Изреки
14 Вистински мудрата жена си ја гради куќата,+ а глупавата ја руши со свои раце.+
2 Кој живее* справедливо, се бои од Јехова,+ а кој е расипан на своите патишта, го презира.+
3 Прачката на вообразеноста е во устата на глупавиот,+ а мудрите луѓе ги чуваат своите усни.+
4 Кај што нема говеда, јаслите се чисти, а родот е обилен поради силата на биковите.
5 Веродостојниот сведок не лаже,+ а лажниот сведок зборува лаги.+
6 Потсмевачот бара мудрост, и не ја наоѓа, а разборитиот лесно доаѓа до знаење.+
7 Бегај од безумен човек,+ зашто нема да слушнеш усни што кажуваат знаење.+
8 Мудроста на паметниот човек е во тоа што го разбира својот пат,+ а глупавоста на безумните е измама.+
9 Глупавите ја исмејуваат својата вина,+ а меѓу справедливите владее слога.+
10 Срцето ја познава горчината на душата,+ а неговата радост не може да ја дели никој отстрана.
11 Куќата на злите ќе пропадне,+ а шаторот на справедливите ќе цвета.+
12 Некој пат му се чини на човекот исправен,+ но на крајот води во смрт.+
13 И во смеа срцето може да чувствува болка,+ и радоста завршува со тага.+
14 Кој е безверен во срцето, се наситува со плодовите на своите патишта,+ а добриот човек — со плодовите на своите дела.+
15 Лековерниот* верува на секој збор,+ а паметниот внимава на своите чекори.+
16 Мудриот се плаши и се трга од злото,+ а безумникот е гневен и самоуверен.+
17 Кој се гневи брзо, прави глупости,+ а човекот што размислува* е омразен.+
18 Лековерните* наследуваат глупавост,+ а главата на остроумните ја краси знаењето.+
19 Злите мора да се поклонат пред добрите,+ и опаките — пред вратата на праведникот.
20 Сиромавиот го мразат и неговите блиски,+ а богаташот има многу пријатели.+
21 Кој го презира својот ближен, прави грев,+ а кој е милостив кон оние што се во неволја, среќен е.+
22 Не талкаат ли оние што смислуваат зло?+ Но добрината* и вистинољубивоста се со оние што смислуваат добро.+
23 Од секој труд има корист,+ а празните зборови водат до немаштија.
24 На мудрите круна им е нивното богатство, а глупавоста на безумните си останува глупавост.+
25 Вистинитиот сведок избавува души,+ а лажниот зборува лаги.+
26 Во стравот од Јехова човекот има цврста доверба,+ а неговите синови имаат прибежиште.+
27 Стравот од Јехова е извор на животот,+ избавува од замките на смртта.+
28 Многубројноста на народот е украс за царот,+ а без народ, владетелот пропаѓа.+
29 Кој е бавен на гнев, многу е разборит,+ а кој е нестрплив, покажува глупавост.+
30 Мирното срце е живот за телото,+ а љубомората е гнилеж за коските.+
31 Кој го мами бедниот, го срамоти својот Творец,+ а оној што е милостив кон сиромашниот, Го слави.+
32 Злиот човек ќе биде соборен поради својата злоба,+ а праведникот ќе најде прибежиште во својата непорочност.*+
33 На разборитиот мудроста му почива во срцето,+ а безумниците насекаде ја разгласуваат својата мудрост.
34 Праведноста го возвишува народот,+ а гревот е срам за народите.+
35 На царот му е мил слугата што постапува разборито,*+ а се гневи на оној што постапува срамно.+