1. Коринќаните
2 Затоа, кога дојдов кај вас, браќа, не се трудев да ве воодушевам со зборови+ или со мудрост додека ви ја објавував Божјата света тајна.+ 2 Всушност, решив меѓу вас да не зборувам за ништо друго освен за Исус Христос,+ и тоа прикован на столб.* 3 И дојдов кај вас слаб и исплашен и со голем трепет.+ 4 И мојот говор и моето проповедање не се темелеше на уверливи зборови на човечката мудрост, туку во покажувањето на духот и на Божјата сила,+ 5 за вашата вера да не се темели на човечката мудрост,+ туку на Божјата сила.+
6 А за мудроста зборуваме меѓу зрелите,+ но не за мудроста+ на овој свет,* ниту на владетелите на овој свет,+ кој ќе отиде во пропаст.+ 7 Напротив, зборуваме за Божјата мудрост изразена во светата тајна,+ за скриената мудрост. Бог со векови* однапред ја одреди+ таа своја намера за наша слава. 8 Таа мудрост не ја запозна+ ниту еден од владетелите на овој свет,+ зашто, да ја беа спознале, немаше да го приковаат на столб славниот Господар.*+ 9 Туку како што е напишано: „Што окото не видело и увото не чуло, и што не му дошло во срцето на човекот, тоа Бог им го подготви на оние што го сакаат“.+ 10 А нам Бог ни го откри тоа+ со својот дух,+ бидејќи духот+ истражува сѐ, дури и Божјите длабочини.+
11 Зашто, кој од луѓето знае што е во човекот, освен духот на човекот,+ кој е во него? Исто така, никој не знае што е во Бог, освен духот Божји.+ 12 А ние не го примивме духот на светот,+ туку духот кој е од Бог,+ за да го спознаеме она што Бог ни го подарил.+ 13 За тоа и зборуваме, не со зборови со кои поучува човечката мудрост,+ туку со оние со кои поучува духот,+ додека се служиме со духовни зборови+ за да ги објасниме духовните работи.
14 А телесниот* човек не го прифаќа она што е од духот Божји, зашто тоа за него е глупост, и не може да го спознае,+ бидејќи тоа се испитува на духовен начин. 15 Но духовниот човек+ правилно проценува сѐ, а него никој не може правилно да го процени.+ 16 Зашто, „кој го запознал умот на Јехова,+ па да може да го поучи за нешто?“+ А ние го имаме Христовиот ум.+