2. Коринќаните
4 Затоа, бидејќи оваа служба+ ја имаме според милосрдието што ни е покажано,+ не се откажуваме, 2 туку се одрековме од срамните тајни,+ не се служиме со лукавство* и не ја извртуваме* речта Божја,+ туку, објавувајќи ја вистината, ѝ даваме добар пример* пред Бог на секоја човечка совест.+ 3 А ако е покриена добрата вест, која ја проповедаме, покриена е за оние што одат во пропаст,+ 4 за оние на кои богот на овој свет*+ им ги заслепил неверничките умови+ за да не продре до нив+ светлината+ на славната добра вест+ за Христос, кој е слика+ на Бог. 5 Зашто, ние не се проповедаме себеси, туку Христос Исус како Господар,+ а за себе велиме дека сме ваши робови+ поради Исус. 6 Зашто, Бог рекол: „Нека светне светлина од темнината“,+ и со светлината ги осветли нашите срца за да ги просветли+ со славното знаење+ за себе со помош на Христовото лице.+
7 Но тоа богатство го имаме+ во земјени+ садови,+ за да биде очигледно дека нашата сила,+ која ја надминува нормалната, потекнува од Бог,+ а не од нас.+ 8 Притиснати сме од сите страни,+ но не и сосема притеснети; во недоумица сме, но не очајуваме;+ 9 прогонувани сме, но не сме напуштени;+ соборувани сме,+ но не сме уништени.+ 10 Каде и да отидеме, секогаш во своето тело ги трпиме смртните болки што ги трпеше Исус,+ за да се покаже и Исусовиот живот во нашето тело.+ 11 Зашто, ние што сме живи секогаш се наоѓаме во смртна опасност+ поради Исус, за да се покаже и Исусовиот живот во нашето смртно тело.+ 12 Така, смртта дејствува во нас, а животот во вас.+
13 А бидејќи го имаме истиот дух на верата како оној за кој е напишано: „Верував, затоа зборував“,+ и ние веруваме и затоа зборуваме, 14 знаејќи дека оној што го воскресна Исус ќе нѐ воскресне и нас како Исус и заедно со вас ќе нѐ постави пред себе.+ 15 А сето тоа е заради вашата благосостојба,+ со цел изобилството од незаслужената доброта, поради благодарноста која уште мнозина ќе ја упатуваат, да биде уште поголема, на Божја слава.+
16 Затоа не се откажуваме. Напротив, дури и ако нашиот надворешен човек се распаѓа, оној внатрешниот+ се обновува од ден на ден. 17 Зашто, нашата моментална и лесна неволја+ ни донесува сѐ поголема, вечна слава,+ 18 зашто ние не го гледаме она што се гледа, туку она што не се гледа.+ Имено, она што се гледа е привремено,+ а она што не се гледа е вечно.+