2. Мојсеева
3 Мојсеј го пасеше стадото на мадијамскиот свештеник Јотор,+ својот тест.+ Терајќи го стадото кон западниот дел на пустелијата, на крајот стигна до планината на вистинскиот Бог,+ до Хорив.+ 2 Тогаш Јеховин ангел му се појави во огнот што пламтеше од една грмушка.+ Тој се загледа, и гледај, грмушката сета во пламен, но не изгорува. 3 И Мојсеј рече: „Ќе пријдам за да ја видам подобро таа чудна глетка, да видам зошто грмушката не изгорува“.+ 4 Кога Јехова Бог виде како приоѓа за да погледне подобро, го викна од грмушката: „Мојсеј! Мојсеј!“ А тој се одгласи: „Еве ме!“+ 5 Тогаш му рече: „Не приближувај се наваму! Собуј ги сандалите зашто местото на кое стоиш е свето!“+
6 Потоа продолжи: „Јас сум Богот на твојот татко, Богот на Авраам, Богот на Исак и Богот на Јаков“.+ Тогаш Мојсеј си го скри лицето зашто се плашеше да гледа во вистинскиот Бог. 7 А Јехова продолжи: „Ја видов неволјата на мојот народ во Египет, чув како се жалат од оние што ги тераат на работа и добро ги знам нивните болки.+ 8 Затоа слегов да ги избавам од египетската рака+ и да ги одведам од таа земја во добра и пространа земја, во земја во која тече мед и млеко,+ во крајот на Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците.+ 9 И сега, еве, жалбите на синовите на Израел дојдоа до мене и видов колку многу Египќаните ги угнетуваат.+ 10 Затоа сега, ајде, те праќам кај фараонот да го изведеш од Египет+ мојот народ, синовите на Израел“.
11 Но Мојсеј му рече на вистинскиот Бог: „Кој сум јас да одам кај фараонот и да ги изведам од Египет синовите на Израел?“+ 12 „Јас ќе бидам со тебе,“+ му одговори тој, „и ова ти е знак дека јас те испраќам:+ кога ќе го изведеш народот од Египет, ќе му служите на вистинскиот Бог на оваа планина.“+
13 Но Мојсеј му рече на вистинскиот Бог: „Ако дојдам кај синовите на Израел и им речам: ‚Богот на вашите прататковци ме испрати кај вас‘, а тие ме прашаат: ‚Како му е името?‘+ — што да им одговорам?“ 14 Тогаш Бог му рече на Мојсеј: „ЌЕ СТАНАМ СЀ ШТО ЌЕ ПОСАКАМ ДА СТАНАМ“.*+ Потоа додаде: „Вака кажи им на синовите на Израел: ‚ЌЕ СТАНАМ ме испрати кај вас‘ “.+ 15 Тогаш Бог уште еднаш му рече на Мојсеј:
„Вака кажи им на синовите на Израел: ‚Јехова, Богот на вашите прататковци, Богот на Авраам,+ Богот на Исак+ и Богот на Јаков,+ ме испрати кај вас‘. Тоа е моето име за навек+ и тоа е мојот спомен од поколение до поколение.+ 16 Оди, собери ги старешините на Израел и речи им: ‚Јехова, Богот на вашите прататковци, ми се појави,+ Богот на Авраам, на Исак и на Јаков, и ми рече: „Ве погледнав+ и го видов она што ви го прават во Египет. 17 И решив да ве изведам од неволјата+ што ви ја нанесуваат Египќаните и да ве одведам во земјата на Ханаанците, на Хетејците, на Аморејците,+ на Ферезејците, на Евејците и на Евусејците,+ земја во која тече мед и млеко“ ‘.+
18 И тие ќе го послушаат твојот глас.+ А потоа ти и старешините на Израел појдете кај египетскиот цар и речете му: ‚Јехова, Богот на Евреите,+ ни се јави,+ па сега, те молиме, пушти нѐ да појдеме на тридневен пат во пустината и да му принесеме жртва на Јехова, нашиот Бог‘.+ 19 Но јас добро знам дека египетскиот цар нема да дозволи да одите ако силна рака не го присили на тоа.+ 20 Затоа ќе ја подигнам својата рака+ и ќе го удрам Египет со сите свои чудесни дела што ќе ги направам во него. И потоа тој ќе ве пушти.+ 21 И ќе направам овој народ да најде милост во очите на Египќаните, па кога ќе појдете, нема да појдете со празни раце.+ 22 Секоја жена нека бара од својата сосетка и од туѓинката што живее во нејзината куќа сребрени и златни предмети и облека. И ставете им ги на своите синови и на своите ќерки. Така ќе ги ограбите Египќаните“.+