Филипјаните
4 Затоа, браќа мои љубени по кои копнеам, моја радост и круна,*+ сакани мои, бидете непоколебливи+ во Господарот, како што и ве упатив.
2 Еводија ја поттикнувам и Синтихија ја поттикнувам да бидат сложни во размислувањето,+ како што и им прилега на слугите на Господарот.* 3 Да, те молам и тебе, вистински другару,*+ помагај им на тие жени кои се бореа+ за добрата вест заедно со мене, и со Клемент и со останатите мои соработници,+ чии имиња+ се во книгата на животот.+
4 Секогаш радувајте се во Господарот.+ И повторно велам: радувајте се!+ 5 Вашата разумност+ нека им биде позната на сите луѓе. Господарот е близу.+ 6 Не бидете загрижени за ништо,+ туку во сѐ — со молитви и молби,*+ со благодарење — изнесете му ги своите барања на Бог.+ 7 И мирот+ Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца+ и вашиот ум преку Христос Исус.
8 На крајот, браќа, сѐ што е вистинито, сѐ што е благородно,* сѐ што е праведно, сѐ што е чисто,+ сѐ што е допадливо,* сѐ што е пофално, сѐ што е доблесно и сѐ што е достојно за фалба, за тоа размислувајте.+ 9 Она што го научивте и го прифативте и го чувте и го видовте од мене, тоа правете го,+ и Богот на мирот+ ќе биде со вас.
10 Многу се радувам во Господарот што пак почнавте да мислите на мене.+ И порано мислевте на мене, но немавте можност тоа да го покажете. 11 Не го зборувам тоа поради немаштија, зашто сум научил да бидам задоволен во секакви околности.+ 12 Знам што значи да си во немаштија,+ а знам и како е да имаш изобилство. Научив* како да бидам задоволен во сѐ, во секакви околности — и кога е човек сит и кога е гладен, и кога има изобилство и кога е во немаштија.+ 13 Сѐ можам со помош на оној што ми дава сила.+
14 Сепак, добро направивте што ја поделивте+ со мене мојата неволја.+ 15 А вие, Филипјани, знаете и дека во почетокот на објавувањето на добрата вест, кога заминав од Македонија,* ниту едно друго собрание не ми помогна, давајќи и притоа примајќи, освен вие.+ 16 Зашто, дури во Солун и првиот и вториот пат ми го испративте тоа што ми беше потребно. 17 Не барам дар,+ туку го барам плодот+ кој се впишува на ваша сметка. 18 Но сѐ имам, и тоа во изобилие. Задоволени се моите потреби откако од Епафродит+ го примив она што сте ми го испратиле — пријатен мирис,+ прифатлива жртва,+ благопријатна за Бог. 19 А мојот Бог+ со своето славно богатство+ ќе ги задоволи сите ваши потреби+ преку Христос Исус. 20 А на нашиот Бог и Татко нека му е слава во сета вечност!+ Амин.*
21 Поздравете+ го секој свет во единство+ со Христос Исус. Ве поздравуваат браќата кои се со мене. 22 Ве поздравуваат сите свети, а посебно оние од дворецот на цезарот.+
23 Незаслужената доброта на Господарот Исус Христос нека биде со вашиот дух.+