2. Тимотеј
3 А ова знај го: во последните денови+ ќе настанат особено тешки времиња.+ 2 Зашто, луѓето ќе бидат себељубиви, алчни за пари, вообразени, надуени, хулители, непослушни на родителите,+ неблагодарни, нелојални,+ 3 бесчувствителни кон другите,*+ неспремни за каков и да било договор,+ клеветници,+ без самосовладување, сурови,+ без љубов кон добротата,+ 4 предавници,+ своеглави, горди,+ повеќе ќе ги сакаат уживањата отколку Бог,+ 5 и на изглед ќе бидат богобојазливи,+ но нема да живеат богобојазливо.+ Од таквите бегај!+ 6 Зашто, од нив доаѓаат оние што лукаво се вовлекуваат во куќите+ и ги заробуваат слабите жени оптоварени со гревови, водени од разни желби,+ 7 кои секогаш учат, но никако добро да ја запознаат* вистината.+
8 И како што Јаниј и Јамвриј+ му се противеа на Мојсеј, така и овие ѝ се противат на вистината.+ Тоа се луѓе со потполно расипан ум,+ за кои нема место меѓу вистинските верници.+ 9 Но нема повеќе да напредуваат, зашто нивното безумие ќе стане видливо за сите, како што стана видливо и безумието на оние двајца мажи.+ 10 А ти добро ги запозна моето учење, мојот начин на живот,+ мојата животна цел, мојата вера, мојата долготрпеливост, мојата љубов, мојата истрајност, 11 моите прогонства, моите страдања, она што ми се случи во Антиохија,+ во Иконија,+ во Листра,+ прогонствата што ги поднесов. Но Господарот ме избави од сите нив.+ 12 И сите што сакаат да живеат оддадено на Бог во единство со Христос Исус, ќе бидат прогонувани.+ 13 А злите луѓе и измамниците ќе напредуваат од лошо на полошо. Ќе заведуваат други, а и самите ќе бидат заведени.+
14 Но ти остани во она што си го научил и во кое си се уверил,+ бидејќи знаеш од кого си го научил сето тоа+ 15 и дека од рано детство+ ги познаваш светите списи, кои можат да те направат мудар за да добиеш спасение+ преку верата која е во Христос Исус.+ 16 Целото Писмо е вдахновено од Бог+ и корисно за поучување,+ за укорување,+ за поправање,+ за воспитување*+ во праведноста, 17 за да биде Божјиот човек вистински способен+ и потполно опремен за секое добро дело.+