сион, штом доби родилни болки, ги роди своите синови.
9 „Зарем ќе ја отворам материцата, без да ѝ дадам да раѓа?“+ — вели Јехова. „Зарем ќе ѝ дадам да раѓа, и истовремено ќе ја затворам?“ — вели твојот Бог.
10 Радувајте се со Ерусалим и веселете се со него,+ сите вие што го сакате!+ Воскликнувајте радосно со него, сите вие што тагувате поради него!+ 11 Зашто, вие ќе цицате и ќе се наситите и ќе најдете утеха на неговите гради, ќе пиете и ќе се насладувате на градите на неговата слава.+ 12 Зашто, вака вели Јехова: „Еве, ќе му дадам мир како река+ и славата на народите како надојден поток,+ а вие ќе цицате од неговите гради.+ Тој ќе ве носи в прегратка и на колена ќе ве милува.+ 13 Како човек што го теши мајка му, така јас ќе ве тешам вас.+ Ерусалим ќе ви биде утеха.+ 14 Ќе видите, и вашето срце ќе се радува+ и вашите коски+ ќе процветаат како млада трева.+ Раката на Јехова ќе им се покаже на неговите слуги,+ а своите непријатели тој ќе ги осуди“.+
15 „Зашто, еве, Јехова доаѓа како оган+ и неговите коли како виор,+ за да им се одмазди и да го излее врз нив својот лут гнев и да ги казни со огнен пламен.+ 16 Зашто, Јехова како оган ќе го поведе својот спор со својот меч+ против секој човек, и многубројни ќе бидат убиените од Јехова.+ 17 Тие што обредно се посветуваат и се чистат за да одат во градините+ и да стојат зад она што е во средината, тие што јадат свинско месо+ и гадотии, глодари што скокаат,+ сите заедно ќе изгинат“, вели Јехова. 18 „А што се однесува до нивните дела+ и нивните мисли,+ доаѓам да ги соберам сите народи и јазици,+ и тие ќе дојдат и ќе ја видат мојата слава.“+
19 „Ќе поставам знак меѓу нив+ и ќе испратам некои од преживеаните кај народите,+ во Тарсис,+ Фул и Луд,+ кај оние што затегнуваат лак, во Тувал и Јаван,+ на далечните острови*+ кои не чуле глас за мене и не ја виделе мојата слава.+ Тие ќе раскажуваат за мојата слава меѓу народите.+ 20 Ќе ги доведат сите ваши браќа од сите народи+ како дар за Јехова+ — на коњи, на коли, на покриени коли, на маски и на брзи камили+ — на мојата света гора,+ во Ерусалим“, вели Јехова, „како што синовите на Израел донесуваат дар во чист сад во домот на Јехова.“+
21 „И од нив ќе земам некои за свештеници, за левити“, вели Јехова.
22 „Зашто, како што новите небеса+ и новата земја+ што ги создавам јас стојат пред мене“,+ вели Јехова, „така ќе стои и вашето потомство и вашето име.“+
23 „Од млада месечина до млада месечина и од ден за одмор* до ден за одмор, секој човек ќе доаѓа да се поклони пред мене“,+ вели Јехова. 24 „И ќе заминуваат и ќе ги гледаат труповите на луѓето што ми грешеле,+ зашто црвите на нив нема да умрат и нивниот оган нема да угасне,+ и ќе им бидат одвратни на сите луѓе.“+