ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Изреки 24
  • Свето писмо — превод Нов свет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

Изреки — краток преглед

    • ИЗРЕКИ НА СОЛОМОН (10:1–24:34)

        • Не завидувај им на злобните (1)

        • Со мудрост се гради дом (3)

        • Ако праведниот падне, пак ќе стане (16)

        • Не одмаздувај се (29)

        • Дремливоста води до сиромаштија (33, 34)

Изреки 24:3

Фусноти

  • *

    Или: „семејството“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/9/2006, стр. 27-28

    15/3/1997, стр. 14

    Школа за служба, стр. 31-32

Изреки 24:4

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Божјата љубов, стр. 130-132

    Стражарска кула,

    15/9/2006, стр. 27-28

    1/8/1997, стр. 26

    15/3/1997, стр. 14

Изреки 24:6

Фусноти

  • *

    Или: „успех; спасение“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула,

    15/6/2012, стр. 31

Изреки 24:10

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула (за проучување),

    2/2021, стр. 30-31

    Разбудете се!,

    Бр. 3 2019 стр. 12

    Бр. 1 2016 стр. 5

    Стражарска кула,

    1/8/2005, стр. 4

Изреки 24:11

Фусноти

  • *

    Или: „тетеравејќи се одат на погубување“.

Изреки 24:12

Фусноти

  • *

    Или: „мотивите“.

Изреки 24:16

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Стражарска кула (за проучување),

    12/2020, стр. 15

    Разбудете се!,

    Бр. 4 2016 стр. 6

    Стражарска кула,

    15/3/2013, стр. 4-5

    15/10/2003, стр. 22

    1/8/1997, стр. 11

Изреки 24:19

Фусноти

  • *

    Или: „гневиш“.

Изреки 24:21

Фусноти

  • *

    Или: „оние што се борат за промени“.

Изреки 24:22

Фусноти

  • *

    Станува збор за казна од Јехова и од царот.

Изреки 24:26

Фусноти

  • *

    Буквално: „ќе ги бакнат усните на“.

  • *

    Друго можно значење: „Искрениот одговор е како бакнеж“.

Изреки 24:27

Фусноти

  • *

    Или: „основај семејство“.

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Како да ја зачуваш Божјата љубов, стр. 137

    Божјата љубов, стр. 116

    Стражарска кула,

    15/12/2009, стр. 3

    15/10/2009, стр. 12

    15/8/1997, стр. 19

Изреки 24:28

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Радувај му се на животот засекогаш — Книга, лекција 36

Изреки 24:29

Индекси

  • Прирачник за истражување

    Учител, стр. 103

Изреки 24:30

Фусноти

  • *

    Или: „човек кој нема разборито срце“.

Паралелни преводи

Кликни на бројката пред стихот за да ти покаже паралелни стихови
  • Свето писмо — превод Нов свет
  • Читај во Превод Нов свет (bi12)
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
  • 29
  • 30
  • 31
  • 32
  • 33
  • 34
Свето писмо — превод Нов свет
Изреки 24:1-34

Изреки

24 Не завидувај им на злобните луѓе

и не посакувај да бидеш во нивно друштво.

 2 Зашто нивното срце размислува за насилство

и нивните усни зборуваат како да им наштетат на другите.

 3 Со мудрост се гради дом*

и со разборитост се зацврстува.

 4 Знаењето ги полни собите

со разни богатства, скапоцени и убави.

 5 Мудриот човек е моќен,

а знаењето уште повеќе ја зголемува неговата моќ.

 6 Со мудро водство се води војна,

и каде што има многу советници, таму има и победа.*

 7 Вистинската мудрост е недостижна за безумникот;

тој нема што да каже на градската порта.

 8 Оној што крои зли планови

ќе биде познат како подмолен сплеткар.

 9 Сплетките на безумникот се грев;

луѓето го мразат потсмевачот.

10 Ако се обесхрабриш во време на неволја,

ќе ослаби твојата сила.

11 Избави ги оние што ги водат во смрт

и спаси ги оние што се на работ на погубување.*

12 Ако речеш: „Не знаевме за тоа“,

зарем оној што ги испитува срцата* нема да знае како размислуваш?

Оној што те набљудува ќе знае,

и ќе му плати секому според неговите дела.

13 Сине мој, јади мед бидејќи е добар;

медот од саќе е сладок.

14 Таква е, знај, и мудроста за твојата душа.

Ако ја пронајдеш, ќе имаш светла иднина

и твојата надеж нема да пропадне.

15 Немој злобно да ја демнеш од заседа куќата на праведниот,

немој да го уништиш неговиот дом.

16 Зашто, ако праведниот падне и седум пати, пак ќе стане,

но злобниот ќе пропадне кога ќе го снајде неволја.

17 Кога твојот непријател ќе падне, не радувај се,

и кога тој ќе се сопне, нека не се весели твоето срце,

18 инаку Јехова ќе го види тоа и нема да му биде мило,

па ќе го одврати својот гнев од него.

19 Немој да се вознемируваш* поради оние што прават зло;

немој да им завидуваш на злобните луѓе,

20 бидејќи лошиот човек нема никаква иднина;

светилката на злобните ќе угасне.

21 Сине мој, покажувај стравопочит кон Јехова и кон царот.

Немој да се дружиш со бунтовници*

22 бидејќи ненадејно ќе ги снајде пропаст.

Кој знае како ќе бидат казнети?*

23 И ова се зборови на мудрите:

не е добро да се суди пристрасно.

24 Оној што му вели на злобниот: „Праведен си“,

ќе биде проколнат од луѓето и осуден од народите.

25 А на оние што го укоруваат злобниот ќе им биде добро;

врз нив ќе бидат излеани обилни благослови.

26 Луѓето ќе го почитуваат* оној што одговара искрено.*

27 Заврши си ја работата надвор и подготви ја нивата,

а потоа гради го својот дом.*

28 Не изнесувај неосновани обвиненија против ближниот

и немој да ги мамиш другите со своите зборови.

29 Немој да велиш: „Како што тој ми направи мене, така и јас ќе му направам нему;

ќе му вратам мило за драго“.

30 Поминав покрај нивата на еден мрзлив човек,

покрај лозјето на еден неразумен човек.*

31 И видов дека сѐ беше обраснато со плевел;

земјата беше прекриена со коприви,

а камениот ѕид беше урнат.

32 А јас го гледав тоа и се подзамислив,

го видов тоа и ја извлеков оваа поука:

33 поспиј си уште малку, дремни си уште малку,

поседи си уште малку со скрстени раце,

34 и сиромаштијата ќе ти дојде како крадец

и немаштијата како вооружен разбојник.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели