Римјаните
1 Од Павле — роб+ на Исус Христос, повикан+ за апостол,+ одвоен за проповедање на Божјата добра вест,+ 2 која Бог однапред ја вети преку своите пророци+ во светите Писма, 3 за својот Син, кој по тело+ е потомок на Давид,+ 4 а кој со силата+ на духот+ на светоста беше прогласен за Божји Син+ кога беше воскреснат од мртвите,+ за Исус Христос, нашиот Господар,* 5 преку кого примивме* незаслужена доброта+ и апостолство+ за сите народи, на слава на неговото име, да стекнат вера и да му бидат послушни,+ 6 а меѓу нив сте повикани и вие да му припаѓате на Исус Христос — 7 до сите Божји сакани кои се во Рим, повикани+ да бидат свети:+
Бог, нашиот Татко, и Господарот Исус Христос+ нека ви дадат незаслужена доброта и мир!+
8 Најпрвин, му благодарам на мојот Бог+ преку Исус Христос за сите вас, бидејќи за вашата вера се зборува по целиот свет.+ 9 Зашто, Бог,+ кому му служам* со сето срце* проповедајќи ја добрата вест за неговиот Син, ми е сведок дека секогаш ве спомнувам во моите молитви+ 10 и се молам конечно да успеам некако да дојдам кај вас, ако е Божја волја.+ 11 Зашто, копнеам да ве видам,+ да ви дадам некаков духовен дар+ за да зајакнете, 12 односно, заемно да се охрабриме,+ јас со вашата вера,+ а вие со мојата.
13 Но, не би сакал да не знаете, браќа,+ дека многупати имав намера да дојдам кај вас+ — но досега бев спречен — за да наберам некаков плод+ и меѓу вас, како и меѓу останатите народи. 14 Должник сум им и на Грците и на останатите народи,* и на мудрите+ и на неуките. 15 Оттаму е и мојата силна желба да ви ја објавам добрата вест+ и вам во Рим.+ 16 Имено, јас не се срамам+ од добрата вест. Таа е Божја сила+ која му донесува спасение на секој што верува,+ најнапред на Евреинот,+ а потоа и на Гркот.+ 17 Зашто, Божјата праведност+ им се открива на луѓето преку добрата вест поради нивната вера,+ и тоа им ја јакне верата, како што е напишано: „А праведникот ќе живее поради верата“.+
18 А Божјиот гнев+ се излева* од небото на секоја безбожност и неправедност+ на луѓето, кои неправедно+ ја потиснуваат вистината,+ 19 зашто она што може да се знае за Бог им е видливо+ — Бог им го направи тоа видливо.+ 20 Зашто, неговите невидливи+ својства, имено неговата вечна моќ+ и божество,+ јасно се гледаат уште од создавањето на светот,+ бидејќи се распознаваат по она што е создадено,+ па така тие луѓе немаат изговор.+ 21 Зашто, иако го запознаа Бог, не му оддадоа слава и не му заблагодарија како на Бог,+ туку размислувањето им стана залудно+ и неразумното срце им се помрачи.+ 22 Тврдеа дека се мудри, но станаа безумни,+ 23 и славата+ на нераспадливиот Бог ја заменија со кипови+ направени според обликот на распадлив човек и на птици и на четвороножни животни и на лазачи.+
24 Затоа Бог, според желбите на нивните срца, ги предаде на нечистотија+ за самите да си ги обесчестуваат+ своите тела.+ 25 Тие ја заменија Божјата вистина+ со лага,+ па го почитуваа и го обожаваа созданието, наместо Создателот, кој е благословен во сета вечност. Амин.* 26 Затоа, Бог ги препушти на срамни сексуални страсти:+ нивните жени ги заменија природните односи со противприродни,+ 27 а така и мажите ги оставија природните односи со жената+ и во својата страст се распалија едни по други, па мажи со мажи+ го прават она што е срамотно+ и ја примаат заслужената плата+ за своите расипани постапки.+
28 И бидејќи не сакаа добро да го запознаат* Бог,+ Бог дозволи да ги водат размислувања што тој не ги одобрува+ и да го прават она што не прилега.+ 29 Полни се со секаква неправда,+ злоба,+ лакомост,+ расипаност,+ полни се со завист,+ убиства,+ караници,+ измами,+ злонамерност,+ шират озборувања,+ 30 клеветат,+ го мразат Бог, дрски се,+ надуени,+ вообразени,+ смислуваат зло,+ непослушни им се на родителите,+ 31 неразумни се,+ не почитуваат договори,+ бесчувствителни се кон другите,*+ немилосрдни.+ 32 Иако добро ја познаваат Божјата праведна одредба+ — дека оние што постапуваат така, заслужуваат смрт+ — тие не само што така постапуваат туку и ги одобруваат+ таквите постапки на оние што ги прават.