Изреки
3 Сине мој, не заборавај ја мојата поука*+ и твоето срце нека ги држи моите заповеди,+ 2 зашто ќе ти се намножат деновите и годините на живот+ и мир.+ 3 Добрината* и вистината нека не те оставаат.+ Заврзи си ги на вратот.+ Напиши ги врз плочата на своето срце,+ 4 па ќе стекнеш наклоност и кај Бог и кај луѓето,+ и ќе бидеш признат како разборит.* 5 Имај доверба во Јехова со сето свое срце+ и не потпирај се на сопствениот разум.*+ 6 На сите свои патишта имај го на ум,+ и тој ќе ги исправи твоите патеки.+
7 Не мисли самиот за себе дека си мудар.+ Бој се од Јехова и бегај од злото.+ 8 Тоа нека му донесе здравје+ на твоето тело* и поткрепа на твоите коски.+
9 Искажувај му чест на Јехова со својот имот+ и со првините од сѐ што ќе ти се роди на нивата.+ 10 Тогаш твоите амбари ќе се наполнат со изобилство+ и од твоите каци ќе се прелева младо вино.+
11 Сине мој, не отфрлај ги Јеховините опомени*+ и нека не ти биде одвратен неговиот укор,+ 12 зашто кого Јехова го сака, него и го укорува,+ како што таткото го укорува синот, кого го сака.+
13 Среќен е човекот што ќе најде мудрост+ и човекот што ќе стане прониклив,+ 14 зашто подобро е да стекнеш мудрост отколку да стекнеш сребро, и таа е поголема добивка и од златото.+ 15 Поскапоцена е од бисерите,*+ па и сѐ што ти е мило не може да се спореди со неа. 16 Долгиот живот ѝ е во десницата,+ а богатството и славата — во левицата.+ 17 Нејзините патишта се патишта на задоволството, и сите нејзини патеки се полни со мир.+ 18 Таа е дрво на животот+ за оние што ќе ја прифатат, и за среќни+ се прогласени оние што цврсто ја држат.+
19 Јехова со мудрост ја втемели земјата.+ Со разборитост ги зацврсти небесата.+ 20 Поради неговото знаење се раздвоија+ водните бездни и од облаците небесни врне ситен дожд.+ 21 Сине мој, не губи го тоа од вид.+ Зачувај ја мудроста* и способноста за расудување,+ 22 и ќе бидат живот за твојата душа+ и убав украс на твојот врат.+ 23 Тогаш ќе одиш сигурно+ по својот пат, и твојата нога нема да се сопне на ништо.+ 24 Кога ќе легнеш, нема да се плашиш.+ Ќе легнеш, и сонот ќе ти биде сладок.+ 25 Нема да се плашиш од ненадејна стравотија,+ ниту од бурата што доаѓа над злите.+ 26 Зашто, Јехова ќе биде твојата доверба+ и ќе ја чува твојата нога да не се фати во стапица.+
27 Немој да им скратуваш некакво добро на оние на кои им е потребно,+ кога твојата рака може да го стори тоа.+ 28 Немој да му речеш на ближниот: „Оди си и дојди пак, утре ќе ти дадам“, ако имаш да му дадеш уште сега.+ 29 Не смислувај никакво зло против својот ближен+ додека тој спокојно живее кај тебе.+ 30 Не препирај се со никого без причина,+ ако не ти направил ништо лошо.+
31 Не завидувај му на насилен човек+ и не тргнувај по ниту еден од неговите патишта.+ 32 Зашто, на Јехова му е одвратен+ расипаниот+ човек, а близок е со справедливите.+ 33 Јеховиното проклетство е врз куќата на злиот,+ а живеалиштето на праведните го благословува.+ 34 Тој ќе им се потсмева+ на потсмевачите,+ а на кротките ќе им биде благонаклонет.+ 35 Мудрите ќе добијат чест,+ а безумните се гордеат со она што им донесува срам.+