2. Тимотеј
4 Те заколнувам пред Бог и пред Христос Исус, кој е одреден да им суди+ на живите и на мртвите,+ те заколнувам со неговото појавување+ и неговото царство:+ 2 проповедај ја Божјата реч+ и прави го тоа со чувство на итност* — во поволно време+ и во тешко време+ — укорувај,+ прекорувај, опоменувај, а притоа биди многу стрплив+ и вешт во поучувањето. 3 Зашто, ќе дојде време кога луѓето нема да го поднесуваат здравото учење,+ туку, според своите желби, ќе си насоберат учители, кои ќе им го зборуваат она што им годи на ушите.+ 4 И ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон измислени прикаски.+ 5 А ти биди трезвен+ во сѐ, трпи зло,+ проповедај ја добрата вест,*+ потполно изврши ја својата служба.+
6 Зашто, јас веќе се излевам како жртва налевница+ и се приближи времето на моето ослободување.+ 7 Добро се борев,+ трката ја истрчав до крај,+ верата ја зачував.+ 8 Отсега за мене се чува венецот* на праведноста,+ со кој Господарот,* праведниот судија,+ ќе ме награди+ во оној ден+ — и не само мене туку и сите што желно го чекаат да се појави.
9 Стори сѐ што можеш за да дојдеш што поскоро кај мене.+ 10 Зашто, Димас+ ме остави, бидејќи го засака сегашниов свет*+ и отиде во Солун. Крискент отиде во Галатија,+ а Тит во Далмација. 11 Само Лука е со мене. Земи го Марко и доведи го со себе, зашто ми е корисен+ за службата. 12 А Тихик+ го испратив во Ефес. 13 Кога ќе дојдеш, донеси ја наметката што ја оставив во Троада+ кај Карп, а донеси ги и свитоците, особено пергаментите.
14 Александар+ ковачот ми нанесе многу зла. Јехова ќе му плати според неговите дела.+ 15 И ти чувај се од него бидејќи жестоко се противеше на нашите зборови.
16 При мојата прва одбрана никој не дојде да ми даде поддршка, туку сите ме оставија+ — нека не им се смета за вина+ — 17 но Господарот застана покрај мене+ и ме зајакна,+ за преку мене да се изврши потполно проповедањето на добрата вест и да ја чујат сите народи.+ И бев избавен од устата на лавовите.+ 18 Господарот ќе ме избави од секакво зло+ и ќе ме спаси за своето небесно царство.+ Нему нека му е славата во сета вечност! Амин.*
19 Поздрави ги Приска и Акила+ и домот на Онисифор.+
20 Ераст+ остана во Коринт,+ а Трофим+ го оставив болен во Милет.+ 21 Стори сѐ што можеш да дојдеш пред зимата.
Те поздравува Еувул, а и Пуден, и Лин, и Клаудија, и сите браќа.
22 Господарот нека биде со твојот дух.+ Неговата незаслужена доброта нека биде со вас.