Матеј
16 И му пријдоа фарисеите+ и садукеите со намера да го искушаат, па побараа од него да им покаже знак од небото.+ 2 А тој им рече: „[Кога ќе се свечери, имате обичај да речете: ‚Времето ќе биде убаво, зашто небото е црвено‘. 3 А наутро велите: ‚Денес ќе биде студено и дождливо време, зашто небото е црвено, но мрачно‘. Изгледот на небото умеете да го толкувате, а знаците на времињата не умеете да ги толкувате!]*+ 4 Зло и прељубничко поколение постојано бара знак, но нема да му се даде друг знак,+ освен знакот на Јона“.+ Тогаш си замина и ги остави.+
5 Учениците преминаа на другата страна, но заборавија да си понесат леб.+ 6 А Исус им рече: „Бидете претпазливи, пазете се од квасецот на фарисеите и садукеите“.+ 7 Затоа почнаа да се расправаат меѓу себе: „Тоа го вели затоа што не понесовме леб“. 8 А Исус, знаејќи го тоа, рече: „Зошто се расправате меѓу себе поради тоа што немате леб, маловерни?+ 9 Зарем уште не сфаќате? Не се сеќавате ли на оние пет леба на пет илјади мажи, и колку кошници собравте?+ 10 Или на оние седум леба на четири илјади мажи, и колку кошници собравте?+ 11 Како не сфаќате дека не ви зборував за леб? Туку, чувајте се од квасецот на фарисеите и садукеите“.+ 12 Тогаш сфатија дека не им рече да се чуваат од лебниот квасец, туку од учењето+ на фарисеите и садукеите.
13 Кога дојде во пределите на Цезареја Филипова, Исус ги праша своите ученици: „Што велат луѓето, кој е Синот човечки?“+ 14 Тие одговорија: „Некои велат дека си Јован Крстител,+ други дека си Илија,+ а трети дека си Еремија или еден од пророците“. 15 Тогаш ги праша: „А вие, што велите вие, кој сум јас?“+ 16 Симон Петар одговори: „Ти си Христос,*+ Синот на живиот Бог“.+ 17 Тогаш Исус му рече: „Среќен си ти, Симоне, сине Јонин, зашто телото и крвта не ти го открија тоа, туку мојот Татко кој е на небесата.+ 18 А јас тебе ти велам: ти си Петар.+ На оваа карпа*+ ќе го изградам своето собрание*‚ и портите на гробот*+ нема да го надвладеат.+ 19 Ќе ти ги дадам клучевите на царството небесно, па што и да врзеш на земјата, ќе биде одраз на она што веќе е врзано на небесата, и што и да разврзеш на земјата, ќе биде одраз на она што веќе е разврзано* на небесата“.+ 20 Тогаш строго им заповеда на учениците никому да не му кажуваат дека тој е Христос.+
21 Оттогаш Исус Христос почна да им објаснува на своите ученици дека мора да оди во Ерусалим и многу да пострада од старешините, од главните свештеници и од книжниците, и да биде убиен и на третиот ден да воскресне.+ 22 А Петар го тргна настрана и почна да го прекорува: „Биди милостив кон себе, Господару. Тоа никако нема да ти се случи тебе!“+ 23 А тој, свртувајќи го грбот, му рече на Петар: „Бегај од мене, Сатано!+ Ти си ми камен за спрепнување, зашто твоите мисли не се Божји,+ туку човечки“.
24 Тогаш Исус им рече на своите ученици: „Ако некој сака да оди по мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот маченички столб* и нека оди по мене.+ 25 Зашто, кој сака да си го спаси животот,* ќе го изгуби, а кој ќе го изгуби својот живот заради мене, ќе го најде.+ 26 Зашто, од каква корист му е на човекот ако го добие целиот свет, а го загуби животот?+ Или, што може да даде човек во замена+ за својот живот? 27 Зашто, на Синот човечки му е одредено да дојде во славата на својот Татко, со своите ангели, и тогаш ќе му врати секому според неговите дела.+ 28 Вистина, ви велам, некои од оние што стојат овде нема да вкусат смрт додека не го видат Синот човечки како доаѓа како цар“.+