1. Мојсеева
4 И Адам легна со својата жена Ева, а таа забремени+ и го роди Каин,*+ па рече: „Добив* син со помош на Јехова“.+ 2 По некое време го роди и неговиот брат Авел.+
И Авел стана овчар, па чуваше овци,+ а Каин стана земјоделец.+ 3 Еден ден, Каин му принесе на Јехова жртва+ од плодовите на земјата.+ 4 А и Авел принесе од првините+ на своето стадо, заедно со нивниот лој.+ И Јехова погледна со одобрување на Авел и на неговата жртва,+ 5 а на Каин и на неговата жртва не погледна со одобрување.+ Затоа Каин многу се разгневи,+ и лицето му се смурти. 6 Тогаш Јехова му рече на Каин: „Зошто се разгневи и зошто ти е смуртено лицето? 7 Ако почнеш да правиш добро, зарем нема да ми бидеш мил?+ Но ако не правиш добро, гревот демне на вратата и копнее по тебе.+ А ти, ќе го надвладееш ли?“+
8 Потоа Каин му рече на својот брат Авел: „Да одиме в поле!“ И додека беа во полето, Каин го нападна својот брат Авел и го уби.+ 9 Тогаш Јехова му рече на Каин: „Каде е брат ти Авел?“+ А тој одговори: „Не знам. Зар сум му јас чувар на брат ми?“+ 10 Тогаш Бог му рече: „Што направи? Слушај! Крвта на брат ти вика кон мене од земјата.+ 11 И сега, да си проклет, протеран од оваа земја,+ која ја отвори својата уста да ја прими од твојата рака крвта на брат ти.+ 12 Кога ќе ја обработуваш земјата, таа нема да ти го дава својот род.+ Ќе станеш скитник и бегалец на земјата“.+ 13 Тогаш Каин му рече на Јехова: „Казната за мојот престап е толку голема што не може да се носи. 14 Еве, ме истеруваш денес од ова тло, и ќе бидам скриен од твоето лице.+ Ќе мора да бидам скитник+ и бегалец на земјата, и секој што ќе ме најде сигурно ќе ме убие“.+ 15 А Јехова му рече: „Затоа, кој ќе го убие Каин, врз него ќе се изврши седумкратна одмазда“.+
И Јехова постави знак за Каин за да не го убие некој кога ќе го најде.+ 16 Тогаш Каин замина од пред лицето на Јехова+ и се насели во земјата Нод,* источно од Еден.
17 И Каин легна со својата жена,+ па таа забремени и го роди Енох. Тогаш тој почна да гради град и го нарече според името на својот син Енох.+ 18 Подоцна на Енох му се роди Ирад. На Ирад му се роди Мехујаил, на Мехујаил му се роди Метусаил, а на Метусаил му се роди Ламех.
19 Ламех си зеде две жени. Првата се викаше Ада, а втората Села. 20 Ада го роди Јавал. Тој е прататко на оние што живеат под шатори+ и чуваат стока.+ 21 А брат му се викаше Јувал. Тој е прататко на сите оние што свират на харфа+ и на кавал.+ 22 Села, пак, го роди Тувал-Каин, кој коваше секакви орудија од бакар и од железо.+ А сестрата на Тувал-Каин беше Наама. 23 Потоа Ламех ги состави овие зборови за своите жени Ада и Села:
„Чујте го мојот глас, жени Ламехови!
Слушнете ја мојата реч:
Убив човек, зашто ме рани,
младич, зашто ме удри.
24 Ако биде Каин одмазден седумпати,+
Ламех ќе биде седумдесет и седум пати“.
25 А Адам повторно легна со својата жена, и таа роди син и му го даде името Сет*+ зашто, како што рече: „Бог ми даде друг потомок наместо Авел, зашто него го уби Каин“.+ 26 А и на Сет му се роди син, кому тој му го даде името Енос.+ Во тоа време почна да се повикува името на Јехова.+