На управителот. Давидова песна. Кога пророкот Натан дојде кај Давид откако Давид легна со Витсавеа.+
51 Смилувај ми се, Боже, според својата милост.+
Според својата голема милосрдност, избриши ги моите престапи.+
2 Темелно измиј ме од мојот престап,+
исчисти ме од мојот грев.+
3 Зашто, ги знам своите престапи,+
мојот грев е постојано пред мене.+
4 Тебе, тебе ти згрешив+
и го направив она што е зло во твои очи,+
а ти си праведен кога зборуваш+
и чист кога судиш.+
5 Еве, во престап сум роден,+
во грев ме зачна мајка ми.+
6 Еве, ти се радуваш кога вистината е во срцето.+
Дозволи ми да ја сознаам вистинската мудрост длабоко во себе.+
7 Со исоп очисти ме од гревот за да бидам чист,+
измиј ме за да бидам побел од снег.+
8 Дозволи ми да чујам радост и веселба+
за да се зарадуваат коските што ги скрши.+
9 Сврти го своето лице од моите гревови,+
избриши ги сите мои престапи.+
10 Создај во мене чисто срце, Боже,+
и стави во мене нов, постојан дух.+
11 Не отфрлај ме од пред своето лице+
и не одземај ми го својот свет дух.+
12 Врати ми ја радоста на твоето спасение+
и разбуди во мене желба+ да ја вршам твојата волја.
13 Ќе ги поучам престапниците за твоите патишта,+
за да се вратат кај тебе грешниците.+
14 Избави ме од вината за крв,+ о Боже, Боже на моето спасение,+
и мојот јазик радосно ќе ја објавува твојата праведност.+
15 Јехова, отвори ги моиве усни,+
и мојата уста ќе ја објавува твојата слава.+
16 Зашто, жртвата не ти е мила — инаку би ти ја дал,+
цели жртви паленици не ти се по волја.+
17 За Бог е жртва скршениот дух.+
Срце скршено и здробено, о Боже, нема да презреш.+
18 Во својата милост направи му добро на Сион,+
изгради ги ѕидовите на Ерусалим.+
19 Тогаш ќе ти бидат мили жртвите на праведноста,+
жртвата паленица и целата жртва.+
Тогаш ќе се принесуваат јунци на твојот жртвеник.+