Матеј
11 Откако им даде упатства на своите дванаесет ученици, Исус замина оттаму за да поучува и да проповеда во околните градови.+
2 А Јован, кога чу во затворот+ за Христовите дела, ги испрати своите ученици 3 да го прашаат: „Ти ли си оној што треба да дојде или да чекаме некој друг?“+ 4 Исус им одговори: „Одете и кажете му на Јован што слушате и што гледате: 5 слепите гледаат,+ сакатите+ одат, лепрозните+ се очистуваат, глувите+ слушаат, мртвите+ стануваат и на сиромасите им се објавува добрата вест.+ 6 И среќен е оној што, поради мене, нема да се поколеба во верата“.*+
7 Кога тие си заминаа, Исус почна да му зборува на мноштвото за Јован: „Што излеговте да гледате во пустината?+ Трска што ја лулее ветрот?+ 8 Значи, што излеговте да видите? Човек облечен во раскошна облека? Оние што носат раскошна облека се во царските дворци.+ 9 Тогаш, зошто излеговте: за да видите пророк? Да, ви велам, и многу повеќе од пророк.+ 10 Тој е оној за кого е напишано: ‚Еве, јас го праќам пред твоето лице мојот гласник, кој ќе ти го подготви патот пред тебе‘.+ 11 Вистина, ви велам, меѓу родените од жена+ не се појавил некој поголем од Јован Крстител, но помалиот во царството+ небесно е поголем од него. 12 А од деновите на Јован Крстител до сега, луѓето со сите свои сили сакаат да се дограбат до царството небесно, и оние што се трудат со сите свои сили, успеваат во тоа.+ 13 Зашто, сите, Пророците и Законот, пророкуваа до Јован.+ 14 А, ако сакате да прифатите, тој е оној ‚Илија кој треба да дојде‘.+ 15 Кој има уши, нека слуша!+
16 Со кого да го споредам ова поколение?+ Личи на деца што седат и си играат по плоштадите, па се довикуваат едни со други:+ 17 ‚Ви свиревме на кавал, но вие не игравте. Пеевме тажачки, но вие не се удиравте в гради како да тагувате‘.+ 18 Оти, дојде Јован, кој ниту јадеше ниту пиеше,+ а сепак велат: ‚Во него има демон‘. 19 Дојде Синот човечки, кој јаде и пие,+ а сепак велат: ‚Гледај, ненаситник и пијаница, пријател на даночници и на грешници!‘+ Но мудроста ја оправдуваат нејзините дела“.+
20 Тогаш почна да ги прекорува градовите во кои се случија најмногу негови моќни дела,* бидејќи не се покајаа:+ 21 „Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо!+ Зашто, да се случеа во Тир и во Сидон моќните дела што се случија во вас, тие уште одамна ќе се покаеја во козина и пепел.+ 22 Затоа ви велам: на Тир и на Сидон ќе им биде полесно во Судниот ден+ отколку вам.+ 23 А ти, Капернауме,+ зарем ќе се возвишиш до небото? Во гробот*+ ќе паднеш!+ Зашто, да се случеа во Содом моќните дела што се случија во тебе, тој град ќе останеше до ден-денес. 24 Затоа ви велам: на содомската земја ќе ѝ биде полесно во Судниот ден отколку на овој град“.+
25 Во тоа време Исус рече: „Те славам, Татко, Господару на небото и на земјата, зашто ова си го скрил од мудрите и умните, а си им го открил на малите деца.+ 26 Да, Татко, зашто ти сакаше да биде така. 27 Мојот Татко ми предаде сѐ.+ Никој не го познава Синот толку добро како Таткото,+ и никој не го познава Таткото толку добро како Синот и како оној кому Синот сака да му го открие.+ 28 Дојдете кај мене сите вие што сте изморени и оптоварени,+ и јас ќе ве закрепнам. 29 Земете го мојот јарем+ на себе* и учете од мене,*+ зашто јас сум благ+ и со понизно срце, и ќе најдете поткрепа+ за своите души! 30 Зашто, мојот јарем е пријатен и мојот товар е лесен“.+