Изреки
3 Сине мој, не заборавај ги моите поуки*
и со сето срце држи се за моите заповеди,
2 зашто тоа ќе ти го продолжи животот за многу години
и ќе ти донесе мир.
3 Не дозволувај твојата љубов* и верност* да исчезнат.
Врзи си ги околу вратот,
запиши ги на плочата на своето срце.
4 Тогаш ќе им бидеш мил и на Бог и на луѓето
и ќе бидеш познат како разборит човек.
6 Во сѐ што правиш имај го на ум,
и тој ќе ги израмни твоите патеки.
7 Не мисли за себе дека си мудар.
Покажувај стравопочит кон* Јехова и бегај од злото.
10 Тогаш твоите амбари ќе бидат полни до врв,
а твоите бочви ќе се прелеваат со младо вино.
11 Сине мој, не отфрлај ги опомените* од Јехова
и не презирај го неговиот укор,
12 бидејќи Јехова ги укорува оние што ги сака,
како што таткото го укорува својот сакан син.
13 Среќен е оној што ќе најде мудрост
и оној што ќе стане прониклив.
14 Подобро е да стекнеш мудрост отколку сребро,
и да имаш мудрост вреди повеќе отколку да имаш злато.*
16 Во десната рака има долг живот,
а во левата има богатство и слава.
17 Задоволство е да се оди по нејзините патишта;
сите нејзини патеки се полни со мир.
18 Таа е дрво на животот за оние што ќе ја прифатат.
Оние што цврсто се држат за неа ќе бидат сметани за среќни.
19 Јехова со мудрост ги постави темелите на земјата
и со проникливост ги зацврсти небесата.
20 Со неговото знаење се раздвоија водните бездни
и од небесните облаци почна да паѓа ситна роса.
21 Сине мој, не заборавај го тоа.*
Зачувај ги мудроста и способноста за расудување.
22 Тие ќе значат живот за тебе
и ќе бидат прекрасен накит на твојот врат.
24 Без страв ќе си легнуваш.
Ќе легнеш и слатко ќе си заспиеш.
25 Нема да се плашиш од ненадејна несреќа,
ниту од бурата што ќе ги снајде злобните.
26 Зашто Јехова ќе биде твојата доверба;
тој нема да дозволи ногата да ти се фати во стапица.
28 Не вели му на ближниот: „Оди си и дојди утре, па ќе ти помогнам“,*
ако можеш уште сега да го сториш тоа.
29 Не смислувај како да му направиш зло на својот ближен
додека тој спокојно живее покрај тебе.
30 Не карај се непотребно со некој
што не ти направил ништо лошо.
31 Не завидувај му на насилникот
и не тргнувај по ниту еден од неговите патишта.
33 Јехова ја проколнува куќата на злобниот,
а го благословува домот на праведниот.
34 Тој им се подбива на потсмевачите,
а им покажува милост на кротките.
35 На мудрите ќе им биде укажана чест,
а глупавите се гордеат со она што донесува срам.