Малахија
3 „Еве, јас го праќам мојот гласник,+ и тој ќе го расчисти патот пред мене.+ И одненадеж во својот храм+ ќе дојде Господарот,+ кого вие го барате, и гласникот+ на сојузот,+ кому му се радувате.+ Еве, сигурно ќе дојде“, вели Јехова над војските.+
2 „Но кој ќе го поднесе денот на неговото доаѓање+ и кој ќе опстане кога тој ќе се појави?+ Зашто, тој ќе биде како огнот на леарот+ и како лужината+ на белачите на алишта.+ 3 И ќе седне како оној што топи и пречистува сребро,+ па ќе ги очисти синовите на Леви.+ Ќе ги пречисти како злато+ и како сребро, и тие ќе му принесуваат на Јехова жртвен дар+ во праведност. 4 И жртвениот дар на Јуда и на Ерусалим ќе му биде пријатен на Јехова,+ како во дамнешните денови и во поранешните години.+
5 Ќе дојдам кај вас за да ви судам+ и ќе бидам брз сведок+ против гаталците,+ против прељубниците,+ против оние што лажно се заколнуваат,+ против оние што му ја скратуваат платата на наемникот+ и ги мамат вдовицата+ и детето без татко+ и против оние што му ги скратуваат правата на дојденецот,+ а од мене не се бојат“,+ вели Јехова над војските.
6 „Зашто, јас сум Јехова, јас не се менувам,+ а вие сте синови на Јаков — затоа не исчезнавте.+ 7 Од деновите на вашите прататковци отстапувате од моите уредби и не се држите за нив.+ Вратете се кај мене, и јас ќе се вратам кај вас“,+ вели Јехова над војските.
А вие велите: „Како да се вратиме?“
8 „Зар земниот човек ќе краде од Бог? А вие крадете од мене.“
И уште велите: „Што крадеме од тебе?“
„Десеттини и прилози. 9 Ме проколнувате+ со проклетство и крадете од мене — сите од вашиот народ. 10 Донесете ги сите десеттини+ во складиштето, па да има храна во мојот дом,+ и испитајте ме во тоа, ве молам,“+ вели Јехова над војските, „зар нема да ви ги отворам небесните брани+ и да ви излеам благослов додека не биде доста?“+
11 „И заради вас ќе ги отстранам штетните инсекти,+ па нема да ви ги уништуваат плодовите на земјата, и лозата во полето нема да ви биде без род“,+ вели Јехова над војските.
12 „И сите народи ќе ве нарекуваат среќни,+ зашто вие ќе станете земја на радоста“,+ вели Јехова над војските.
13 „Тешки се вашите зборови против мене“,+ вели Јехова.
А вие велите: „Што сме зборувале еден со друг против тебе?“+
14 „И велите: ‚Залудно е да му се служи на Бог.+ Каква корист имаме од тоа што го вршиме она што сме должни да му го вршиме и одиме жалосни поради Јехова над војските?+ 15 Сега дрските ги нарекуваме среќни.+ И напредуваат* оние што вршат зло.+ Го искушуваат Бог, а поминуваат неказнето‘.“+
16 Во тоа време, оние што се бојат од Јехова+ разговараа еден со друг, секој со својот ближен, и Јехова внимаваше и слушаше.+ И пред него почна да се пишува книга на сеќавањето+ за оние што се бојат од Јехова и што размислуваат за неговото име.+
17 „Тие ќе бидат мои“,+ вели Јехова над војските, „во денот кога ќе ми станат најмила сопственост.+ И ќе бидам милостив кон нив како што човек е милостив кон својот син кој му служи.+ 18 И повторно ќе ја видите разликата меѓу праведникот и злиот,+ меѓу оној што му служи на Бог и оној што не му служи.“+