1. Коринќаните
5 Навистина, се слуша за блуд меѓу вас,+ и тоа за таков блуд каков што нема ни меѓу незнабошците: дека некој од вас ја има жената на својот татко.+ 2 А вие уште и се возвишувате!+ Не требаше ли наместо тоа да тагувате+ и да го отстраните од својата средина оној што го направил тоа дело?+ 3 А јас, отсутен со телото, но присутен со духот, веќе му пресудив,+ како да сум со вас, на оној што постапил така, 4 за, во името на нашиот Господар* Исус, кога ќе се соберете вие, а и јас ќе бидам со духот со вас со силата на нашиот Господар Исус,+ 5 таквиот да го предадете на Сатана+ за да се отстрани телесното влијание, за да биде спасен духот+ на собранието во денот на Господарот.+
6 Не е добро што се фалите!+ Не знаете ли дека малку квасец го потквасува+ целото тесто?+ 7 Отстранете го стариот квасец за да бидете ново тесто,+ бидејќи треба да бидете бесквасни. Зашто, Христос,+ нашата пасхална жртва,+ е веќе жртвуван.+ 8 Затоа, да го прославуваме празникот,+ но не со стар квасец,+ ниту со квасец+ на расипаноста и злобата,+ туку со бесквасниот леб на искреноста и вистината.+
9 Во писмото ви напишав да престанете да се дружите со блудници. 10 Со тоа не мислев дека не смеете воопшто да се дружите со луѓето од овој свет+ кои се блудници,+ или алчни, или изнудувачи, или идолопоклоници, инаку би морале да излезете од светот.+ 11 Но сега ви пишувам да престанете да се дружите+ со секој што се нарекува брат, а е блудник, или алчен,+ или идолопоклоник, или зборува погрдно, или е пијаница,+ или изнудувач — со таков дури и да не јадете! 12 Зошто јас да им судам на оние што се надвор од собранието?+ Зарем не сте вие тие што им судат на оние што се внатре во собранието,+ 13 а Бог им суди на оние што се надвор од него?+ „Отстранете го злобниот од својата средина!“+