Матеј
1 Ова е книга за животот* на Исус Христос,* синот на Давид, синот на Авраам:
2 На Авраам му се роди Исак,
на Исак му се роди Јаков,
на Јаков му се родија Јуда и другите синови,
3 на Јуда Тамара му ги роди Фарес и Зара,
на Фарес му се роди Есром,
на Есром му се роди Арам,
4 на Арам му се роди Аминадав,
на Аминадав му се роди Насон,
на Насон му се роди Салмон,
5 на Салмон Раав му го роди Вооз,
на Вооз Рут му го роди Овид,
на Овид му се роди Јесеј,
6 на Јесеј му се роди Давид, царот.
На Давид жената на Урија му го роди Соломон,
7 на Соломон му се роди Ровоам,
на Ровоам му се роди Авија,
на Авија му се роди Аса,
8 на Аса му се роди Јосафат,
на Јосафат му се роди Јорам,
на Јорам му се роди Озија,
9 на Озија му се роди Јотам,
на Јотам му се роди Ахаз,
на Ахаз му се роди Езекија,
10 на Езекија му се роди Манасија,
на Манасија му се роди Амон,
на Амон му се роди Јосија,
11 на Јосија му се родија Јехонија и другите синови. Тие се родија во периодот кога Евреите беа протерани во Вавилон.
12 Во Вавилон, на Јехонија му се роди Салатиел,
на Салатиел му се роди Зоровавел,
13 на Зоровавел му се роди Авиуд,
на Авиуд му се роди Елијаким,
на Елијаким му се роди Азор,
14 на Азор му се роди Садок,
на Садок му се роди Ахим,
на Ахим му се роди Елиуд,
15 на Елиуд му се роди Елеазар,
на Елеазар му се роди Матан,
на Матан му се роди Јаков,
16 на Јаков му се роди Јосиф, мажот на Марија, која го роди Исус, наречен Христос.
17 Така, од Авраам до Давид беа 14 поколенија, од Давид до протерувањето во Вавилон беа 14 поколенија и од протерувањето во Вавилон до Христос беа 14 поколенија.
18 А раѓањето на Исус Христос се случи вака: додека мајка му Марија беше верена со Јосиф, пред да се венчаат, таа забремени од светиот дух.* 19 А нејзиниот вереник,* Јосиф, бидејќи беше праведен и не сакаше да ја посрамоти пред сите, имаше намера тајно да се разведе од неа.* 20 Но, откако размисли за тоа, на сон му се појави Јеховин* ангел и му рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја земеш за жена Марија,* зашто таа забремени од светиот дух. 21 Таа ќе роди син, а ти дај му го името Исус,* зашто тој ќе го спаси својот народ од неговите гревови“. 22 А сето тоа се случи за да се исполни она што Јехова го кажа преку својот пророк: 23 „Еве, девица ќе забремени и ќе роди син, и ќе му го дадат името Емануел“, кое значи: „Со нас е Бог“.
24 Тогаш Јосиф се разбуди и направи така како што му рече Јеховиниот ангел, па ја зеде Марија за жена.* 25 Но немаше сексуални односи со неа додека таа не роди син. И му го даде името Исус.