Јуда
1 Од Јуда, роб на Исус Христос, а брат на Јаков,+ до повиканите,+ кои Бог, Таткото, со кого се во единство,+ ги сака и ги чува+ за Исус Христос:
2 Нека ви се умножат+ милосрдието+ и мирот+ и љубовта.+
3 Сакани,+ иако многу сакав да ви пишувам за нашето заедничко спасение,+ сметав дека е потребно да ви пишам за да ве поттикнам силно да се борите за верата+ која еднаш засекогаш им е предадена на светите.+ 4 Го правам тоа затоа што меѓу нас се вовлекоа некои луѓе,+ кои Писмото уште одамна ги одредило+ за суд,+ безбожници,+ кои незаслужената доброта на нашиот Бог ја претвораат во изговор за бесрамни дела+ и кои не му се верни+ на нашиот единствен Сопственик+ и Господар,*+ Исус Христос.
5 Сакам да ве потсетам, макар што веќе добро знаете сѐ,+ дека Јехова, иако спаси еден народ од египетската земја,+ подоцна ги погуби оние што не веруваа.+ 6 И ангелите што не ја задржаа својата првобитна положба, туку го напуштија своето вистинско живеалиште,+ ги чува во вечни окови+ и во густа темнина за судот на големиот ден.+ 7 Така и Содом и Гомор и градовите околу нив,+ кои исто како и тие се оддадоа на блуд и имаа неприродни полови односи,+ стојат како пример+ со тоа што се осудени на вечен оган.+
8 И покрај тоа, и овие луѓе, кои се препуштаат на соништа,+ исто така го валкаат телото и не ги почитуваат оние што владеат над нив+ и зборуваат навредливо за славните.+ 9 Но кога архангелот+ Михаел+ имаше спор+ со Ѓаволот и се расправаше околу Мојсеевото тело,+ не се осмели да го осуди со погрдни зборови,+ туку рече: „Јехова нека те прекори!“+ 10 А овие зборуваат погрдно за сето она што всушност не го познаваат.+ Сето она што го сфаќаат водени од нагонот како неразумни животни,+ ги води во сѐ поголема расипаност.+
11 Тешко ним, зашто тргнаа по патот по кој одеше Каин,+ и заради награда се залетаа во грев како Валаам+ и изгинаа поради бунтовните зборови+ како Кореј.+ 12 Тие се карпи скриени под вода и се гоштаваат со вас на вашите братски гозби,*+ пастири кои без страв се пасат самите себе,+ безводни облаци+ што ветровите ги разнесуваат,+ дрвја кои ни во доцна есен немаат плод, кои умреле двапати и од корен се искорнати,+ 13 разбеснети морски бранови, кои како пена го исфрлаат она од кое би требало да се срамат,+ ѕвезди без утврдена патека, за кои е засекогаш зачувана црната темница.+
14 За нив пророкуваше и Енох,+ седмиот од Адам, велејќи: „Еве, Јехова дојде со своите десетици илјади свети ангели,+ 15 за да им суди на сите,+ и да ги осуди сите безбожници за сите нивни безбожни дела што ги извршија на безбожен начин и за сите дрски зборови што безбожните грешници ги изговорија против него“.+
16 Тоа се луѓе кои приговараат,+ и се жалат за своите околности во животот, и живеат според своите желби,+ и зборуваат надмено со својата уста,+ и им ласкаат на истакнати поединци+ заради сопствена корист.
17 А вие, сакани, сетете се на зборовите што ги кажуваа апостолите на нашиот Господар Исус Христос,+ 18 кои ви велеа: „Во последното време ќе има потсмевачи, кои ќе живеат според своите безбожни желби“.+ 19 Тоа се оние што сеат раздор,+ телесни луѓе,+ кои го немаат Божјиот дух.*+ 20 А вие, сакани, изградувајќи се+ врз својата најсвета вера+ и молејќи се со светиот дух,+ 21 стојте во Божјата љубов+ додека го чекате милосрдието+ на нашиот Господар Исус Христос и се надевате на вечниот живот.+ 22 Исто така, бидете милосрдни+ спрема оние што се измачуваат со сомневања.+ 23 Спасувајте ги,+ истргнувајќи ги од огнот.+ А спрема другите бидете милосрдни, чувајќи се себе и мразејќи ја дури и облеката што е извалкана од телото.+
24 А на оној што може да ве зачува+ да не паднете и да ве постави неизвалкани+ пред својата слава со голема радост, 25 на единствениот Бог, нашиот Спасител+ преку Исус Христос,+ нашиот Господар, му припаѓаат славата,+ величеството, моќта+ и власта+ отсекогаш+ и сега и засекогаш.+ Амин.*+