Давидов псалм, кога се правеше луд+ пред Авимелех, па тој го истера, и Давид си отиде.
א [алеф]
34 Ќе го благословувам Јехова во секое време,+
пофалбата за него постојано ќе ми биде на усните.+
ב [бет]
2 Со Јехова ќе се гордее мојата душа,+
кротките ќе чујат и ќе се радуваат.+
ג [гимел]
3 Величајте го Јехова со мене,+
да го возвишуваме заедно неговото име.+
ד [далет]
4 Го барав Јехова, и тој ми одговори,+
од сите мои стравови ме ослободи.+
ה [хеј]
5 Оние што гледаа во него, светнаа,+
нивните лица не можат да се посрамат.+
ז [заин]
6 Овој страдалник повика, и Јехова го слушна.+
Од сите негови неволји го спаси.+
ח [хет]
7 Ангел Јеховин стои улогорен околу оние што се бојат од Бог,+
и ги избавува.+
ט [тет]
8 Вкусете и видете колку е добар+ Јехова!
Среќен е човекот кому тој му е прибежиште!+
י [јуд]
9 Бојте се од Јехова, вие свети слуги негови,+
зашто ништо не им недостига на оние што се бојат од него.+
כ [каф]
10 Дури и младите лавови имаат малку и гладуваат,+
но на оние што го бараат Јехова нема да им недостасува ниедно добро.+
ל [ламед]
11 Дојдете, синови мои, послушајте ме,+
ќе ве научам да се боите од Јехова.+
מ [мем]
12 Кој човек му се радува на животот+
и би сакал да види многу добри денови?+
נ [нун]
13 Чувај го јазикот од зло+
и своите усни од измамничко зборување.+
ס [самек]
14 Избегнувај го злото и прави добро,+
барај мир и тежнеј кон него!+
ע [аин]
15 Очите на Јехова ги гледаат праведниците+
и ушите негови го слушаат нивниот повик за помош.+
פ [пе]
16 Лицето на Јехова е против оние што прават зло,+
за да го сотре на земјата споменот за нив.+
צ [цадик]
17 Праведниците викаа за помош, и Јехова ги слушна,+
ги избави од сите нивни неволји.+
ק [куф]
18 Јехова е близу до оние што се скршени во срцето+
и ги спасува оние со скршен дух.+
ר [реш]
19 Многу неволји има праведникот,+
но Јехова го избавува од сите нив.+
ש [шин]
20 Тој ги чува сите негови коски,
ниту една од нив не е скршена.+
ת [тав]
21 Неволја ќе го убие злиот,+
и оние што го мразат праведникот ќе бидат виновни.+
22 Јехова ја откупува душата на своите слуги,+
и никој кому тој му е прибежиште, нема да биде виновен.+