Римјаните
10 Браќа, желбата на моето срце и мојата сесрдна молитва до Бог за нив е да се спасат.+ 2 Зашто, сведочам за нив дека ревносно се трудат+ да му угодат на Бог, но не знаат точно* што е неговата волја.+ 3 Зашто, поради тоа што не ја познаваат Божјата праведност,+ туку настојуваат да ја воспостават својата,+ не се подложија на Божјата праведност.+ 4 Зашто, Христос е завршетокот на Законот,+ за да стекне праведност секој што верува.+
5 А Мојсеј пишува дека човек кој ги извршува праведните барања на Законот ќе живее поради својата праведност.+ 6 А за праведноста која произлегува од верата, вака е речено: „Немој да велиш во своето срце:+ ‚Кој ќе се качи на небото?‘+ — односно да го доведе Христос+ долу. 7 Или: ‚Кој ќе слезе во бездната?‘+ — односно да го изведе Христос од мртвите“.+ 8 Туку што вели Писмото? „Речта е близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце“.+ Таа „реч“+ е порака на верата што ја проповедаме.+ 9 Зашто, ако со својата уста ја објавуваш таа „реч“+ — дека Исус е Господар*+ — и ако во своето срце веруваш дека Бог го подигна од мртвите,+ ќе бидеш спасен.+ 10 Зашто, со срцето+ се верува, и така се постигнува праведност, а со устата се објавува+ верата, и така се постигнува спасение.
11 Зашто, Писмото вели: „Никој што верува во него+ нема да се разочара“.+ 12 Зашто, нема разлика помеѓу Евреин и Грк,+ бидејќи над сите е истиот Господар, кој изобилно им дава од своето богатство+ на сите што го повикуваат. 13 Зашто, „секој што го повикува името на Јехова, ќе биде спасен“.+ 14 Но како ќе го повикаат оној во кого не поверувале?+ А како ќе поверуваат во оној за кого не чуле? А како ќе чујат ако никој не проповеда?+ 15 А како ќе проповедаат ако не бидат испратени?+ Како што е напишано: „Колку се убави нозете на оние што објавуваат добра вест за она што е добро!“+
16 Сепак, сите не ја прифатија добрата вест.+ Зашто, Исаија вели: „Јехова, кој поверува во она што го слушна од нас?“+ 17 Според тоа, верата се стекнува од слушање на пораката,+ а пораката се шири кога се зборува за Христос.+ 18 А јас прашувам: зар не чуја? Напротив, „нивниот глас отиде по целата земја+ и нивните зборови до крајот на светот“.*+ 19 А јас прашувам: зар Израел не сфати?+ Најпрво Мојсеј вели: „Ќе ја предизвикам вашата љубомора преку она што не е народ, ќе го предизвикам вашиот гнев преку безумен народ“.+ 20 А Исаија смело вели: „Ме најдоа оние што не ме бараа,+ им се објавив на оние што не прашуваа за мене“.+ 21 А за Израел вели: „Цел ден ги протегам рацете свои кон народ кој е непослушен+ и кој дрско одговара“.+