Откровение
13 И застана на морскиот песок.+
И видов како од морето+ излегува еден ѕвер,+ со десет рогови+ и седум глави.+ На неговите рогови имаше десет круни,* а на неговите глави — богохулни+ имиња. 2 Ѕверот што го видов беше како леопард,+ но нозете му беа како на мечка,+ а устата му беше како уста на лав.+ Змејот+ му ја даде на ѕверот неговата моќ и неговиот престол и голема власт.+
3 И видов дека една од главите му беше како ранета до смрт, но смртната рана+ заздраве. И целата земја со одушевување го следеше ѕверот. 4 И му се поклонија на змејот,* бидејќи тој му ја даде власта на ѕверот. Му се поклонија на ѕверот, велејќи: „Кој е како ѕверот, и кој може да се бори со него?“ 5 И му беше дадена уста која кажуваше големи зборови+ и богохулства,+ и му беше дадена власт да дејствува четириесет и два месеци.+ 6 И ја отвори устата за да хули на Бог,+ да хули на неговото име и на неговото живеалиште — на оние што живеат на небото.+ 7 И му беше дадено+ да војува со светите и да ги победи.+ И му беше дадена власт над секое племе и народ и јазик и народност. 8 И ќе му се поклонат сите што живеат на земјата. Од настанувањето на светот+ името на ниту еден од нив не стои запишано во свитокот на животот+ на Јагнето, кое беше заклано.+
9 Ако некој има уво, нека чуе!+ 10 Ако некој е одреден за заробеништво, ќе отиде во заробеништво.+ Ако некој убие со меч, ќе биде убиен со меч.+ Тоа од светите+ бара истрајност+ и вера.+
11 И видов еден друг ѕвер+ како излегува од земјата.+ Имаше два рога како јагне, но прозборе како змеј.+ 12 И ја спроведе сета власт на првиот ѕвер+ пред негови очи. И ја натера земјата и оние што живеат на неа да му се поклонуваат на првиот ѕвер, чија смртна рана беше излечена.+ 13 И правеше големи чуда,+ дури оган од небото пушташе на земјата пред очите на луѓето.
14 И ги заведуваше оние што живеат на земјата преку чудата што му беа дадени да ги прави пред очите на ѕверот, и на оние што живеат на земјата им велеше да направат кип+ на ѕверот кој ја имаше раната+ од меч, но преживеа. 15 И му беше дадено да му вдахне живот на кипот на ѕверот, за да може кипот на ѕверот да зборува и да направи да бидат убиени сите оние што не му се поклонуваат на кипот+ на ѕверот.
16 И ги присилуваше сите луѓе,+ малите и големите, богатите и сиромасите, слободните и робовите, да примат жиг на десната рака или на челото,+ 17 и никој да не може ниту да купува ниту да продава, освен оној што го има жигот — името+ на ѕверот или бројот на неговото име.+ 18 За ова е потребна мудрост: кој е разумен, нека го пресмета бројот на ѕверот, зашто тоа е број на човек,+ а неговиот број е шестотини шеесет и шест.+