Исаија
44 Сега чуј, Јакове, слуго мој,+ чуј, Израеле, избранику мој!+ 2 Вака вели Јехова, твојот Творец+ и твојот Создател,+ кој ти помагаше од мајчината утроба:+ ‚Не плаши се,+ слуго мој, Јакове, не плаши се, Есуруне,*+ избранику мој! 3 Зашто, ќе излеам вода врз жедниот+ и потоци врз сувото место.+ Ќе го излеам својот дух врз твоето семе,*+ и својот благослов врз твоите потомци. 4 Ќе никнуваат како зелена трева,+ како тополи+ крај канали со вода. 5 Еден ќе рече: „Јас сум Јеховин“,+ друг ќе се нарекува со името на Јаков,+ трет ќе си напише на раката: „Јеховин“, а четврти ќе се нарекува со името на Израел‘.+
6 Вака вели Јехова, Царот на Израел+ и негов Откупител,+ Јехова над војските: ‚Јас сум првиот и последниот,+ освен мене нема Бог.+ 7 Кој е како мене?+ Нека викне, нека каже и нека ми разложи!+ Тие нека го навестат она што доаѓа и она што допрва ќе дојде, како што јас го правам тоа откако го основав древниот народ!+ 8 Не бојте се и не плашете се!+ Зарем не му го објавив тоа секому од вас и зарем не му го навестив уште одамна?+ Вие сте мои сведоци.+ Има ли Бог освен мене?+ Не, нема Карпа.+ Не знам ниту една‘.“
9 Сите што прават режани ликови се ништожни,+ и нивните мили ликови не се полезни за ништо.+ Тоа се нивни сведоци кои не гледаат ништо и не знаат ништо,+ па затоа им се за срам.+ 10 Кој прави бог или лие лик?+ Од него нема никаква корист.+ 11 Гледај, ќе се посрамат сите негови другари,+ зашто оние што ги прават боговите се само земни луѓе. Сите ќе се соберат заедно.+ Ќе застанат, ќе се уплашат и сите ќе се засрамат.+
12 Ковачот го обработува со остра алатка на разгорен јаглен, го обликува со чекани, го обработува со својата силна рака.+ Потоа огладнува и премалува. Не пие вода, па се исцрпува.
13 Дрводелецот ја растегнува мерната врвца, го оцртува со црвена креда, го обработува со длето, го мери со шестар и го обликува во човечки лик,+ во убав лик на човек, за да стои во куќата.+
14 На другиот му е работа да сече кедри, па одбира одредени стебла, големи стебла, и ги остава да пораснат меѓу шумските дрвја.+ Сади ловор, и тој расте од дождот. 15 Човекот потоа го користи за огрев. Зема парче дрво за да се згрее. Запалува оган и пече леб, а згора на тоа изработува и бог на кој ќе му се клања.+ Прави режан лик+ и паѓа ничкум пред него. 16 Со половината од тоа пали оган. Над истата таа половина си пече месо за јадење и се наситува. Се грее и вели: „Ете, се греам и гледам како гори огнот“. 17 А од остатокот си прави бог, режан лик. Паѓа ничкум пред него, му се клања, му се моли и вели: „Избави ме, зашто ти си мојот бог!“+
18 Не знаат+ и не разбираат,+ бидејќи очите им се заслепени, па не гледаат,+ и срцето, па не сфаќаат.+ 19 Никој не го зема тоа присрце,+ не знае и не разбира,+ за да рече: „Со половината од тоа запалив оган и на неговиот жар испеков леб. Испеков и месо и го изедов. Зарем од остатокот ќе направам одвратен бог?+ Зарем ќе паѓам ничкум пред парче суво дрво?“ 20 Таквиот се храни со пепел.+ Неговото измамено срце го заведува.+ Тој нема да ја избави својата душа ниту ќе рече: „Зарем не е измама ова што го држам во десницава?“+
21 „Сети се на тоа, Јакове,+ и ти, Израеле, зашто ти си слуга мој!+ Јас те создадов.+ Ти си мој слуга. О Израеле, нема да те заборавам!+ 22 Ќе ги избришам твоите престапи, и ќе биде како да ги скрил облак,+ и гревовите, како да ги скриле облаци. Врати се кај мене,+ зашто јас ќе те откупам!+
23 Воскликнувајте од радост, вие небеса,+ зашто Јехова го направи тоа што го науми!+ Воскликнувајте победнички,+ вие најдлабоки земни длабочини!+ Веселете се, вие планини,+ и викајте од радост, вие шуми и сите дрвја во нив! Зашто, Јехова го откупи Јаков, врз Израел ја покажа својата убавина.“+
24 Вака вели Јехова, твојот Откупител,+ оној што те обликува од мајчината утроба: „Јас, Јехова, правам сѐ, сам ги распнувам небесата,+ ја распростирам земјата.+ Ми помага ли некој во тоа? 25 Јас ги осуетувам знаците на оние што кажуваат празни зборови, ги наведувам гаталците да постапуваат лудо,+ ги посрамувам мудреците, и нивното знаење го претворам во безумност.+ 26 Јас ги исполнувам зборовите на својот слуга и ги остварувам објавите на своите гласници.+ Јас велам за Ерусалим: ‚Ќе биде населен‘,+ и за градовите на Јуда: ‚Пак ќе бидат изградени.+ Ќе ги подигнам неговите опустошени места‘.+ 27 Јас ѝ велам на водната бездна: ‚Пресуши! Ќе ги исушам сите твои реки‘.+ 28 Јас велам за Кир:+ ‚Тој е мој пастир и ќе изврши сѐ што сакам‘,+ ќе го изврши она што го реков за Ерусалим: ‚Пак ќе биде изграден‘, и за храмот: ‚Ќе бидат положени неговите темели‘ “.+